Youtube помош

HustlerTV

Нов член
Зачленет/а
22 декември 2019
Мислења
1
Реакции
0
Поздрав екипа, имам потреба од помош од некој поискусен. Се надевам дека некој ќе ми излезе во пресрет за помош. (Другарми ми го препорача овај форум, и ми кажа дека навистина има одлични експерти)

Имам YT канал, каде видеата се со fail compilation, па поради Х причини мојот акаунт не можам повеќе да го монетизирам ниту преку гугл адс, ниту со помош на партнер...
Немам искуство воопшто, па не сакам само така да ги избришам видеата и да започнам од почеток бидејќи би го забетонирал каналот а незнам дали и притоа би имал проблем... Сакам да ги ставам видеата приватно, и да почнам да снимам со цел во иднина да ме прифатат бидејќи имам 30к subscribes... Некој да има некое искуство, ве молам за помош...
 

Conan

Член
Зачленет/а
30 јануари 2013
Мислења
81
Реакции
37
Мора да бидеш отворен кога станува збор 'зошто не можеш да го монетизираш Јутјуб каналот'.

Која е причината?
Кршење на авторски права, си собирал видеа од лево-десно и си креирал свои видеа, или нешто трето...?

Ако од Јутјуб "те фатиле на заб", тешко дека во иднина ќе можеш да го монетизираш каналот.

Бришење на видеата / повлекување како приватни видеа?
Тешко дека би имало ефект, а може и: да ти биде затворен каналот, или претплатниците да почнат да те напуштаат.

Решение?
Можеш да се обидеш со афилиејт програми.
На пример: промоција на некои интересни работи / производи што можат да се видат во соодветното видео.
Линк до производите ставаш во описот на видеата.

Горенаведеното е само мое размислување.
Каналот е твој, па терај како што ти вели паметот.
 
Последна промена:

Martinovski

Администратор
Зачленет/а
21 декември 2011
Мислења
154
Реакции
32
Помина времето кога можеше да монетизираш се' и сешто. Јутјуб сега бара оригинален и уникатен контент. Причината поради која си бил одбиен е најверојатно 'Reused Content'. Значи како што рече каналот ти е со компилации = reused content и нема да можеш да си ја вратиш монетизацијата со тој контент.
 
На врв Дно