Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Што мислите околу Like pop-up прозорчето?

Дискусија во форумот 'Facebook' започната од Chuck Norris, 25 Јуни 2012.

?

Дали ги оправдувате ваквите прозорчиња?

  1. Да, во секој случај

    10.5%
  2. Да, доколку се ограничени временски и/или имаат опција за исклучување (х)

    42.1%
  3. Не

    47.4%
  1. Chuck Norris

    Chuck Norris Активен член

    Зачленет:
    28 Декември 2011
    Мислења:
    250
    Допаѓања:
    33
    Дечки што мислите околу ова прозорче кое го практикуваат повеќе сајтови?
    Од македонските, меѓу најпопуларните кои го користат се dialy.mk и grid.mk
    [​IMG]

    [​IMG]

    Да не заборавиме дека Grid.mk се издигна одеднаш над интернет просторот со помош на Фејсбук.

    Што мислите вие за вакво прозорче што се појавува на сајтовите?

    Мене, ме нервира како конкретно на овие два сајта што ги наведов, каде што нема после неколку секунди да исчезне а нема ниту Х за исклучување. И што, ако некој нема Фејсбук неможе/несмее да пристапи до страницата!?
    Кај сајтови кои имаат Х или истиов прозорец се гаси после 5 секунди максимум, мене не ми смета. Али кај кои нема Х/време намерно не кликнувам Лајк. Мадафакерс!

    Воедно, ми треба мислење дали да поставам ваков прозорец на мојот сајт odimenaodmor.com нормално со опција за гасење + автоматско гасење после 5 секунди или да оставам уште време додека да стекнам добра репутација? Дали ваквиот систем може да доведе до губење на посетители?
     
  2. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,022
    Допаѓања:
    851
    Ќе кликне на ESC и ќе му се тргне прозорецот.

    Grid стана популарен поради таа апликација која спамира низ фејсбук (тие кои ја користат) и затоа има многу повеќе фанови од некоја страна која да речеме е неколку години постара од Grid.

    Дали да ставиш?
    Па јас би рекол Да затоа што со додавање на ваков прозорец ќе добиеш голем број на нови фанови на фан страната. Не губиш ништо.
     
  3. aleksandar4o

    aleksandar4o Активен член

    Зачленет:
    7 Февруари 2012
    Мислења:
    412
    Допаѓања:
    184
    Јас конкретно кога ќе видам ваков прозор секогаш го одбегнувам ретко кога ќе лајкувам и да го отворам(доколку скрос би треба содржината онда да) Но како што кажа Аце тоа е добар начин да добиеш многу повеќе фанови...:)
     
  4. CofD

    CofD Активен член

    Зачленет:
    5 Декември 2011
    Мислења:
    202
    Допаѓања:
    28
    Јас вака кога ќе видам не лајкнувам и не ни посетувам уште еднаш ама гледам другариве сите лајкнуваат, а и повеќето фб корисници, така да ќе добиеш посетители, нема да изгубиш :)
     
  5. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Мене искрено ме нервират вакви свари кога ке ми се појават... и, сепак мислам дека е доволно само едно лајк, твит, и +1 копче горе у хедер и ако вреде, ке се лајкне, ако не не :)
     
    На IvanGeorgiev му/ѝ се допаѓа ова.
  6. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Грид направи одлична работа со таа апликација, бидејќи за помалку од два месеци доби 180 000 фанови на Фејсбук, т.е. корисници на нивната апликација.
    Тоа им беше единствен начин за да успеат да се промовираат во сегмент на пазарот во кој тиме.мк и дејли.мк беа главни играчи.

    Иако добија голем број на фанови, сметам дека немаат постојани корисници на нивниот социјален читач, туку 95% од посетите им доаѓаат од објавуваните статии дека некој пријател прочитал статија преку Грид.

    Дека на овој начин може многу лесно, а бесплатно да се популаризира некој сајт го сфати и дејли.мк па и тие направија слична ваква апликација.

    Сепак, сметам дека целосниот ефект на една вавква апликација ќе може некој многу повеќе да го искористи ако страницата не е агрегатор на вести, бидејќи реално ниту на Грид ниту на Дејли не им значи бројот на фанови на Фејсбук бидејќи тие таму и не ги објавуваат сите статии. Ова многу подобро би го искористиле страните кои ги креираат овие вести.

    Јас имам ваква подготвена апликација која планирам да ја искористам на сајт кој во моментов го изработувам, па ќе ве информирам за ефектите од истата.
     
  7. Колман

    Колман Активен член

    Зачленет:
    5 Мај 2012
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    100
    Корисни се ови поп-ап прозорци, но глупава им е намената. Те тераат да им ја лајкнеш содржината/страната пред да ја прочиташ/видиш. Па како ке знаеш дека ти се допаѓа ако не си видел?

    Мене искрено ми се гади од нив, и никогаш не кликам лајк, ке го игнорирам текстот. Но за среќа или не појкето не се како мене, така да се многу корисни барем за растејне на е-курето.
     
    На Conan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IvanGeorgiev

    IvanGeorgiev Нов член

    Зачленет:
    12 Февруари 2013
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    6
    Да да, се согласувам со Кон. Доста е по едно копче за социјалните мрежи, па кој сака нека кликне.
     
  9. buli

    buli Член

    Зачленет:
    31 Јануари 2013
    Мислења:
    71
    Допаѓања:
    13
    Јас штом ќе видам вакво позорче, ја искчучувам веднаш страната. така да -1 посетител
     
  10. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,022
    Допаѓања:
    851
    Затоа like hijack и првиот клик на веб страната ќе биде лајк на фан страната на фејсбук :) :blackhat:
     
  11. Dimemk

    Dimemk Активен член

    Зачленет:
    9 Април 2012
    Мислења:
    254
    Допаѓања:
    39
    Професија:
    Бизнис-Информатичар
    Каде може да ја најдам оваа апликација ?
     
  12. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    Пробај тоа...
     
  13. dorco

    dorco Активен член

    Зачленет:
    26 Јануари 2013
    Мислења:
    361
    Допаѓања:
    118
    мислам дека ова е најдобриот начин за собирање на лајкови. Сепак, повеќето веб страни незнаат да го имплементираат како што треба. Многу замара. Ако после 10 посети на една иста страна не сум кликнал лајк тоа значи дека никогаш нема да кликнам. Може да го направат после 10 појавувања да не се појавува повеќе.
     
  14. Dimemk

    Dimemk Активен член

    Зачленет:
    9 Април 2012
    Мислења:
    254
    Допаѓања:
    39
    Професија:
    Бизнис-Информатичар
    Тоа не работи, има некој знае каде да најдам ?
     
  15. Conan

    Conan Член

    Зачленет:
    30 Јануари 2013
    Мислења:
    81
    Допаѓања:
    37
    Јас сум со Колман...

    Лајк поп-ап прозорот е тотално иритирачки, одбивен.
    Веб страниците градат нови фанови најчесто врз база на гладта на луѓето за бесполезни информации.

    За жал (или среќа) - системот функционира. :/
     
  16. Artweb

    Artweb Член

    Зачленет:
    12 Февруари 2013
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    18
    Да, се сложува дека поп аппрозорецот е иритирачки, но исто така се иритирачи и тие вести од типот бесполезни информации, тоа повеќе не пали, читателите ја научија таа евтина и проста фора. Сега има многу пософистицирани начини на собирање фанови. :)
     
  17. Dimemk

    Dimemk Активен член

    Зачленет:
    9 Април 2012
    Мислења:
    254
    Допаѓања:
    39
    Професија:
    Бизнис-Информатичар

    Како на пример ?
     
  18. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Како на пример пишување квалитетни статии, без манипулации, и без статии преведувани на гугл транслејт, како шо најде јас на една у сектор Наука у под менито Технологија кај тебе Диме :D
     
    На Artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marko

    Marko Член

    Зачленет:
    16 Јануари 2013
    Мислења:
    40
    Допаѓања:
    31
    Професија:
    Cost Per Action
    Паѓа CR и EPC драстично со тоа.
     

Сподели: