Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Што бара Македонецот на интернет?

Дискусија во форумот 'Кафе Муабет' започната од tool, 29 Јуни 2012.

  1. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    Ова ќе биде статија за идеи за веб сајтови кои највеќе успеваат на македонскиот пазар. Генерална таргет група ќе биде Македонецот.

    Да почнеме со првиот и најпопуларниот вид на портал: Забавен. Познато е веќе дека Македонецот сака да фаќа сеир на туѓа сметка и сака да се забавува, се разбира. Кајгана, ајвар, он.нет, идивиди, сите ветерани во Македонскиот интернет простор го докажаа ова уште пред да дојде „нападот“ од вакви портали. Не е тежок да се направи технички, но тешко е издигнувањето на порталот при таква голема и добра конкуренција. Но, доколку имаш мал буџет кој планираш да го потрошиш на промоција и доколку имаш поголемо познавање од интернет маркетинг, промоцијата не би требало да ти претставува проблем. Содржината лесно се пополнува бидејќи ја има многу на странските забавни портали - а како што е традиција на .мк порталите - сите содржини треба да се копираат и преведуваат од странски портали. Овој вид на портали не се ни малку креативни, корисни или оригинални, но се најбарани и се добар начин за да се заработи пари.
    Да наведеме неколку примери на вакви портали (ветераните ќе ги исклучиме) со мала статистика:
    Фемина - почна со работа некаде во 2009 година, а се издигна за неполна година. Го имаат се она што го бара нивната таргет група (жени) - хороскоп, диети, мода, здравје... Темите се веќе добро одбрани и смислени. Иако овој портал стана популарен од не баш најдобри причини (заради глупите тинејџерки што поставуваат најглупи прашања), брзо се рашири и остана на интернетот долго време, денес е еден од најпосетуваните портали. Според alexa-mk.com се на 10 место (пред идивиди).

    Црнобело - овој почна во истото време со фемина, а се издигна за малку подолго време од фемина. Да не се повторувам, содржината е иста како и на Кајгана и другите слични портали без посебна таргет група. Сега е еден од најпопуларните портали на 17 место според алекса-мк.
    (Порталот зазабава е пред овој портал, но тој е поддржан од Т-хоме така да не влегува во овие портали бидејќи промоцијата им беше дадена уште на почеток)

    Фејс.мк - Најбрзото и најдоброто издигнување на портал на македонскиот сајбер свет. Стана популарен за една недела. Порталот е со рејџ стрипови, мемиња и интересни и смешни слики и анимации (во стил на 9gag, memebase...). Веќе видена идеја на странскиот пазар, а нова на македонскиот. Без никаква посебна реклама стана најпопуларен сајт меѓу тинејџерите преку фејсбук. Ова е еден доказ дека фејсбук е многу моќна алатка за промоција. Моментално порталот е на 19 место на алекса-мк, бидејќи е паднат последниве неколку денови (нема нова содржина на порталот)

    Мислам дека се доволно примери, наредниве ќе ги наведам само без коментари. Сите се веќе популарни со веќе видена идеја и копирање содржини од странски портали:
    brkajrabota.mk, mnogoo.mk, kafepauza.mk, popara.mk, demotivacija.mk, bumbar.mk, bezpardon.mk, ekipa.mk, boza.mk, interesno.com.mk, notformen.mk, themen.mk, napauza.mk...


    Друг вид на сајт од кој нема многу такви македонски е за гледање филмови онлајн со превод. Сите сакаме да гледаме филмови. Но не баш сите сакаат да се замараат со барање филмови и преводи, со чекање за симнување, а некои и не знаат каде и како. Со ваквите сајтови се ви е спремно на тацна. Имаше два многу популарни вакви сајтови но моментално се пропаднати. Не знам поради кои причини, но претпоставувам поради проблеми со хостингот.
    movie.mk - имаше 20.000 лајкови на фејсбук страницата за многу краток период. На сајтот имаше многу посетители, а не вложија пари и труд во промоција на порталот.
    kinoteka.mk - истата приказна како movie.mk, само што (мислам дека) во овој сајт беа вложени пари за промоција.
    gledajiti.com - немаше многу лајкови на фејсбук (околу 1500). Пишуваат на нивната ФБ страница дека вложиле 200 евра, но не знам во што.
    kinomanija.net - ужасен дизајн со непрофесионална администрација. Порталот треба да биде со македонски преводи, а скоро сите се српски или хрватски. За кратко време без никаков труд порталот има 1800 лајкови на фејсбук.
    filmovizija.com - не е македонски но многу Македонци одат на него. Има 100.000+ лајкови на ФБ страницата и е многу посетуван. Добар дизајн со добра администрација и преводи.
    Ваквиот вид на портал сигурно би успеал во МК, но проблемот е одржувањето - плаќање добар офшор хостинг, аплоадирање и преведување на филмови - ова ќе треба почесто да се прави бидејќи можно е филмовите да ви ги бришат од видео хостинзите поради пиратерија), веќе има многу преводи на титлови.ком, а и не е тешко да се преведува филм доколку знаеш Англиски, ако имаш добар интернет не е ни тешко да аплоадираш филмови секојдневно.
    Некои од видео хостинзите плаќаат и од гледаност. Така да покрај другите начини на заработка, може да се заработува и од прегледите на видеата.


    Има и други портали кои лесно и брзо се издигнаа, но не се забавни и не е сигурно дека таков би портал би успеал. Јас сум сигурен дека забавните портали (без разлика дали општа тема, хумор или филмови) успеваат во Македонија.

    Се надевам ова ќе развие добра дискусија... Зошто Македонецот не бара оригиналност и квалитет? Кои други портали би успеале? Дали мислите дека би било паметно доколку некој почне ваков портал? Како е подобро - со општа тема или со поширока таргет група како femina.mk, themen.mk?
     
  2. Chuck Norris

    Chuck Norris Активен член

    Зачленет:
    28 Декември 2011
    Мислења:
    250
    Допаѓања:
    33
    Кога сме кај оргиналност и таргетирање, еве јас имам сајт odimenaodmor.com кој е таргетиран кон една група, луѓе кои бараат дестинации и совети за патување. Оваа идеја ми е стара 2 години. Единствен ваков сајт во Македонија. (ajdenaodmor е агрегатор на понудите на туристичките агенции)
    Инаку според мене со општа тема може полесно да се добие популарност отколку со таргет група.
     
  3. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Од лично искуство ви кажувам дека подобро е страната која ја имате да ви биде за што е можно поопшти работи, да опфаќате поголем број на потенцијални читатели.
    Притоа многу е важно да воспоставите пријателски однос со читателите преку вашата Фејсбук страна, бидејќи најчесто оттаму доаѓаат и најголемиот број на посети.
     

Сподели: