Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Туторијали за програмирање

Дискусија во форумот 'Е-книги и туторијали' започната од makedon4e, 4 Јули 2012.

  1. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Би сакал овде да споделам неколку сајтови со вас на кои има добри туторијали за тоа како од никакво познавање би можеле да научите некој софтверски јазик.

    http://homeandlearn.co.uk/ - На овој сајт ќе можете да ги научите основните програми од Microsoft Office пакетот, како што се Word, Excel и PowerPoint, но исто така ќе можете да навлезете и во програмирањето со следење на туторијалите за изработка на веб страни во хтмл и во php, да научите VisualBasic и Јава.

    Страната нуди навистина добри туторијали, поткрепени со примери, објаснувања за тоа кои сите програми ќе ви бидат потребни за да ги следите вежбите, слики за подобро да се снајдите и сл.

    http://www.codecademy.com/ - на оваа страна во моментов можете да научите за html и css, но и за javascript и jQuery кои во моментов се доста популарни при изработка на интерактивни апликации за веб страни

    Страната нуди голем број на часови кои ви ги следите, има и помош доколку нешто не знаете. Сите работи се учат постапно, за секоја правилно изработена вежба добивате поени и освојувате награди.
    Убаво е што на крајот од неколку часа има вежби, односно практична примена на наученото, за да се види дали се е добро сфатено и како наученото би можело да се примени во праксата.

    Од страната најавуваат дека ќе додадат и други два јазици, односно Pythhon и Rubi.

    Она што тука недостасува се туторијали за C++ и за кодирање на мобилни апликации (нешто што може да биде интересно и доста исплатливо).
    Исто, би сакал доколу некој стави добар туторијал за поврзување на PHP и MySQL база со користење на prepared statements, или нешто повеќе околу заштитата на оваа врска.

    Слободно постирајте и други сајтови од кои би можеле слободно да научиме некој програмски јазик, па потоа да го искористиме за заработка. ;)
     
  2. besy

    besy Истакнат член

    Зачленет:
    7 Јануари 2012
    Мислења:
    312
    Допаѓања:
    121
    Најдобар сајт за туторијали за програмирање (C,C++,C#,javascript,) е http://tutoriali.org
    Има туторијали за:

    Код:
     3D Grafika
    · AJAX / JavaScript
    · Audio Video
    · Baze podataka
    · BSD
    · C / C++ / C#
    · Cracking
    · Delphi
    · Digitalna Fotografija
    · DirectX
    · DOS
    · E-Poslovanje i telekomunikacija
    · Flash
    · Grafika
    · Hacking and Security
    · Hardware
    · HTML i CSS
    · Internet
    · Java
    · Linux
    · Matlab
    · Mikroprocesorska elektronika
    · Mreze i Umrezavanje
    · Office
    · OpenGL
    · Pascal
    · PHP
    · Programiranje
    · Python
    · Razno
    · Security Coding
    · Server
    · SQL
    · Tutoriali by m4rk0
    · Visual Basic
    · Web Aplikacije
    · Web Dizajn
    · Windows
    · XML
    · Zastita
     
    На NickFury му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Еј, фала на двајцата ... нешто пробував да учам од W3Schools за javascript и jquery ама не ми идеше :D
     
  4. POWER

    POWER Активен член

    Зачленет:
    31 Декември 2011
    Мислења:
    438
    Допаѓања:
    48
    Професија:
    Web developer
    На makedon4e и kon им се допаѓа ова.
  5. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Навистина одличен канал на Youtube. Не само што има за PHP видов дека има и за Јава. Супер!
    Ми се допаѓа и начинот на којшто ги објаснува работите, се надевам дека ќе можам да си ги проширам знаењата.

    Единствено што не ми се допаѓа е тоа што не користи prepared statements при комуникацијата со MySQL базата.
    Не сум 100% сигурен, но само тогаш може да се спречи MySQL injection, нешто што е многу битно при креирање на систем со корисници.
    Поправете ме ако грешам и ако знаете некои други туторијали и тоа најмногу за PHP кои ги користат овие „понапредни“ техники во овој јазик пишете.
     
  6. Bojan

    Bojan Член

    Зачленет:
    9 Март 2012
    Мислења:
    79
    Допаѓања:
    43
    Само еден youtube канал ви е потребен, TheNewBoston , Bucky is the man.


     
    На Bubo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kolev

    Kolev Нов член

    Зачленет:
    18 Октомври 2013
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    Еве неколку сајтови кои нудат курсеви од светски познати универзитети и предавачи.
    www.coursera.org - Универзитетски курсеви, најмногу на тема за програмирање
    www.udacity.com - Курсеви од познати и успешни луѓе во своите области
     

Сподели: