Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Stripe atlas и алтернативи

Дискусија во форумот 'Различни методи на заработка' започната од Donez, 16 Декември 2019.

Tags:
  1. Donez

    Donez Нов член

    Зачленет:
    27 Март 2015
    Мислења:
    14
    Допаѓања:
    8
    Здраво!

    Иако го следам форумот повремено, сеуште не видов некој да постира нешто за Stripe Atlas (или алтернативи) и искуство со отварање на Амерички Дооел. Доколку некој не знае за што се збори, линк: https://stripe.com/atlas

    После долги години hustling и барање дупки у системот, страв од бан на ПП, и дефинитивно губење надеж дека PayPal Business ќе дојде во МК, сериозно размислувам да отворам LLC (кај нас, ДООЕЛ) во Delaware преку ATLAS услугата на Stripe.

    Главниот бенефит е што со отварање на таа компанија, имам/те олеснет влез во Америчкиот пазар и истата планирам да ја користам за повеќе проекти. Но секако, Stripe и PayPal Merchant легит акаунтите ми се главна цел, бидејќи сум во ситуација кога треба да направам scale и не би да зависам од другарчиња од xy земји.

    Услугата ја нудат за создавање на фирмата со сите салтанати чини 500 УСД, али како што читам може да стигне и до 800 УСД со додатни трошоци. Најдов алтернатива како https://www.northwestregisteredagent.com/delaware-LLC.html што почнува од 320 УСД - но е без додатоците од Атлас.

    Знам дека има и опција за Велика Британија, 300-500 УСД, но таму данокот е 19% и не е со ограничена одговорност.
    Некој друг со алтернативи?

    Во однос на даноци, LLC во Delaware не е обврзан да плаќа данок во САД на приход, туку паушал од 200-300 долари годишно. Тоа е под услов сопственикот да не е присутен во САД и да нема адреса во САД. Што значи ке нема двојно оданочување кај нас, т.е само нашиот данок на приход ке треба да се плати. Секако, последново треба да се провери со сметководител кај нас.

    Во однос со стресови, ИРС не ги тангира овие фирми бидејќи не се даночни обврзници - и затварање на фирмата чини 200 усд + да е платен паушалот.

    Прашањето е, дали некој има искуство со Stripe Atlas или сличен сервис и искуство со истите? Може и преку ПП.

    (ако темата не е во соодветен форум, ќе ја преместам.)
     
  2. Ace

    Ace VIP

    Зачленет:
    11 Март 2014
    Мислења:
    32
    Допаѓања:
    17
    Ја разгледував опцијава и јас денес но не знам детали. Генерално мислам дека вреди еднократната цена (500$) доколку добиеш US Bank Account i PayPal, така што нема да се замараш со процесот на плаќање. Околу данокот и мене не ми е комплетно јасно но изгледа дека тоа е некој паушал 300$, што и не е некоја сума доколку развиеш добар бизнис. Околу LLC , тоа е фирма со ограничена одговорност, што значи доколку има некој проблем со производот (опасност по живот, повреда, незгода итн..) и дојде до тужби, како физичко лице си заштитен и немаш никаква одговорност. Во најлош случај може да одземат само тоа што е регистриано на фирмата.

    Овие две работи не ми се јасни (најверојатно има два типа на данок).
    • Corporate tax preparation—packages start at $250 per year
    • Delaware tax filing—preparation is free, Delaware fee starts at $225
    Плус имаше доплата за Агент (100$ годишно), во пракса лице кое те застапува и прима официјални мејлови и останати правни работи кои стигаат до фирмата и те информира за истите.

    Јас им оставив контакт маил, за да го искористам нивниот бесплатен водич за креирање на Stripe Atlas, па ќе видиме колку ќе биде од корист.

    Инаку како опција може да биде и Бугарија (отварање фирма со лична карта). Со тоа што ќе имаш пристап до Raiffeisen Bank Account и PayPal секако. Мислам дека трошоците се одприлика исти (вклучувајќи одење до таму), но не знам како е за даноци, книговодство итн...Може да развиеме дискусија и чисто да направиме споредба и искуства за истово. Времето си лета а ние уште чекаме во МК да се средат работите :D
     

Сподели: