Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Проблем со ранкирање?

Дискусија во форумот 'SEO' започната од Ilishev, 20 Јуни 2014.

  1. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Од 15 Јуни навака неможам да ранкирам ниту 1 страна. Да не го има некој истиот проблем? На BlackHatWorld наидов на тема каде што пишува дека веќе не е можно да се ранкира домен кој е пресно купен.
     
  2. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Решени се да не дозволуваат веќе мешкање од надворешни лица во нивниот алгоритам. Незнам за search-от ама на YouTube така е. Моментално со тоа се преокупирани.
     
  3. dorco

    dorco Активен член

    Зачленет:
    26 Јануари 2013
    Мислења:
    361
    Допаѓања:
    118
    што треба да ти значи тоа - мешкање од надворешни лица?
     
  4. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Значи не сум само јас. Прочитав на многу форуми дека треба време 2-3 месеца да се ранкира нов домен. Обрнаа внимание на churn-burn страните :) Полека но сигурно СЕО-то умира...
     
  5. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Злоупотреба на системот од некој кој не е од Google. Да речеме дознаам дека нешто многу го вреднуваат при ранкирање, правам еден blast, и оп страната ми е одлично ранкирана. Пример порано беше правење на илјадници форум беклинкови итн, ете сеа тоа не работи. Намерното "промовирање" со беклинкови, прегледи на видеа, или што и да е на кој било нивен продукт, веќе неработи или кога и да е нема да работи. Лесно или брзо ранкирање на што било од Google веќе нема да постои. А изгледа и веќе нема да прават големи апдејти на подолго време туку цело време ќе работат на тоа.
     
  6. asus

    asus Член

    Зачленет:
    22 Октомври 2013
    Мислења:
    45
    Допаѓања:
    20
    Facebook,Google што ли е следно? :(
     
    На kiko, FilipD и stefan_v им се допаѓа ова.
  7. conArtist

    conArtist Член

    Зачленет:
    1 Февруари 2014
    Мислења:
    68
    Допаѓања:
    37
    Не треба ништо да ве чуди, се' е тоа за да ве натера Google да користите AdWords, истиот случај како со Facebook фан страните. Не може денес да креираш страна, истиот ден ја бластираш со илјадници беклинкови и оп, одма на прва страна, пред некој кој со месеци се мачел на природен начин да ја ранкира.

    Се' е бизнис бе. Како што одиме напред, се потешко и потешко ќе оди заработката.
    Еве, веќе почнуваат реформи и во CPA. Очекувајте за некоја година намалување на payout-от за понудите и зголемени рестрикции. Затоа, не дремете за џабе, правете кеш додека се може.
    Јас веќе 1-2 месеци спремам blackhat стратегии, кога веќе "нормалните" стратегии полека изумираат, мора да се свртиме на другата страна.
     
    На Ilishev, kiko и stefan_v им се допаѓа ова.
  8. Nightwalker

    Nightwalker Член

    Зачленет:
    9 Февруари 2014
    Мислења:
    39
    Допаѓања:
    28
    Професија:
    Преведувач и толкувач, content writer
    Можеби умира онакво какво што го знаеме...
    Додека постои Интернетот (секогаш), ќе постои и СЕО.
    Само техниките и методиките се менуваат. :)
     
    На stefan_v му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Од моја гледна точка засега тешко е да се ранкира нов домен. Почнете да работите сега, резултатите ќе се појават за 2-3 месеца. Според мене ова можеби е и подобро, бидејќи што повеќе е постара страната се повеќе се покачуват PA,DA,CF,TF ... Со тоа Гугл твојата страна ја прави бренд, ќе се ранкира па и мислам дека не би требало во иднина да ја чепкаат. Можда BH сеото е живо но WH никако... Најмногу што може да стасаш на слаба конкуренција е до 2ра-3та страна. Можеби после некој месец ќе дојдеш до Топ 5 но тоа би било за 6-7 месеци, а тоа многу време.

    После потрошени 1000-1500$ по ранкирање (без резултати), направив добра стратегија за ранкирање на идните мои страни. Убеден сум во нив дека ќе бидат успешни.
     
    На LaFea и stefan_v им се допаѓа ова.

Сподели: