Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Совет за подобрување на веб страна

Дискусија во форумот 'Веб страни' започната од teodor, 24 Февруари 2016.

  1. teodor

    teodor Нов член

    Зачленет:
    20 Ноември 2014
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    8
    Здраво на сите,
    Имам неколку прашања како да ја подобрам мојата веб страна.
    Eве видете, па кажете дали е добро направена, што да изменам или некој предлок да дадете : www.healthylifefeed.com

    Почнав пред 6 месеци, на почетокот незнаев ни што е wordpress, немав никакво познавање како да направам веб страна. Почнав читам на интернет, а во тоа многу ми помогна и овој форум.

    Еве мала помош за почетниците, од вие страни научив се што ми беше потребно да ја направам веб страната.

    Првите месеци читав околу сео оптимизаија . Почнав да пишувам постови за 2 месеца напишав 40 артикли. Најголемиот дел со 500+ збора.

    Во јануари купив домен и хост и почнав да ги објавувам постовите. Креирав child theme и направив доста измени во дизајнот. Ги оптимизирав поголем дел од артиклите, но уште не ми се сите оптимизирани.

    Пред 10 дена аплицирав за адсенсе, следниот ден ме прифатиа.

    Рекламите ги ставив да бидат text & display ads, незнам дали би било да ги ставам да бидат само display ads затоа што сите кликови што ги имам до сега се од display ads.

    Почнав да ги шерувам постовите по групи на фејсбук и да добивам посетители

    Дневно имам од 200-250 посети.

    Околу 80% од нив ми е од Америка, а другиот дел од канада и англија.

    Над 80% од посетилите се од мобилни.

    CTR имам 1.50% . Ќе пробам со A/B тестирање да го покачам до 3%.

    CPC имам многу ниско 0.08, а кликовите ми се од Америка(11), Канада(2), Англија(1).

    За вие 10 дена има само 1.20 Euro.

    Рекламите што се најздоле под постот кај што пишува FROM THE WEB се преку Revcontent. Во споредба со адсенсе имам и повисок CTR и повисок CPC и досега имам 2.5$.

    Сега имам неколку прашања да ми помогнат тие што се поискусни во ова.

    1. Како до повисок CTR? Според вас кое е најдобро место за поставување на реклами, вие каде ги поставувате. Дали е подобро да ставам 2 реклами на една страна, одколку 3 колку што е дозволено.

    2. Како до повисок CPC? Читав за блокирање на евтините реклами, ама незнам како точно треба, некој ако може да ми објасни за ова. Јас пробав преку Ads (Ad review center) и го проверував доменот на рекламата на keywordspy.com , после тоа ги блокирав тие што беа под 0.50Euro, но нема никакво подобрување.

    3. Како да ја подобрам брзината на вебстраната?Сликите ги оптимизирам пред да ги објавам. Користам www.jpegmini.com ја намалува големината на сликата(пр: oд 100кб на 20кб) без да се губи квалитетот. Ги бришам еxif датата од сликите пред ги објавам. Го имам инсталирано w3 total cache плагинот, го подесов се како што треба, најдов за тоа на форумов. Кога го активирав Minify брзината на веб страната многу се подобри, но целосно се измени ( менито, фонтот, слајдерот...) и поради тоа го деактивирав. Има тука: Never minify the following pages: Never minify the following JS files: Never minify the following CSS files:, но незнам што да направам тука. Ако може некој да ми помогне за воа.

    4. Како да го ставам логото во менито на мобилен?
    logo


    Ако имате некој друг предлок нешто да изменам или да подобрам кажете.
    Поздрав, ви благодарам. :D
     
    На bazhee, AleksandarJ, kiko и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. Donez

    Donez Нов член

    Зачленет:
    27 Март 2015
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    8
    1. Со оглед на тоа што блогот ти е со 'generic' содржина, AdSense ти е добар избор за монетизирање , или било кој друг вид на banner advertising (BuySellAds.com).
    Сајдбарот веќе нема никаков ефект во последно време, слободно можеш да го тргнеш. Стави 1 реклама после ПРВИОТ или ВТОРИОТ пасус од артиклот (сликите можеш и да ги тргнеш или ставиш подоле, огромни се), и тоа да биде една од пропорачаните големини 336x280 large rectangle, 300x250 medium rectangle или 320x100 large mobile banner. По желба стави уште една на средина, бидејќи користиш SumoMe постави Heat Maps и види дали воопшто ти скрола некој до крај па дали има потреба за уште една. Рекламите во сред соджина ќе изгледаат грдо, но ќе си ја завршат работата.

    Во меѓу време, изгуглај за AdSense Anchor Ads, не знам дали се офицјално одобрени или уште се во Бета верзија. Тоа се оние што ги имаш на андроид апликации во долниот дел на екранот, сега ги има и за веб. И да не се, било која од горе наведените ќе ти заврши работа, со оглед на тоа што 80% ти се посетители од мобилни уреди, а сајдбарот (ако воопшто..) се појавува после контентот и коментарите.

    2. За CPC ќе си отвориш Google Analytics, т.е Keyword Planner и ќе бараш клучни зборови на кои е висок ЦПЦ. Кога ти го отворив сајтот, во сајдбар имаше Македонска реклама за кредити, така да најчесто немаш контрола врз тоа затоа што страната не ти е во micro niche туку генерално за здравје и фитнес и неможеш да се фокусираш на еден таргет .. или ќе треба да креираш нов Ад за секој артикл со релевантни таргетирани клучни зборови. (Ако некој друг знае нешто повеќе околу ова нека пише).

    Преку keyword planner најди некои клучни зборови, релевантни за сите артикли што ги имаш, со висок CPC и таргетирај ги нив.

    3. Инсталирај го плагинот P3 (Plugin Perfomance Profiler) , види грубо кои плагини ти одзимаат најмногу од брзината ... бриши ги или најди алтернатива. Најчесто самата тема ја убива брзината со Јава Скрипти , така да сериозно размисли да се преместиш на Genesis ili Thesis framework. Исто така постави и Cloudflare (би требало да го имаш и гага од хостот) обавезно.

    4. Пробај го ова

    Со среќа, се надевам ќе тргне многу подобро понатака. За почеток си супер :)
     
    На teodor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teodor

    teodor Нов член

    Зачленет:
    20 Ноември 2014
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    8
    Фала за помошта:)

    1. Направив измени во поставеноста на рекламите како што ми рече. Претходно имав една реклама над насловот, една најздоле и една во десниот сајдбар. Сега имам една реклама над први параграф (под насловот), една под 2 параграф и една најздоле. Откако ги направив вие измени, вие неколку дена имам 4 CTR.

    2. Поголемиот дел од артиклите ми се оптимизирани, имам вметнато long-tail kewords со висок CPC, ама нема резултати.

    3. Наместо Cloudflare имам ставено Incapsula.
     
  4. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Во Social Bar(линковите кон платформите) на скратениот линк стави нешто слично со твојата страна а не http://bit.ly/FACEBOOK-PAGE , да го има името на твојата страна по можност.
    Твој најголем проблем е дека со малку кликови неможеш вистински да оцениш CTR. Ти треба поголем трафик денифитивно.
     
  5. teodor

    teodor Нов член

    Зачленет:
    20 Ноември 2014
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    8
    Поминаа скоро два месеца од кога го написав постов, сега имам многу поголем трафик од 3500-4000 посети дневно.
    На Адсенсе имам цтр 3%, цпц 0.1Е
    На Revcontent имам цтр 3.7%, цпц 0.06$

    Дневно правам околу 30Е, денеска ми е најдобар ден со 38Е :)

    Скратениве линкови ке ги сменам со доменот пр: http://bit.ly/HealthyLifeFeedFB, ама немаат некоја голема улога со 4000 дневни посети имам по 3-4 клика, а некој денови ич.
     
    На Sine и AleksandarJ им се допаѓа ова.
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,990
    Допаѓања:
    831
    Сега ја погледнав странава, темава ти е прекрасна ми се допаѓа од дизајнерски аспект.
    Поставеноста на рекламите ти е супер но ти предлагам да тестираш со димензиите и да видиш која добро функционира.
    Revcontent општо се тешки за одобрување, како им пиша колку посети имаш? Рекламите под менито се одлични :)

    Како стоиш со трафик од Инстаграм?
     
    На teodor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. teodor

    teodor Нов член

    Зачленет:
    20 Ноември 2014
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    8
    Имам пробано на различни места да ги ставам рекламите и со различни димензии досега вака најдобро оди.
    Последниве два дена CTR-то ми се качи на 3.8%.
    CPC имам уште ниско, ако го зголемам на 0.20 ќе правам дупло повеќе пари. Знаеш ли некој начин?

    Кога аплицираш на Revcontent имаш да одбереш колку ти е трафикот дали ти е под 1000, 1000-10000.... или над милион. Јас тогаш имав помалку од 200 посети дневно и одбрав под 1000. И после само 3 саати ми стаса емаил дека сум одобрен.

    Од инстаграм не добивам трафик, целиот трафик го добивам од фејзбук.
    Инстаграм е многу добар за продавање производи и градење на емаил листа.

    Секој ден се повеќе ми се зголемува трафикот вчера имав 13 000 посети, а денеска имам 12 000 до вечер може да стасам до 15 000.
    Сега сакам да те прашам дали може да имам проблеми со хостот да ми падне. Користам Bluehost го имам Basic пакетот дали да го сменам пакетов да земам некој поскап, подобар пакет или па да го сменам хостот?
     
  8. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,990
    Допаѓања:
    831
    Супер штом ти се зголемува трафикот, не заборавај да правиш редовен бекап за секој случај. Штом не ти пишале ништо најверојатно си во нормалата на искористување на хостот :)
     
  9. Donez

    Donez Нов член

    Зачленет:
    27 Март 2015
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    8
    Браво, добар и прогресивен раст!

    Која ти е стратегијата за собирање трафик? Прашувам пошто артикливе се многу генерични и сум го видел сличниот концепт и содржина на многу страни за здравје, а не ми изгледаат оптимизирани за Google ради тоа, и ги линкаш до слични домаини (или и тие се твои?) а на Фејсбук малку фанови моментално.

    Во тренд е, посебно за Health related, пуштаат аутопостери во вид на коментари, или реплицираат на туѓи коментари, на други фејсбук страни што имаат Health во името.

    Доколку можеш инвестирај во алатки за А/Б тестирање и експериментирај со позиционирање на рекламите, мада мислам дека сега треба повеќе на трафик да се фокусираш бидејќи тоа е максимумот на странава ... или пак да направиш уште слични страни и една мала мрежа со слични страни ќе ти го зголеми профитот на дневна база.
     
  10. rchall

    rchall Нов член

    Зачленет:
    30 Август 2016
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    одлично упорен си бил и си успеал. Јас пробав со страна немав профит никаков еден месец и баталив јер работам и живеам во америка.
    али затоа кликнав на некоја реклама да ти помогнам :)
    продолжи да информираш можи ќе ми се јави желба да продолжам да работам на страната поздрав
     
  11. Artweb

    Artweb Член

    Зачленет:
    12 Февруари 2013
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    18
    Малку оф топик: Што е А/Б тестирање?
    Фала
     

Сподели: