Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Совети за содржината на забавни веб портали и магазини

Дискусија во форумот 'Содржина' започната од tool, 10 Ноември 2011.

  1. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    1.Креативен наслов и привлечна слика.
    Насловот и сликата се првите работи што читателот ги приметува. Тие одлучуваат дали тој ќе ја прочита статијата или не.
    Насловот секогаш треба да ја опишува статијата, но никогаш да не ја „октрива“.
    Можете да користите мали трикови со малку „лажење“. Ако веста е дека PayPal е можно да ја потврди Македонија, во насловот може да гласи „PayPal достапен и во Македонија“ - ова не е лага, информациите (или шпекулациите) гласат дека пајпал ќе биде достапен и во Македонија.
    Не е препорачливо да се обраќате на читателот во насловите, па дури и во статиите. Пример: Што се случи со Обама вчера? Погледнете сами/Дознајте сами/ Погледнете што се случи со Обама...
    Никогаш не ставајте смајлиња или други знаци ако не се потребни. Смајлињата доликуваат на несериозност, па дури и кога се работи за хумористична статија или видео/шега. Знаците како *^~ никогаш не ги пишувајте, освен кога тие се дел од име.
    Пишувајте го насловот со точни интерпукциски знаци и граматички правила. Не користете повеќе извичници или прашалници на крајот од насловот за да привлечете повеќе внимание.
    Сликата, исто како и насловот треба да ја опишува статијата, но не и да ја открива. Ако е потребно, заматете или покријте го делот што мислите дека ја открива статијата.
    Секогаш користите слики со слични бои. Кога се измешани секакви бои во една слика, сликата привлекува внимание, но не позитивно. А таквите слики најчесто алудираат на несериозност.
    Доколку се работи за вест како „PayPal достапен и во Македонија“, сликата не е препорачиво да биде логото од PP. Можете да поставите монитор на кој ја има страната на PayPal и некаде на неа македонското знаме.
    2.Содржина и структура на статијата.
    Сите ја користат, а и препорачливо е да се користи Пирамида структурата. Почнувате од најважните/најинтересните кратки факти па се „спуштате“ кон помалку важните.
    Водете се според петте прашални зборови: Кој, Што, Каде, Кога, Зошто, Како - не мора во овој редослед. Запомнете на прашањето Зошто да не одговарате со ваше лично мислење.
    Секогаш бидете објективни. Мислењата во вестите ни малку не се препорачливи, иако ова правило никој од нашите медиуми не го почитува. Вашето мислење можете да го додадете на крајот од веста, но јасно да нагласите дека тоа е само ваше мислење.
    Користете што е можно повеќе цитати од професионалци или интервјуирани луѓе за да ги поткрепите фактите или вестите во статијата.
    Делете ги статиите во параграфи. Препораливо е по две до три реченици во еден параграф.
    Бидете кратки и блиску до наслвот. Никогаш не избегнувајте од темата. Текстот треба да биде краток - но со многу информации. Не е пожелно да се користат непотребни зборови или повеќе придавки само за да се зголеми текстот.
    Користете публицистички стил, професионален речник - но не користете зборови што пошироката јавност не би ги разбрала.
    Најбитното, што мислам дека 90% од .мк порталите не го „фермаат“ е да не преведувате или копирате статии од други портали. И доколку би копирале, обавезно наведете извор од каде сте го копирале тоа.


    Пишете и вие ако имате совети. Не е добра сликата што ја прават .мк порталите. Кој од кој копира, кој од кого преведува, кој користи по 2-3 смајлиња во наслови...
     
    На Master му/ѝ се допаѓа ова.
  2. томче

    томче дизајнерче

    Зачленет:
    8 Септември 2011
    Мислења:
    391
    Допаѓања:
    22
    Професија:
    ништо
    Скоро и никој наш портал да не се води по овие непишани правила
    почнувајќи од насловот па сликите, па правилно форматирање на текстот, а па да не зборам за цитати од кај ги извлекле информациите, туку функционира преводот (најчесто translate.google.com) демек имале новинар директно на настанот! а па печатни грешки, нема портал кој ги нема (демек по 50стати дневно постават па немаат време да ја прочитат и поправат грешките)

    А па уште потрагично е останатите портали еден од друг копираат и сосе грешки и се


    Би додал сликите за сликите, доста портали не се трудат ни убаво да ги средат, дури и на погрешно место(во погрешен параграф) ги ставаат, дури и не се трудат ни да ги центрираат мање/више :shocked:
     
    На Master и Toni st им се допаѓа ова.
  3. Liarman

    Liarman Нов член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    10
    Допаѓања:
    2
    Нашиве сеуште не се развиени до тој степен да направат успешен портал, барем не повеќето. Почнувајќи како што кажавте од копирањето од други, цел куп печатни грешки, па дури не се ни трудат да пишуваат на литературен јазик кој е разбирлив за сите, туку си пишуваат на својот локален дијалект. Од сегде никнуваат некои нови, кои не се ништо поразлично од останатите. Нудат иста содржина, имаат мизерен дизајн што релузтира со краток рок на траење.
     
    На Master и Toni st им се допаѓа ова.
  4. Toni st

    Toni st Нов член

    Зачленет:
    19 Ноември 2012
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    0
    Повеќето од порталите се трудат да имаат што повеќе објави во денот, што е многу непрофесионално... И јас имам портал, не го кријам тоа, но мислам дека се придржувам до некои непишани правила за добро да изгледа една објава, секогаш е средена и сликата и параграфите...

    Некој совет или критика за порталот се добредојдени... Ви благодарам.
     

Сподели: