Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Предавања на Мирко Чешелкоски?

Дискусија во форумот 'Кафе Муабет' започната од Ilishev, 9 Септември 2013.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Ме интересира дали некој од форумов го следел курсот на г-дин Мирко Чешелкоски. Случајно сретнав реклама на фејсбук, и гледам дека има многу луѓе кои го следеле неговиот курс и почнале да заработуваат.
     
  2. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    94
    Професија:
    3D Modeling
    Оддамна сум ја забележал неговата реклама. Најверојатно има некој трикови во ракавот но ќе ти открие само третина од нив. (барем јас така мислам)
     
    На kiko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Првичното т.е општо предавање ти е бесплатно а курсот е мислам 200Евра и трае 1-2 недели. Затоа прашувам некој што е бил дали има нешто корисно од тоа или само општо зборува.
     
  4. aleksandar4o

    aleksandar4o Активен член

    Зачленет:
    7 Февруари 2012
    Мислења:
    415
    Допаѓања:
    187
    Па да ти кажам јас никогаш не сум бил на тие негови предавања, но еден батка кој се занимава со Адсенсе, ми рече дека негов другар приствувал на курсевите, дека го коштало околу 500 евра ако памтам добро, и дека ги учел глупости(т.е како да направат нов блог на блогер и слични срања) и дека немало некој баш совет.
    И јас искрено не верувам дека лесно ќе стекнеш некој метод, а на тој курс сигурен сум дека повеќе од 70% одат само луѓе кој што одвај знаат да се логираат на фејзбук, а пак амоли да размислуваат за интернет заработувачка. Еднаш имав зборвано со него, имам побарувано на интернет, гледам продава некојси ебоокс, демек како направил ХХХХ илјади долари во еден месец, само побарајго на гугл, ке најдеш тема на дигиталпоинт и ќе ги видиш и неговите ландинг пејџс.
    ПС гледам баги реклами има купено, не само на фејзбук на adf.ly ја има таргетирано македонија па скоро секоја реклама е негова Ha-Ha! :cool:
     
  5. Artweb

    Artweb Член

    Зачленет:
    12 Февруари 2013
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    18
    Toj човек е жива превара, ги лаже луѓето за да им ги собира парите. Ги учи како да стават адсенсе, како да си направат сајт, кои услови треба да ги исполнува сајот за да мозат да стават адсенсе, а сетоа тоа го има на нет бесплатно.
     
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,035
    Допаѓања:
    866
    Едно другарче ми ги испрати видеата снимени од некој од групите. Очекував да има нешто интересно пошто е на Македонски и може полесно да се научи дури и од newbies ама да бидам искрен немаше некои интересни работи, освен што ќе научите како да инсталирате, подесувате блог и како да правите exchange share на фејсбук, па затоа и не ги ни догледав видеата. За почетници курсот е океј, но на ИБиз има веќе многу напредни членови кои тоа го гледаат ептен basic.
    btw Мирко е регистриран член на ИБиз.
     
    На POWER му/ѝ се допаѓа ова.
  7. arso

    arso Активен член

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    46
    Бев јас на една негова презентација, целта е градење на сајт кој ке заработува со adsense, нема нешто посебно што изучува, така некој основни работи, константно нови текстови да се пишуваат на сајтот и активност на социјални мрежи. Пред 7-8 месеци курсот чинеше 20 000 денари, сега не знам која е цената.
    Едино што ми е малце чудно, он наведува дека секој што е заинтересиран за крусот треба да знае малце од малце англиски, основно, додека во едно видео што го гледав додека им предава, им вели дека треба да ги пишуваат они лично текстовите, е сеа како оди тоа пишување англиски со основно познавање...

    Иначе има успешни проекти од тој курс, овој сајт мислам е на еден дечко од Велес и убаво заработува.

    http://www.healthyfoodhouse.com/
    https://www.facebook.com/pages/Healthy-Food-House/107556589400543
     
  8. Artweb

    Artweb Член

    Зачленет:
    12 Февруари 2013
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    18
    Баш затоа велам дека е преварант. Се гледа дека единствено што му е важно е да ги собере парите на луѓето. Било потребно средно ниво на англиски, утре сабајле некој што ке подготви статија што незнае добро англиски или не требало големо знаенње од компјутери доволно било лајк и шер,пффффф, а луѓето треба да склопат сајт во вордпрес.
     
  9. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    типот ги тера секој ден да препишуваат артикли и да ги постираат, и сакал нејкел после 1 година постирање ке почнеш да влечеш трафик, ништо посебно од курсто, но добро за нубови кој врска немаат од страни и онлајн заработка.
     
    На stefan_v му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Да, сметам овој е онака за почетници курс. А дали вреди - незнам, не сум отишол ниту еднаш па да оценам.
     
  11. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    гледајќи еден мој познаник иначе тежок нооб, мислам дека вреди курсот за нубови. Само многу е скап, со тие пари плус нешто можеш да најдеш добар тренинг еден на еден со некој експерт.
     
  12. aleksandar4o

    aleksandar4o Активен член

    Зачленет:
    7 Февруари 2012
    Мислења:
    415
    Допаѓања:
    187
    Ауч ​
    Само колку BHW табови има горе :)) хеех​
     
    На stefan_v му/ѝ се допаѓа ова.
  13. arso

    arso Активен член

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    46
  14. Martinovski

    Martinovski Администратор

    Зачленет:
    21 Декември 2011
    Мислења:
    154
    Допаѓања:
    32
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
     
  15. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    94
    Професија:
    3D Modeling
    Денеска си има човекот бесплатно предавање :)
     
  16. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    тоа не е бесплатно предаванње, сигурно е презентација за да се зачлениш.
     
  17. Колман

    Колман Активен член

    Зачленет:
    5 Мај 2012
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    100
    Рекламата колку што паметам му гласи, „Скопјанец заработува 2500 долари/евра на ден“

    Ако заработува и пола од тоа на ден, или неделно, зошто си го троши времето продавајки го тоа на други, кога и самиот заработува повеќе од доволно?
     
    На POWER му/ѝ се допаѓа ова.
  18. freetime

    freetime Активен член

    Зачленет:
    11 Март 2013
    Мислења:
    36
    Допаѓања:
    43
    Колман да тоа прашање и јас си го поставив, еве вчера како реклама на фб видов дека земал солидна пара 2300 евра во една ден, а и како што кажува зима премногу "приходчиња" доволни за цела година да живееш.
    Еве пример сака да сподели со другите па и другите да заработуваат како него, но јас мислам дека ни би го направил тоа затоа што самиот си ствара конкуренција ...
    Вчера му пишам на фб го ладам му викам може во вашиот тим работам со ппд и зимам околу 2к долари месечно...
    После некое време ми вракја..
    - Еј братче ајде ке контактираме од Понеделник, па ќе ни кажеш како заработуваш толку многу пари па и ние да почниме со ппд ...
     
    На stefan_v му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    94
    Професија:
    3D Modeling
    Луѓе луѓе, зборете колку што сакате но јас мислам дека сеа тој добро си ја врши својата работа. Си одредил цел дека ќе подоучува и нормално дека ќе искористи се што знае и умее за да привлече посетители. Сите ние така би правеле да сме на негово место, нели? Само можам да му речам браво за упорноста!
     
  20. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Ха ... тебе ти вратил, а на мене не ми враќа кога му подарав мислење да продадам фејсбук фан страна со 320К :D
    Само едно сватив, човекот е жива превара. Доколку сака да им помогне на луѓето да заработуваат преку интернет тоа можел да го направи и бесплатно. Случајно наидов на неговите страни. На секоја страна си има поставено беклинк до некоја друга негова страна. Сите страни што му ги видов се пејџ ранк 3 и на секоја страна имаше за Адсенсе. Така да човекот си заработува преку адсенсе, ама не кажува конкретно како успеал и слично.... А сигурен сум да му пишам и јас дека заработувам преку адсенсе 1000+ Евра ќе ме викне на предавање да кажам како сум успеал, а тоа е + за него и негово надокнадување.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели: