Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Совет за студирање

Дискусија во форумот 'Кафе Муабет' започната од NickFury, 8 Август 2012.

  1. NickFury

    NickFury Нов член

    Зачленет:
    3 Декември 2011
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    4
    Луѓе,незнам на што факултет да се запишам.
    Во близина се уписите а јас уште неам одлучено на што и каде да одам, у голема дилема сум у пм. :mad:
    Се мислам помеѓу ФИНКИ во Скопје, смер примена на е-технологии и англиски т.е филолошки.Инаку средно електро со 4 завшрив.

    Е сеа знам дека финки е далеку по перспективен,но и многу по тежок, доколку би се запишал таму би дадил се од себе и би бил сериозен,но ме кочи мислата дека и да учам многу и да го завршам со маки,знам дека после сигурно нема да најдам “одма“ работа како што велат.И да би нашол би зимал околу 500-700 евра плата, звучат доста пари за во МК, но мене не ми решаваат многу.Зборам вака поради тоа што не ми е баш добра финанскиската положба.

    Исто така ,длабоко сум убеден и уверен дека во интернет маркетингот лежат дебели пари, сакам да навлегувам се подлабоко и подлабоко во него, но не би можел да го правам тоа доколку учам на финки,пошто едноставно мислам дека ќе немам доволно време за двете работи.
    Од друга страна па, пошто англискиот го знам доста солидно, доколку се запишам на англиски, мислам дека би немал воопшто тешкотии во врска со учењето и би можел многу повеќе да “инвестирам“ време и упорност во ИМ. Плус ќе го усовшрам англискиот и учењето ИМ ќе ми биде уште полесно. И заборавив да кажам дека планирам после (по можност) 1година или 2ра да одам во Америка и да печалам пошо немам друг излез.

    Брат ми е веќе таму 2 пат,и за 4 месеци колку што му трае визата,тој заработува колку што тука би работел како банкар цела година.Напоменав банкар поради тоа што тој има економски факултет и скоро 2 години се мачи да најде работа тука во Македонија, а и не само тој,туку и половина од неговите колеги.Многу се разочарани. Исто и мајка ми како останатите,со диплома од факс си седи дома невработена. Затоа не е се до факултетот, на многу му е јасно тоа.Нормално и што факултет е во прашање. И не планирам и јас да се кинам од учење,да губам време,пари и вид за да се полнам со фрустрации отпосле.
    Татко ми вели дека ова ми се само изговори пошто мисле дека не ми се уче,и строго ме тера да се запишам на ФИНКИ.

    Стварно незнам што да правам, затоа сакам да слушнам повеќе мислења пред да се одлучам што и како. Што мислете според вас, која е најдобра варијанта? Искрени мислења и совети ве молам.

    Фала многу однапред :)
     
  2. arso

    arso Активен член

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    46
    Мој совет да одиш ФИНКИ, може ќе се помачиш во тек на студирањето но за добар програмер ( доколку би одбрал тој смер) секогаш има работа, не треба некој друг да ти ја даде во Македонија во некоа фирма, на интернетов има премногу проекти и места за заработка за програмери, ќе бидеш способен секоја идеја да си ја реализираш сам, нема да имаш потреба да зависиш од никого.
    Со англиски може на краток период ти ќе имаш повеќе успех, успех мислам додека студираш и би имал повеќе слободно време и би дошол до поголема заработка на интернет но што потоа ?
    Иначе не знам дали ќе имаш толку време слободно на филолошки, имам другарка им даваат цело време да читаат романи, книги по 500-600 страни ....

    Твој избор, размисли убаво, јас знам за мене доколку би требало да избирам повторно, со сигурност би се посветил на програмирање.
     
    На kiko и NickFury им се допаѓа ова.
  3. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    тотално се слагам со мислењето на arso.
    ФИНКИ обавезно!
    јест дека ќе ти биде тежок факултетот, ама ајде размисли малце..
    човек со завршен економски факултет,
    човек со завршен филолошки факултет,
    човек со завршен електро факултет...
    кој има најголема перспектива за во иднина?

    јас тврдам дека последниот е тој кој ќе има најдобра перспектива.

    ако се запишеш на англиски, можеби ќе имаш повеќе време на располагање за да се посветиш на интернет маркетинг, ама ќе треба да пратиш цело време што се случува, зошто играта постојано се менува.

    мој совет..
    запиши се на ФИНКИ и одбери уште од сега еден програмски јазик во кој кје се специјализираш.
    пр. JAVA (за JAVA девелопери одсекогаш имало и мислам дека секогаш ќе има побарувачка и кај нас во државава и секаде по светов)
    бидејќи си уште млад, имаш време да станеш експерт. имам некаде прочитано дека за да станеш експерт, треба да имаш искуство од околу 10.000 часови во тоа што го работиш.
    така да, ако седнеш уште од сега, по 3-4 саати на ден да работиш JAVA (пример) за околу 6 години ќе си експерт и никој нема да може да ти го оспори тоа.
    сметам дека програмските јазици се универзални јазици кои ги прифаќа цел свет и ќе ти се подотворат голем број врати во иднина.
     
    На NickFury му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dimemk

    Dimemk Активен член

    Зачленет:
    9 Април 2012
    Мислења:
    254
    Допаѓања:
    39
    Професија:
    Бизнис-Информатичар
    Јас сум при крај со Бизнис-Информатика, тој ти е доста добар смер, опфаќа и од информатика и од економски, се што е потребно од 2та факултета вклопено во еден, малку е напорно но доста добро :)
     
  5. BlackHat

    BlackHat Активен член

    Зачленет:
    22 Јуни 2012
    Мислења:
    132
    Допаѓања:
    52
    Во Штип си? :)
     
    На Dimemk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    Многу различни се двава факултета како може меѓу овие два да бираш?

    Инаку, се имаш ли информирано убаво за предметите и на двата?

    И јас знам Англиски, но не е тоа што го има на факултетот и што ти би работел. Треба да учиш и други јазици покрај Англискиот на филолошки, граматика, историја на јазиците, па ќе ти даваат тешки книги за читање... И работата која би ја имал ти со познавање на Англиски и филолошкиот (ако ја имаш) би била преведувач или професор по Англиски. И двете работи се многу помалку платени од информатичките
     
    На NickFury му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NickFury

    NickFury Нов член

    Зачленет:
    3 Декември 2011
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    4
    Да знам и брат ми го вели истото.Исто и тој вели,да би можел да бира повторно би одбрал програмирање и би цепел напред. Но за добар програмер треба и добра математика, не дека не сум добар во математиката туку имам многу основа изгубено,така да ќе ми требаат дополнителни часови за да надокнадам (а тоа баш и неможам да си го дозволам многу).Една од причините што наведов смер примена на е-технологии е тоа што во овој смер има најмалце математика,има само во прва година и е математика 1, без калкулус. Доколку би одбрал друг смер на финки,верувам дека можам лесно да заглавам поради тоа што има премногу математика(калкулус1,2 ,веројатност и статистика), а со тоа ке си го одолвлекувам патот за Америка,пошто мораш да имаш чиста прва година за да можат да ти дадат виза. А со примена на е-технологии сумјам дека нема да го добијам потребното знаење за програмер. Така да овој план со англискиов незнам зошто но некако ми дава најмногу мотивација. Ако се одлучам за англиски, планот ми е да учам паралелно интернет маркетинг,за 2-3 години со одење во Америка да заработам околу 4000-5000 $ и здравје ако е се во ред да се пробам на Александрија во програмирање. Инаку се надевам дека од афилиејт маркетинг би можел да направам месечен income од 300$ во рок од 2 години.

    поздрав
     
  8. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    ок.. твој избор NickFury

    ако ти треба работа за article writing (рече дека добро знаеш Англиски).. пиши.

    поздрав
     
    На NickFury му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlackHat

    BlackHat Активен член

    Зачленет:
    22 Јуни 2012
    Мислења:
    132
    Допаѓања:
    52
    За 2,3 години можеш да направиш многу повеќе од тоа... можеш да стигнеш до шест цифрена сума ама ќе ти треба многу повеќе труд. :)
    А нормална работа, ќе имаш сигурни 30 000 за 2,3 години. :)
     
    На NickFury му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Види ... јас имам уште некоја година од средното... и на факултет ке се запишам на нешто, со кое кога ке имам работа, ке уживам во работата, а не да ја работам затоа што морам. Поарно, запиши се на нешто што сакаш да го работиш, за утре да не се апеш за газо, да ти поминат тие 4 години, и пак да не си задоволен.
    А ако ти е за пари повеќе да имаш, да зимаш, слободно оди си за поп ;)
     
    На POWER и kiko им се допаѓа ова.
  11. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    Ако сакаш најискрен пријателски совет, не се запишувај на факултет (но овој совет важи само доколку си строго одлучна особа со високи амбиции). Инаку ако ти треба инфо од прва рака јас сум на финки, примена на е-технологии. Доста напорен смер да бидеш однапред информиран, звучи како по едноставен али така само звучи. Јас го баталив, запишан сум само формално додека средувам документација за во USA.

    Факултетот за мене искрено е waste of time and money. Незнам зошто после сите факти луѓето си ја бараат иднината во факултетот (уствари знам, затоа што се под притисок од родителите, ама ова се решава доколку сте силна личност и доволно е да опиеште вашата перспектива и да го одбраните својот став, доколку не сте, тогаш заслужувате да идете на факултет! :) )

    1. Работата не ви е никогаш загарантирана доколку завршите факултет
    2. Шансите да најдете работа ви се минус доколку имате завршено помалку актуелен факултет
    3. Ќе ви треба година-две плус од предвидениот рок за да завршите актуелен факултет
    4. Доколку специјализирате одредена IT вештина на приватен курс, ќе потрошите исто толку пари колку за две години на факултет, но таа вештина ќе ја добиете за многу пократок период и шансите за вработување одеднаш ви скокаат на 97% (читате ?... 97%). Автоматски вашата кариера почнува на 19-20 години. Во рок од една година веќе ќе ја имате можноста за втор курс, втора вештина! Со втора совладана и сертифицирана IT вештина, шансите за вработување (и висока плата) одеднаш ви скокаат на 110%, 200%, милион%!!! И Н Т Е Р Н А Ц И О Н А Л Н О !

    NUF SAID
     
    На NickFury, stefan_v, kon и уште 4 други им се допаѓа ова.
  12. NickFury

    NickFury Нов член

    Зачленет:
    3 Декември 2011
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    4
    Пред се едно големо фала до сите за вашите мислења и време,искрено ми беа од корист,а посебно постот на Сеофистикејтед. Фала ти друже и јас го мислам истото. Добро ќе беше да го мислеше и татко ми истото. Али нема врска јас ја донесувам крајната одлука така да не е толку важно што мисле тој.Фала уште еднаш :)

    поздрав
     
  13. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    И на крајот што одбра ако може да се знае? :)
     
  14. NickFury

    NickFury Нов член

    Зачленет:
    3 Декември 2011
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    4
    Се запишав во Битола,компјутерски науки и инженерство. Го одбрав тоа што сметам дека во мојата ситуација е најдобро,пошто ако не ми дадат виза првата или втората година, што ни малку не е чудно, да останам на солиден факултет. Инаку некој ако знае како е во Битола за студирање да сподели искуство би било добро?
     
  15. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Сегде ти е исто... сегде исто се учи, само некаде по обемно, некаде по скратено.
    Под смер имаш ли нешто ? Програмирање... Бизнис ?
     
  16. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Пааа ти кажа. Мислам дека е на ФИНКИ дисперзирани или и во Битола си имаа они факлутет. КНИ мислам беше смерот. Може и да имам тотална утка тука.
     
    На kon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Во Битола си има посебен факултет, Технички факултет на кој се наоѓа тој смер.
    Инаку во Битола ќе поминеш далеку полесно од Скопје, а и нормално со тоа и помалку ќе научеш, ама сепак ако имаш волја се учи и од интернет.
     
    На NickFury му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NickFury

    NickFury Нов член

    Зачленет:
    3 Декември 2011
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    4
    Епа луѓе помина доста време од кога последен пат сум бил “активен“ на форумов, одамна го немав отворено и баш синоќа нешо ми притреба па дојдив да го најдам тоа што ми требаше и го најдив, аарно ама сум немал доволно мислењааа..и да ви кажам искрено така и ми треба, си заслужувам,баш паметна и фер работа од ваша страна.Сега малку глупо ми е да се правам паметен и да објаснувам зошто и како од моја страна...ама ете пошто се осетив користољубиво мислам дека должен сум да го пишам ова :D
    Така да во наредните неколку дена и понатаму почнувајќи од вечерва се надевам дека ке придонесам нешто за форумов. :)

    Епа вака,прво сакам да го подржам уште еднаш мислењето на сеофистикејтед како НАЈДОБРО и за секој иден студент што ја има сличната дилема како што ја имав јас, да си знае дека тоа би било најдобро да го стори, АМА само ако е доволно упорен и верува во себе. Сега кога ке ми текне пред 1 година под колкав стрес бев само за да не направам утка во изборот, ми иде да се наг’там шампон.
    Втора работа, доколку некој исто планира како што планирав јас, да се запише на факс за виза строго му препорачувам да се запише на информатика во Битола.За разлика од ФИНКИ, Е ДАЛЕКУ ПО ЛЕСНО!! Тројца мои школски што важеа за најдобри во средно се запишани на ФИНКИ.“Најдобриот“ од нив се запиша на КНИ...буквално 1 колоквиум нема положено и сега планирал да оди на друг полесен смер,другите двајца се иста песна, едниот од нив веќе се отпиша, а другиот ќе си бачка додека го издржаваат и не го дознаат неговите.Уште еднаш, за разлика од ФИНКИ во Битола првиот семестар (што е многу битен за виза) не сте свесни колку е само лесен.Со редовност на предавања и малку учење и посветеност се поминува. Јас од 5 предмети,4 положив преку колоквиуми и само 1 на испит(програмирање).Просекот од првиот семестар ми изнесува 9, тоа се 3 десетки 1 осмица и 1 седмица.Не дека нешто се фалам, сакам да кажам само дека е навистина лесно. Два од тие предмети се полагаат со книга.(facepalm) Друга работа доколку сте слаби со финансии,за разлика од Скопје, животот за еден студент во Битола е далеку по ефтин (а сепак убав) од животот во Скопје.Ова го знам пошто брат ми е во Скопје 6 години...исто така давачките за факултет се помалку.Тие што се во Скопје за државна квота плаќаат некаде за 50 евра повеќе од тие во Битола.Причината е тоа што тие плаќаат повеќе за индекс,обезбедување и незнам точно што друго.Разбирам дека 50 евра се малку пари но за некој можеби не се..така да имајте го во предвид и тоа. Е сега најнормално на финки предавањата се исто така и далеку по квалитетни, тој што планира да учи ама стварно да УЧИ нека повели на финки,за останатите мислам дека Битола е идеално решение. Секако сево ова е главно за оние што се двоумат помеѓу информатика во СК или во БТ.
    Филолошки.....не ми се зборува за него.Доколку немате “врски“ или кеш најверојатно ке ви биди пропадната инвестиција.
    Луѓе постов го пишувам во 5 изутрина и е стварно голем, пишувајќи го веќе најверојатно имам и заборавено некои работи што планирав да ги пишам на почеток али нема везе, како и да е.Толку за сега...поздрав

    и останете ми со здравје, а не како мене :)
     
    На kon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Од лично искуство ти кажувам дека и ФИНКИ не е така тешко, само потребно е секој ден да работиш т.е. да решаваш задачи. Инаку, како што ти споменав, и самиот се увери дека ТФБ е многу лесно да се заврши.
     
  20. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    хаха... абе и јас поминав низ истото ти велам знам како е и тоа е најдобриот совет што можам да му го дадам на еден иден студент.

    Станавме опшество каде високото образование се идеализира а истото одзима многу време и финансии, кои се погрешна инвестиција и во смисла на време и во смисла на пари. Истото време и пари вложени во стекнување одредена специфична и барана вештина, носи далеку подобри резултати и посветла иднина, како и кариера.
     

Сподели: