Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

SEO на нова страна?

Дискусија во форумот 'SEO' започната од Incognito007, 14 Јануари 2015.

  1. Incognito007

    Incognito007 Нов член

    Зачленет:
    14 Јануари 2015
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Само што започнав нова веб страна (сервис), има солиден контент, он-пејџ оптимизација, брзо лоадира. Но проблемот е како да ја рангирам подобро без градење на линкови? Не сакам да купувам, зошто слушам не било добро тоа моментално.
    Почнав и блог на страната, споделив нешто на Linkedin и на Facebook за да дојде некој посетител. Но реално нема органски посетители од Гугл.
    Прашањето ми е како да доловам посетители кога истите кога пребаруваат прилично бараат до првите две три страни а мојата страна излегува на четврта, пета и нагоре на Гугл.

    Некој совет, предлог од поискусните ако може?
     
  2. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Како прво ако не си на права страна од Google ретко кој ке те кликне. Второ за да бидеш на прва страна а нудиш некој сервис ти треба супериорен контент а не само солиден. Ако си почетник сигурно неможеш да знаеш дали ти е добра он-пејџ оптимизацијата, знаеш дека после Hummingbird се се сведува на Semantic Search. Како и да е, ако страната е нова нема така лесно да се рангира на прва страна од Google дури и ако имаш се супер направено. Потребно е да ја прикачуваш страната на директориуми кои се релевантни во твоето нише. Пример за локален бизнис секогаш ја поставувам страната на сите локални бизнис директориуми со иста адреса телефон и име. Мораш да добиеш некој линк за да почнеш и да добиваш авторитетност. Убаво си слушнал да не поставуваш линкови, но можеш да добиваш самиот линкови органски преку Content Marketing или Guest Blogging.

    разгледај ги блоговите на Moz.com има супер корисен материјал.
     
    На Incognito007 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Incognito007

    Incognito007 Нов член

    Зачленет:
    14 Јануари 2015
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Благодарам Горански за одговорот. Но во мојот случај се работи за онлајн сервис, глобален. Како тогаш да добијам некој линк? Знам дека не си должен да ми помагаш, но ако сакаш и имаш време би те замолил да ми пратиш некои линкови од статии, објаснувања за вакви работи кои би ми биле од помош. И дали споделувањето на содржината на Линкедин и Фејсбук има некое значење за Гугл?
    Најдов некои директориуми, дали се добри овие:
    linkbook.pcgraphicsolutions.com
    urlmoz.com
    pegasusdirectory.com
    a1webdirectory.org
    free-web-submission.co.uk
    alistdirectory.com
    findsites.net
    linknom.com
    backlinkpro.net
    abigdir.com/submit.php

    Благодарам уште еднаш !
     
  4. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Состави содржина која ке биде супер интересна како другите блогови би ја превзеле од тебе, во сдржината стави линк па така кој ке ја превземе ке го превземе и твојот линк. ОВие схто си ги испратил треба една по една да ги провериш на opensiteexplorer.com и да видиш кој се нај авторитетни т.е постирај на тие што имаат на 50 DA

    за статии неможам да губам време, ама можеш да побараш директно од Google
     
  5. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    392
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    @Goranski За страни за онлајн игри и страна за слики што би предложил? Таму нема којзнае што да се пишува. Јас тестирав на галерија направена на sites.google.com. Имав на секоја слика по 1-2 реченици текст. Почнав да градам разни врсти на линкови но релативни на моето ниче (неделно по 10тина) се тоа мануално и дојдов до 29 позиција и баталив...
     
  6. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    ако нема текст не очекувајте да рангирате во топ позиции, просто земи и објасни ја сликата, што има на неа, земи пишувај општо за нишот, има начин како да се напише текст, ама ако нема текст тешко дека ке рангира во топ позиции. Во моментво страните рангираат во топ 10 без линкови, добар квалитет на содржина, слики, видеа, пдф-и, и што по богата содржина.
     
  7. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    392
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Многу се двоумев и барав на интернет но не наидов на добар одговор...
    Дали е ова EMD
    exact-match-domain.com или само ова е EMD exactmatchdomain.com?
     
  8. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    и двете се ЕМД, но ако размислиш малце по широко, секој домејн е и ЕМД, така да и доколку е ЕМД со добра и квалитетна содржина, ке рангира супер, се уште има многу ЕМД-и кој се рангирани во топ позиции.
     
    На Ilishev му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: