Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Shopify dropshipping

Дискусија во форумот 'Dropshipping' започната од Аце, 29 Јули 2018.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,006
    Допаѓања:
    838
    Shopify Dropshipping е едно од сега по актуелните работи кои гледам често се пишува на интернет, и има доста successful stories.
    Дали има некој тука на форумов што работи со Shopify? Како иде со продажби, кои канали за посети ги користи и др.
    Се надевам дека ќе се најде некој што го работи ова па ќе направиме добра дискусија.
     
    На Ace му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dare

    Dare Нов член

    Зачленет:
    30 Јули 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    5
    Продажба заивиси од производите што ќе ги поставиш, многу е важно тоа на почеток не само да се лупне нешто од ракав.. Друга битна ствар маргини на заработка колку ке бидат ке си седнеш со калкулатор и земја по земја со е пакет на алиекспрес производ + шипинг, Зашто знам случај ставил 9 долари за некое ланче му нарачале од Бразил 20 долари шипинг. Дојдовме и до пазар, многу е битно на кој пазар ке го пласираш производот бегај од Индија и Латинска Америка освен ако не го продаваш производот за 1000 пати поголема цена од набавната и нерви за расправаии, полн инбокс со, каде ми е нарачката шо е ова два месеци ми ја нема итн.Маркетинг или адс само Инстаграм ама не одма ке се потрудиш првин со директна продажба и органски фоловинг по социјални мрежи, бркај хаштагови барај луѓе со интереси за тоа што го продаваш....Емаил маркетинг мислев дека е глупост до пред 1 година од причина што како Македонче ги селектирав таквите понуди на маил како спам, тоест ако купам нешо не ми треба да ми го нудиш по 10 пати на маил.Ама надвор не е така со добро смислен е маил маркетинг добив скоро 30 посто плус на продажба ,што во мојов случај е 50% до 74% од производ...Најглавното и најважно немаш начин тоест гетвеј за наплата, имаш ама како да немаш ти нудат за мк 2чекоут ПејПел ама не функционира. Ја се снајдов со другар од Германија ми верификува гетвеј на негово име и Пеј Пел врзав моја сметка од една наша соседна земја во ЕУ и си ги лапам така паричките. И секако секоја година данок во ујп, не се зезајте ако стварно работите платете си данокче и мирна глава...
    Поздрав
     
    На AA277724, Аце и Ace им се допаѓа ова.
  3. Ace

    Ace VIP

    Зачленет:
    11 Март 2014
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    12
    Јас имам досега имав две негативни искуства (пред 1 година), но клучните грешки беа лично мои. Влегов во Dropshipping без некое големо предзнаење, како што го трошев буџетот учев од грешките кои стигнаа до ниво каде што не се поправаат.

    -Најголем проблем е пејмент гејтвеј-от, како што кажа колегата над мене, за Македонија само 2Checkout е достапен и не си баш сигурен затоа што имаат доста строги правила и критериуми. Исто така имаше период кога не дозволуваа Dropshipping. Има голем дел што би платиле со картичка, но и со PayPal. Едноставно мора да им понудите на клиентите да платат со тоа тие што сакаат или едноставно ќе си заминат. Има една "дупка" за Stripe, но не знам дали да кажам не дајбоже или дај боже :D да почнеш да правиш поголеми суми ќе биде проблем и ризик.

    -За пласирање на производите, дефинитивно US, Canda, New Zeland, во зависност од производотите што ги продаваш од огромна помош и олеснување е доколку имаат Warehouse во US. Ако се прави Dropshipping на производи од Aliexpress ќе се соочите со дебилни продавачи кои не сакаат да комуницираат доколку немаш купено производ. Има продавачи што нив имаат опција за ePacket (достава до US 15-20 дена) ама повеќе од пола ЛАЖАТ, кога ќе го купиш производот ке забележиш дека не е пратен со ePacket (стартно си зезнат). Едноставно немаш соработка и комуникација што е исто-така голем ризик за ваков бизнис. Исто како што кажа колегата многу од цените за шипинг им се погрешни и кога ќе дојде некоа нарачка не се чудите ако цените од шипингот бидат променети па и на производот, така да веќе платен производот кај тебе маргините на заработка ти се пореметуваат.

    -Многу важна работа е нишата и производот, некој ќе речат... "полесно да продаваш производ-и што ги познаваш и ниша што ја сакаш (што ти лежи)" , ама пак ако е конкурентна и се погодат тешки keywords каде што некој долго работел и фрлил доста пари и се забетонирал, треба голема инвестиција. Мој предлог (поука од грешките) да се пребараат најпрво easy keywords и врз основа на тоа да се одбере производ и ниша. Доколку поработиш и инвестираш на SEO, добиваш бесплатен трафик каде што конверзијата е солидна.

    -Инстаграм е добар извор на трафик и бесплатен и платен (инфлуенсери), чии профили може да се проверат како растеле со Followers и од кои земји се нивните следачи(важно дали го рекламираш производот на гореспоменатите земји). За Pinterest исто-така имам читано дека добивале трафик од бордови, ама не сум ја работел и не знам баш точно како функционира.

    -Facebook Ads - На ова имам фрлено тон пари што никогаш не сум ги вратил. За Македонија и балканскиве земји сум имал солидни и доста успешни кампањи и реклами со висок Engagement, Clicks (продажби не сум пробал) со скор 9/10 , 10/10. За micro-niche е полесно таргетирањето, веројатно помала конкуренција и поефтини кликови. Органскиот трафик е мртов 98% ...

    Е-маил маркетинг е многу важно, но нормално мора да имаш прво трафик за да собираш мејлови или пак некоја листа. Знам пријатели каде што им ја зголемило конверзијата над 100% (ако веќе еднаш купил на твојот сајт, полесно ќе го натераш да купи втор пат отколку да најдеш нов клиент). Попусти, купони најразлични понуди потребна е мала креативност.


    Би сакал да слушнам исто мислења и искуства верувам дека има на форумов многу кои само читаат а не пишуваат, доколку има заинтересирани би можеле и кафе средба да направиме.
     
    На AA277724 и Аце им се допаѓа ова.
  4. Dare

    Dare Нов член

    Зачленет:
    30 Јули 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    5
    Zdravo, izvinete za latinicava ama od mobilen sum, se slozvuam so Ace ama i ova so influncerive ne e dobar nachin, poradi toa shto mnogu shto nemaat raboteno so takov tip na reklama moze da se zeznat se imam izgoreno na pocetok i nemav napraveno ni edna prodazba od niv treba mnogu istrazuvanje kaj kogo i kakov produkt ke promovirash...Imav slucaj fake traffic mi pushti tipot so 500 000 fake followers na insta go plativ neznam 10$ da postira produkt i samo dobiv fake traffic od https://trafficbot.co/ pretezno toa go pravat site od ovie influencer za da ti zamackaat oci... Najednostavno za pocetok e insta reklama da receme na 2-5 $ dnevno so odbrana "publika" Makedonija nikako samo traffic ako sakash i da frlish pari za reklama ....Zatoa rekov direct marketing prvo zatoa shto ke osetite kaj odreden produkt e popularen, na primer imav naochari za sonce edni 90% so direct marketing mi se prodavaa vo Spanija, ja lupnav reklamava na 10$ Dnevno Barcelona 5 DENA, i drugata na Spanija 10$ dnevno 5 dena, taa nedela prodadov 500 parcinja.... Kolku za margin informacija, za spanija imav 75% profit poradi brza dostava i free shipping so Ali Standard 14 days shipping.
     
    На Аце и Ace им се допаѓа ова.
  5. Ace

    Ace VIP

    Зачленет:
    11 Март 2014
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    12
    Да точно со инфлуенсерите е специфично и лесно се налетува на преваранти, затоа треба да добро и детално да се истражи профилот. Постојат некои апликации да се провери од кои земји се followers, како ги стекнал по датуми и сл. Рекламите на Инстаграм се добра отскочна даска за почеток, но барем 10$min, па дури и 15-20$ буџет за US. И третиот дел е точен различен продукт пали кај различна публика, дури и различна земја како во твојот случај Шпанија.
     
    На Аце му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,006
    Допаѓања:
    838
    Уф доста добри одговори. Ме интересира дали користите некој сервис како Oberlo кој од скоро нуди и верифицирани продавачи според нив. Дали најдобро е да се фокусира на еден ниш или на повеќе различни производи?

    Јас неодамна имав неколку тестови со фб адс и пиксел директно на Website Conversions но изгледа избрзав и немав никаква конверзија за тие 3 дена или во превод 15$ за ништо :)
    Сега после 15ти планирам да го досредам целиот шоп и да фатам сериозно (летниве одмориве ме олабавија)..
     
  7. Ace

    Ace VIP

    Зачленет:
    11 Март 2014
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    12
    Јас користев Oberlo чисто само за импорт на производите, Aliexpress се веќе 2-3 рака производи, откако го нарачуваш тој оди во продавница го купува и го испраќа, продавницата(или пазар) веќе го зела од производител. Тешко прашање дали да се фокусира на еден ниш или различни производи.

    Имам 2-3 курса поминато и секој со различен пристап и своја стратегија...Повеќе производи треба да ги тестираш со FB реклами и за сето тоа потребно е солидна сума на пари. Треба да бараш Trending-популарни производи гаџети и слично, а на таквите работи релативно брзо им поминува популарноста (6 месеци - 1година) - пр. спинерите. Но знам пријатели што направија огромна сума на пари за краток рок.

    Микро ниш - Да почнеш најпрво со наоѓање на лесни keywords за рангирање (до 20 Difficulty на KW Finder), и да се проанализира добро како стојат SERP's во комбинација со Ahrefs. Полесно би ги изрекламирал производите преку Instagram, најразлични заедници на Reddit, Quora или други групи. При тоа во меѓувреме ќе градиш бренд, ако имаш organic посети на соодветен Keyword 3-5% e конверзија, си ги фаќаш и на пиксел. е-маил маркетинг и потоа лесно се прави upsell.

    ФБ Пиксел е магична работа, само мора многу постепено да го полниш. Прво Engagement (реакции, shares) да ја опипаш публиката, Website Visits (Clicks) и после од наполнетиот пиксел Website Conversions. Сум читал дека алгоритамот е направен така што речиси нема шанси да добиеш стартно Website Conversion. Да си ги искористел тие 15$ на Engagement, ќе си соберел каква-таква публика, подоцна од Пикселот ќе градиш Lookalike Audiencе. Кратките видео реклами највеќе привлекуваат внимание и моментално се бр.1 за реклама на ФБ.

    Инаку исто и мене летниве одмори ме олабавија малку повеќе и искрено собирам буџет за да почнам повторно, горе-доле за Dropshipping потребни се 500-600$ минимално за солиден старт.
     
    На Аце му/ѝ се допаѓа ова.
  8. smuth7

    smuth7 Нов член

    Зачленет:
    20 Октомври 2018
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пред 6 месеци направив дропшипинг продавница, али начинот на примање пари за МК е заебан,бев приморан да ја затворам зашо нема gateways за мкд.
    Гледам доста сега користат 2checkout. Дали е тоа сигурно,прочитав дека имаат некој строги правила за брендирани работи.Колку што сконтав прифакјаат дропшипинг али не со брендирани работи.Исто така прочитав дека можеш да правиш cashout само еднаш во 30 дена.?
    Некој што има искуство со Payoneer>2checkout>shopify и воедно работи тоа ? Дали е safe да се користи 2checkout ? :google:
     
  9. gosi

    gosi VIP

    Зачленет:
    22 Октомври 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    3
    Безбедно е, но забрането е продавање на брендирани и фришипинг производи ( продавницата на треба да изгледа како класична дропшипинг продавница), најдобро е да продаваш ноу нејм маици, па откако еднаш ке ти го одобрат можеш да првиш што сакаш, единствено не сакаат да работат долгорочно со продавници кај кои често се враќа производ..
     
    На AA277724, Ace и Аце им се допаѓа ова.
  10. Petrusevsky

    Petrusevsky Член

    Зачленет:
    12 Март 2018
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    1
    Има уште некој шо се занимава со дропшипинг? апдејтови-мислења? 2чекаут се единствените од кој шо можеме да вадеме пари, има некој шо е лесно прифатен и како оди тоа се?
     
  11. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    Ако сакаш успешен почеток во Shopify Dropshiping еве ги законите кои мораш да ги испочитуваш сите детали од почеток до крај, сите до еден.
    [+]
    Потребен ти е буџет од минимум 1000 евра. Можеш и со помалку да почнеш и со многу труд да го изградиш бизнисот за поспоро време но ќе имаш пречки и предизвици.
    [+] Stripe Atlas можат да ти ја завршат целата процедура со отварање LLC во САД од почеток до крај, се до банкарска сметка за 500 долари. https://stripe.com/atlas
    [+] Можеш да се јавиш во САД и да побараш EIN преку телефон. Мислам дека не се наплаќа или некоја симболична сума. Со ова можеш да отвориш компанија во Delaware и воедно банкарска сметка. Побарај инструкции за отворање бизнис во САД како странски држајванин и следи ги советите.
    [+] Има и други начини околу логистикава. Гледам некои членови веќе откриле алтернативи. Се надевам ќе ги споделат деталите и чекорите со сите вас.

    Околу бизнисот.
    1. Креирај чиста и квалитетна веб страна со сите потребни conversion елементи, pre-upsell и one click post-upsell се апсолутно неопходни. Cart abandon email reminder e исто така неопходен. Еве ја мојата за пример: https://kolvers.com/ а оваа ја креирав со бизнис партнер ама се откажав од соработка затоа што не го познава моделов доволно: https://probuildfitness.com/
    2. Целиов бизнис модел е базиран на тестирање што е можно повеќе продукти со помош на фејсбук реклами. Затоа сите почнуваат со генерална продавница и подоцна креираат нич продавница за оние продукти кои ќе се докажат успешни.
    3. Потребно е да тестираш околу 30-40 продукти за да најдеш еден scale-able победник. Но еден победник обично расте до 500-1000 долари профит дневно и тера така околу 3 месеци, после полека опаѓа. Во меѓувреме тестираш други продукти и бараш други победници.
    4. Оригиналниов пристап што носи најголем профит е се околу фејсбук рекламите и тестирање audiences. Добро оптимизирани реклами со квалитени видеа и правилно поставен retargeting.
    5. Целата финта е хранење на фејсбук алгоритамот со доволно дата за да креираш квалитетни Lookalike audiences. Целиот профит е во Lookalike audiences. Затоа што фејсбук алгоритамот е страшно многу попаметен во таргетирање отколку било кој човек - поради фактот дека ние таргетираме групи само според неколку фактори, a фејсбук алгоритамот следи околу 400 фактори и ги користи сите овие да најде повеќе потенцијални купувачи. На овој принцип сите фејсбук реклами кои таргетираат Lookalike audiences креирани врз база на Website Conversion: Added To Cart, Made a Purchase, имаат страшно добри конверзии и се неверојатно профитабилни.

    [+] Истиов бизнис е успешен и со трафик од други места како инстаграм или youtube но scale-ability е поспоро. Сепак за Македонски стандард многу лесно се стига до 500 евра месечно со било кој од овие методи. Јас бркам 1000-2000 долари дневно профит хаха, таков е стандардот тука во Калифорнија.
    [+] За најдобри совети од прва рака зачлени се на оваа фејсбук група - https://www.facebook.com/groups/ecomladder/

    Кога сме тука на темава. Јас го имам проучено и успешно тестирано целиов бизнис од почеток до крај но немам време да го реализирам. Мој близок пријател кој ми е ментор и веќе заработува околу 3000 долари профит дневно успеа само откако состави тим. Затоа вработувам 2 лица кои ќе работат специфични критични точки во бизнисов.

    1. Прва позиција: Пронаоѓање 3 потенцијални продукти дневно и внесување на сите податоци на веб страната. Јас ќе те тренирам до детал Каде се наоѓаат овие продукти, Какви продукти се бараат, Критериуми за снабдувачот од AliExpress, Import во веб страната, Уредување на сите информации за продуктот (Слики, текст, наслов, цена). Очекувам ова да одземе околу 2-3 саати дневно. Почетна плата: 200 евра месечно. Или 100 евра на секои две недели. Ако си во Скопје може кеш на рака од моите дома или можам директно на твој Paypal. Ако не си од Скопје ќе најдеме начин, не е проблем.

    2. Втора позиција: Креирање 3 квалитетни видео реклами дневно. Потребно е искуство со video editing. Јас користам Camtasia 9 и искрено потребно ми беше 1 ден да го научам цел софтвер. Не е потребно ништо повеќе од овој софтвер но потребно е да се реализира бараниот квалитет. Јас ќе те тренирам до детал Како изгледа успешна реклама, кои се сите потребни елементи во видеото, колку долго трае, каква музика, кој стил се користи и така натаму. Лесно се учи од примери, само си бара време и посвета. Очекувам ова да одзема 1 саат по видео но ако си талентиран може да се скрати ова време и на 30 минути. Почетна плата: 200 евра месечно. Или 100 евра на секои две недели. Ако си во Скопје може кеш на рака од моите дома или можам директно на твој Paypal. Ако не си од Скопје ќе најдеме начин, не е проблем.

    [Напомена] Платата е само почетна во склоп на буџетот што го имам одредено за тестирање на проектов ($2000 месечно). Ако имаме успешен бизнис, а не се сомневам во тоа, ќе ја дуплирам и ќе додадам процент од продажбата. Во зависност од вашата посветеност и вложен труд понатаму ќе разговараме за превземање поголеми обврски и поголемо сопствеништво во бизнисот.
    [Напомена] Го задржувам правото да ја го прекинам работниот однос со лицето кое не се приджува до бараните услови. Не прифаќам изговори. Оваа работа бара труд и посветеност. Верувајте, наградата ќе се исплати многукратно.
    [Напомена] Не прифаќам една апликација за двете позиции. Сакам да направам експерти за секој посебен дел од бизнисот така што дефинитивно ќе вработам по 1 лице за секоја позиција поединечно.

    Ако сте заинтересирани, пратете ми приватна порака со следниве информации: Име, Возраст, Телефон, Skype, Viber, Познавање на Англиски јазик, Маркетинг искуство, Претходни работни искуства, Успеси, Кој е вашиот извор на мотивација?. Ќе направам видео разговор со потенцијални кандидати и ќе одлучам со кои 2 лица сакам да работам.

    Поздрав и се најдобро! Темава е одлична, продолжете со солидни информации и јас ќе се вратам да додадам нешто ново.

    1. Бонус:
    Приметив некој заработува неверојатни суми од овој модел со помош на traffic oд Youtube. Креираат видеа со наслови како: 10 Cool Products You Would Never Know Existed! или Here's 10 Things you MUST take Camping! или 10 Products You Must Have At Your Home! Number 5 is Critical, и во видеата листаат продукти кои се уникатни и интересни, па во описот на видеата ставаат линкови од истите продукти на нивната веб страна и прават dropshipping од Кина. Пошто сите наслови и thumbnails се clickbait - Некои видеа имаа по 3-4 милиони views.. Тоа е страшно голем трафик кој и со најмал процент на конверзија резултира во огромен профит.
     
    На Conan, Infamous, Petrusevsky и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. bazhee

    bazhee Активен член

    Зачленет:
    11 Ноември 2013
    Мислења:
    119
    Допаѓања:
    31
    seophisticated kontaktiraj me na skype, imam predlog kombinacija.
     
  13. Ace

    Ace VIP

    Зачленет:
    11 Март 2014
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    12
    Испратено ПП.
     
  14. Gogo

    Gogo Нов член

    Зачленет:
    21 Февруари 2019
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    2
    Дали ќе можеш подетално да ја објасниш процедурата на примање на пари? Имаш поврзано Македонска картичка на PayPal, како ги вадиш парите, колку ти зема провизија итн...? Јас имам Хрватски пасош па планирам да си извадам Хрватска картичка и да ја поврзам со PayPal и Shopify. И дали данок ќе треба да плаќам во Хрватска или тука? По што планирам парите од Хрватската картичка да си ги вадам кај нас од банкомат. Секој совет е добродојден! Фала
     
  15. Ficiani

    Ficiani Нов член

    Зачленет:
    28 Февруари 2019
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво дечки. Заинтересиран сум да почнам со ова. Само ми треба одговор на брзо прашање, пошто све друго има по нетов. Дали може да се поврзе пејмент гетавеј со Shopify и 2CO, во МАКЕДОНИЈА, каде што јас ќе продавам НЕбрендирани прозводи?
     
  16. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,006
    Допаѓања:
    838
    Да, 2co и е единствениот начин за исплата во Македонија. Само малце се по ригорозни за одобрување. @gosi имаше пишано на постот погоре.
     
  17. Ficiani

    Ficiani Нов член

    Зачленет:
    28 Февруари 2019
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Денес ќе го почнам процесот на одобрување. Any tips? Како иде?
     
  18. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,006
    Допаѓања:
    838
    Гледај да немаш брендирани производи, страната да биде убаво целосно пополнета а не само нешто ситно.
    И да те одбијат еднаш ќе се корегираш и пак ќе побараш review.
     
    На Ficiani му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ficiani

    Ficiani Нов член

    Зачленет:
    28 Февруари 2019
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Кај payment method na 2checkout треба INTERNATIONAL_WIRE ?
     
  20. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,006
    Допаѓања:
    838
    Wire ти е за да ти пуштат пари на сметка во државава тука пример. Така да доколку немаш PayPal или Payoneer, тогаш Wire е опцијата за тебе :)
     

Сподели: