Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Совет за веб страна

Дискусија во форумот 'Веб страни' започната од asus, 27 Декември 2015.

  1. asus

    asus Член

    Зачленет:
    22 Октомври 2013
    Мислења:
    45
    Допаѓања:
    20
    Здраво пријатели да ве прашам за совет www.tvitovi.com е моја страна има 3-4000 посетители дневно за многу кратко време а ако се разработи добро верувм дека ке има мн повеќе е сега прашувам дали ке се исплати да ја работиме ако ставиме текст за да ставиме адсенсе на неа колкава би била заработувачката од неа например од 5000 дневни посети и дали би можел да ја монтензирам со нешто друго освен адсенсе со оглед на тоа дека сите посети ми се од Македонија.
     
    На bazhee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bazhee

    bazhee Активен член

    Зачленет:
    11 Ноември 2013
    Мислења:
    119
    Допаѓања:
    31
    Нема потенцијал од адсенс со МКД traffic. Сепак можеш да пробаш Affiliate програм од некои од македонскиве компании што имаат такво нешто :)
     
    На Antonio_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. asus

    asus Член

    Зачленет:
    22 Октомври 2013
    Мислења:
    45
    Допаѓања:
    20
    Немам сретнато такви да предложиш некои и што би било најдобро да се монтензира бидејки посетителите се 70% жени и претежно млади:)
     
  4. bazhee

    bazhee Активен член

    Зачленет:
    11 Ноември 2013
    Мислења:
    119
    Допаѓања:
    31
    Немаш сретнато такви? :D Пријателче мозокот надвор од кутијата извади го испери го и врати го :D
    AVON, ORIFLAME, HERBALIFE,.... шминка, облека, накит, тавчиња, миксери, мебел.. :)
     
    На asus му/ѝ се допаѓа ова.
  5. asus

    asus Член

    Зачленет:
    22 Октомври 2013
    Мислења:
    45
    Допаѓања:
    20
    Се немам никогаш занимавано со македонски трафик него најважното прашање од се ми беше дали би вредело да се вложи време во ова дали ке има профит а не дека нема да се најде ако се работи :D
     
  6. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    392
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Би имало профит ако оваа страна стане бренд како кајгана, мотика и такви страни. Тие месечно прават сигурно над 50 000 евра :)
     
    На Antonio_ и asus им се допаѓа ова.
  7. bazhee

    bazhee Активен член

    Зачленет:
    11 Ноември 2013
    Мислења:
    119
    Допаѓања:
    31
    Па и не сум сигурен баш за сумава што ја кажа ама мора да се знае едно.
    За да стане бренд треба една многу клучна работа. ВРЕМЕ. Доколку страната стане бренд за многу кратко време, тоа значи дека е сензација и за брзо ќе стане заборавена. Ретко има исклучоци. Знаеш и сам. Кајгана, мотика... Овие имаат зачетоци уште од далечната 2005-та година :)
     
  8. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    392
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Тоа зависи од сопственикот, маркетингот и начинот на кој ја водат страната :) Според мене и не е така тешко да се направи БРЕНД за македонски пазар (зборам за страна како МОТИКА). Јас им имам пратено на мотика преку 50 видеа кој имат преку 500-600 шерови на фејсбук :) Ти треба само добар маркетинг, мал капитал за инвестирање во Фејсбук-Адови и добар дизајн :)
     
    На asus му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zerosec

    Zerosec Член

    Зачленет:
    3 Февруари 2015
    Мислења:
    60
    Допаѓања:
    19
    Професија:
    CEO
    Друже, што и да правиш немој да слушаш никого сите ти одговараат негативно и те демотивираат... Зацртај си цели, и оствари ги! Пошто нели сите сме родени со знаење и се знаеме.... Упс чекај, сите учиме од своите грешки и само неуспешните луѓе мислат дека знаат се ;) ...
     
  10. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    392
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    За демотивирањето во ред што кажа, ама за се друго ако не прашаш нема да знаеш! Подобро да прашаш и да се упатиш по правиот пат, неголи да патуваш во спротивна насока :)
     
  11. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    За македонски посетители не би ставал реклами (успат ѕирни Keeyaneye.mk ако сакаш реклами)
    Подобро продавај продукти. Направи договор со некоја фирма што печати маички, шолчиња и слично и продавај ги. Продавај маички со натписите од најдобрите твитови. Кради амерички финти за дизајн на шолче и продавај го. Дури и не мора договор да правиш за да не ти зимаат многу провизија или профит фирмата. Ако си сигурен дека би се продала маичката или шолјата, купи 20тина наеднаш и после продавај ги за поскапа цена
     
    На asus и Ilishev им се допаѓа ова.
  12. asus

    asus Член

    Зачленет:
    22 Октомври 2013
    Мислења:
    45
    Допаѓања:
    20
    Работата е дека имам многу други проекти и затоа сакав да видам дали ке се исплати со реклами некои со Адсенсе или такво нешто пошто и не ми се троши многу време незнам дали ке се исплати да се работи иначе мислам дека да се продаваат маички или шолји највеќе ке се исплата фала на сите за советите.
     

Сподели: