Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Предлог...

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии и забелешки' започната од Martinovski, 11 Август 2012.

  1. Martinovski

    Martinovski Администратор

    Зачленет:
    21 Декември 2011
    Мислења:
    153
    Допаѓања:
    32
    Чисто онака би сакал да предложам на форумов да се додаде чат, како што е случајот со ИТ Форумот, да освежува на секои 60 секунди. Би било добро доколку сите присутни би можеле да си помагаме во живо без да се додаваме на скајп, мсн и слични Live Chat клиенти.
     
    На talevskiboss и Bubo им се допаѓа ова.
  2. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    И јас сум за. :)
     
  3. kiko

    kiko Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    278
    Допаѓања:
    106
  4. Колман

    Колман Активен член

    Зачленет:
    5 Мај 2012
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    100
    Па добро е да се има чат. Но тоа најдобро администрацијата да си реши, сепак одржување на форумов е нивна работа ние само рпедлагаме тие одлучуваат. Плус зависи и колку плагини веќе имаат инсталирано на форумов, дали ке може да издржи и плагин за чат, бидејки некогаш може да се јави преотовареност, технички грешки на форумов и да влијае на отимизацијата.

    А за да се има чат мора и членовите да знаат свесно да го користат. Обично со чат се намалува дискусијата на форумов. Ова е „мал“ со форум со помал број (активни) членови па чатот и не е толку лоша идеја. Но ако за секое проблемче прашуваме на чат, ке се загуби дел од дискусијјата на форумов, а и логовите од чатот се губат, па истите прашања во иднина ке бидат поставувани повеќе пати. На чатот не би требало да с еобравуваат корисни работи што би им користеле на сите, бидејки како што кажав се губат и ке ја видат помал број членови. Сепак поинаку е кога ке се отвори тема за тоа, темата сто секогаш, а корисникот ке добива и фидбек.
    Затоа ако се има чат, би било член од администрацијата или обичен член на форумов да напише кодекс на однесување за чат разговорите.

    Плус ја имаме офтопик секцијата каде не се бројат мислења и служи за опуштен моабет, па тоа е на некој начин како чат :D

    Јас не сум ни за, несум ни против, само сакав да си кажам мислење што е добро и што е лошо според мене во тоа :)
     
    На Аце му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    @Колман, па чатот ке го користеме како еј шо праеш, како е :D или па да се споделуваат интересни понуди од cpa мрежите... итд... И јас сум за.
     
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,015
    Допаѓања:
    844
    Веќе беше еднаш пишано за ова тука. Чет моментално нема да има се додеакa не дојдеме до одреден број активни членови.
    Зашто нема чет:
    - Затоа што ова е форум, дискусиите треба да се водат во форумите.
    - Доколку се додаде чет, никој нема да пишува во форумите, што одма би се променило се на форумов и не би бил повеќе форум.
    - Наместо чет, можете да пишете во офтопик форумот за одредена тема или користете ги можностите кои ви ги нуди форумот. Тука ви се конверзациите па доколку ви треба да прашате некого можете слободно да му пишете порака на еден член или повеќе (групно четување).
     
  7. томче

    томче дизајнерче

    Зачленет:
    8 Септември 2011
    Мислења:
    391
    Допаѓања:
    22
    Професија:
    ништо
    Па мој предлог е да се постави чет пробно, пример една недела да видиме како ке оди
    пример и јас не би сакал да се намалува дискусијата само на чет да се пишува, но со чет членовите би комуницирале во "реално време" без да пишуваат на форум секакви прашања
     
  8. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    чет може ама само приватно, real time разговор само помеѓу двајца онлајн членови. ако направите групен чат нема да дискутира ништо важно и нема да бидат одговорени многу битни прашања на форумот.
     
  9. POWER

    POWER Активен член

    Зачленет:
    31 Декември 2011
    Мислења:
    438
    Допаѓања:
    48
    Професија:
    Web developer
    maybe, a chat like that on facebook? :D
     
  10. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Филип, имаш ли ги прочитано правилата ? :D Македонски збореме :D
    И да... имаше таков додаток за vBulletin незнам дали за xen foro има, на мкдинфо.ком го имаше тој чат...
     

Сподели: