Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Предлози, идеи, стратегии (се што може да помогне во врска со бесплатно рекламирање на интернет)

Дискусија во форумот 'Интернет Маркетинг дискусија' започната од Ivana, 1 Март 2015.

  1. Ivana

    Ivana Нов член

    Зачленет:
    28 Февруари 2015
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    Некоја ефикасна идеја како можам да испромовирам некој нов бизнис, веб страна...? Без да користам платени методи како што се Google ad words, Facebook ads и слично.
     
  2. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Во зависност од тоа каков ти е вебсајтот, можеш да отвориш фејсбук страница и да ја шернуваш... не само фејсбук, туку буквално се'. Твитер, Пинтерест, Инстаграм, Фејсбук....
     
  3. FilipD

    FilipD Активен член

    Зачленет:
    4 Мај 2013
    Мислења:
    220
    Допаѓања:
    78
    Reddit, гугл алертс + блог коментари, пинтерест, yahoo answers лоооооол има многу начини.

    Во кој ниш си? Ќе ти кажам подетално.
     
  4. Ivana

    Ivana Нов член

    Зачленет:
    28 Февруари 2015
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    Вака, јас имам користено предходно Reddit и имам лошо искуство ми ги брише постовите нон стоп.. мене ми треба нешто кај што ќе можам да вметнам линк од Google url Shortener (goo.gl ваљда си запознаен) за да знам од каде ми доаѓаат кликовите , колку клика имам од која држава и слично. Ти спомна исто и Pinterest, истиот линк goo.gl.... го препознава како spam link на pinterest и не ти дозволува да го постираш ни на твојот pinterest профил. btw коа сме кај Pinterest дали има некој начин да си промивираш страна како што е можно и на Facebook Groups, Google Plus Communities. Дали постојат и на Pinterest такви групи...?
    Блог коментари? ваљда мислиш на блогови каде што веќе се дискутира пример на тема травел и ти се вметнваш со некоја спам порака: Здраво дечки бла бла... постираш линкот ..? сум пробала и тоа али често се дешава да треба да се направи апруф од администратор и тешко дека ќе ти го одобри администраторот... И на форуми истото... првин пишувам неколку nature post и после или ке отворам тема или ке се вметнам во некоја тема .. али често се дешава да ти ги избришат плус тоа сум слушнала дека има шанса ако претераш ке ти го суспендираат линкот од search engine на Google ? За Yahoo answers е добра идејата, баш ке пробам... а за Google alerts што би можела да направам... прв пат слушам за вакво нешто?
    Еве да кажеме темата ми е травел.. што би ме советувал ти?
    Фала ти однапред.
     
  5. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Зошто користиш Goo.gl? а не користиш Google Analytics? Најефикасно и најпопуларно во денешно време е промовирање на страна преку Content Maketing ем добиваш линкови ем посетители.
     
  6. Oliver

    Oliver Нов член

    Зачленет:
    21 Октомври 2014
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    0
    Професија:
    Student
    Многу битно за рекламирање на веб сајтот е како ги промовираш т.е. како ги објавуваш содржините на facebook.
    Најбитни се сликата од содржината и тексот над сликата. Тие треба да и побудат интерес и внимание на публиката кога ќе ја видат новоста за да ја отворат содржината (да кликнат на неа).
    Тоа повеќето портали го прават со пишување на клучни зборови во насловот на содржината од типот на ШОКАНТНО, НЕВЕРОЈАТНО, ЕКСКЛУЗИВНО и сл. а исто така многу е битно да имаш комуникација со публиката (пр. можиш да ги постираш содржините во вид на прашање, или пак со "Дознаете што јади Мадона за да изгледа толку привлечно на 50 год." и сл.)

    Ова се само дел од начините за рекламирање, ако знаете нешто друго можи да споделите со нас :D
     

Сподели: