Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Upwork (поранешно odesk)

Дискусија во форумот 'Freelancer' започната од DarkoG, 17 Февруари 2013.

Tags:
  1. DarkoG

    DarkoG Член

    Зачленет:
    4 Ноември 2012
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    1
    Здраво, почнав да работам на оДеск, се вработив на проект на кој може да работам до 40 саати и завршам. Се работи за веб дизајн(веб страна и форум). Е сега како да работам по часови да ми дадете некој совет и слично, затоа што сум нов на оДеск и не сум искусен со оДеск. Поздрав и фала.
     
  2. Колман

    Колман Активен член

    Зачленет:
    5 Мај 2012
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    100
    Кога ке работиш ке се фокусираш на работата. Значи нема фезјбук, мсн, форуми...само работиш. Или глеј да изгледа како да работиш.
    Се инсталира одекс апликација во твојот компјутер, и на рандом време прави скриншот и ги испраќа. Е сеа ако те фати како глеаш порно или си на фб, мислам дека има право да не ти плати.
     
  3. DarkoG

    DarkoG Член

    Зачленет:
    4 Ноември 2012
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    1
    значи може да направиш и некоја манипулација со програмот да го оставиш да слика како работиш и слично :)
     
  4. spancevski

    spancevski Нов член

    Зачленет:
    3 Октомври 2012
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    4
    Кои вештини треба да ги имаш за да работиш на oDesk?
     
  5. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Па кои било. Само да знаеш. Можам да ти препорачам уште еден каде јас работам, исто е фриленсинг сајтот а тоа е :
    Код:
    freelancer.com
    Работата е што freelancer е полиберален и да си почетник и условите се не толку захтевни и шанса да бидеш награден за проект се така поголеми, зашто на oDesk бараат и портфолио и позахтевни се во однос на новајлии. :)
     
  6. spancevski

    spancevski Нов член

    Зачленет:
    3 Октомври 2012
    Мислења:
    46
    Допаѓања:
    4
    Ти пишав ПП :)
    --- Надополнето, 4 Април 2013, Дата на објавување: 4 Април 2013 ---
    Ако може малку помош..сакам да аплицирам за работа на oDesk.. дојдов до Upfront Payment и Cover Letter и не ми е јасно шо треба да напишам таму :?
     
  7. kalco

    kalco Член

    Зачленет:
    28 Август 2013
    Мислења:
    64
    Допаѓања:
    19
    Професија:
    Experienced Web Developer
    Upfront Payment Остај го празно, тоа ти служи ако сакаш да му дадеш попуст на клиентот.
    Cover Letter внесуваш мотивациско писмо, зашто баш тебе да те одбере
     
  8. nikola8

    nikola8 Член

    Зачленет:
    3 Март 2014
    Мислења:
    35
    Допаѓања:
    18
    Професија:
    Marketeer
    mislam deka upfront payment e isplata odnapred :)
     
  9. Ljupced

    Ljupced Нов член

    Зачленет:
    29 Мај 2013
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ако некој поискусен за оДеск знае да одговори како се вадат пари преку оваа веб-страна? Дали стандард преку ПејПал (словенски) или има и друга опција (можеби поедноставна)? Ви благодарам.
     
  10. Artweb

    Artweb Член

    Зачленет:
    12 Февруари 2013
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    18
    Moже преку пејпал словенски или регистриран преку друга земја која нема забрана за повлекување, преку скрил и пејонир и дирекно на банкарска сметка. Пејонир е најсиплатлива опција за повлекување пари.
     
  11. Ljupced

    Ljupced Нов член

    Зачленет:
    29 Мај 2013
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пејонир опцијата ми е нова, ќе треба да ја проучам. Ти благодарам на брзиот одговор.
     
  12. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    287
    Допаѓања:
    93
    Професија:
    3D Modeling
    А дали е можно на пример јас да сум регистриран на еден профил, но да се најавам од друг компјутер и од таму да ја работам истата работа, дали е тоа дозволено? Односно дали е можно да се инсталира таа програмата што е за screenshots и на друго ИП? Фала.
     
  13. Professor

    Professor VIP

    Зачленет:
    10 Февруари 2014
    Мислења:
    58
    Допаѓања:
    30
    Може, ќе се логираш со твојот профил и ќе си работиш без проблем.
     
    На dreamer му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    287
    Допаѓања:
    93
    Професија:
    3D Modeling
    Игра ли голема улога cover letter? Имам одлично портфолио, ниска цена од 5$..? Колку време и колку апликации сте пратили додека да ја добиете првата работа, онака колку за информација? :D
     
  15. Stevco

    Stevco Нов член

    Зачленет:
    4 Ноември 2013
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    2
    Поставив вакво прашање во форумот на тема SKRILL, но бидејки се однесува и за oDesk ќе го пишам и тука:

    Бидејки сега е актуелно плаќањево на персонален данок го имам следново прашање:
    Дали некој кој работел на фриленс сервисите Odesk/elance па испратил пари на Skrill па потоа ги префрлил на девизна сметка во наша банка треба да плати данок. Доколку треба да се плати данок на кој основ се плаќа данок и каков документ треба да се приложи со УЈП.
    Го прашував сметковотителот, претхосно сум прашал и во Тутнска каде што ги примав средстава.. чиатав и по нет и се е некако конфузно, би било добро ако некој може да ја разјасни дилемата :)

    Стевчо.
     
    На tool му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Artweb

    Artweb Член

    Зачленет:
    12 Февруари 2013
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    18
    Не се сеќавам колку апликации имав пратено, мислам дека 5-6, и од прва добив работа. Најверојатно тоа беше повеќе на среќа, не нерувам дека често тоа се случува.
    Ниска цена што си ставил може лошо да ти се одрази. Имај на ум дека квалитетните клиенти баш не ги сакаат фриленсерите кои работат за многу ниска цена, како индијците на пример. ;)
     
    На Donez и dreamer им се допаѓа ова.
  17. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Подобро стави повисока цена... пошто кога одеш да купеш патики, не ги гледаш тие од 300 денара, туку од 1300 па нагоре :)
    Иначе, cover letter е многу битна работа и со тоа можеш да го придобиеш клиентот да работи со тебе. Погуглај, гледај некое видео на ЈуТуб за како да напишеш добро мотивационо писмо и земи работи нешто :D
     
    На stefan_v и dreamer им се допаѓа ова.

Сподели: