Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Прашања за искусни и-бизнисмени стартување на нов сајт

Дискусија во форумот 'Веб страни' започната од kalco, 27 Септември 2015.

  1. kalco

    kalco Член

    Зачленет:
    28 Август 2013
    Мислења:
    63
    Допаѓања:
    19
    Професија:
    Web designer/developer
    Здраво Дечки ме немаше некое време и еве ме со едно прашање. Решив одоговорот на моите прашања да го барам токму тука бидејќи веруваме во вашето познавање и искуство.

    Јас работам како веб девелопер и не сум многу упатен во интернет маркетинг водите, но имам една идеа...т.е две идеи како сакате.

    1. Сакам да отворам два сајта кои ќе ми бидат поврзани меѓусебно поради трефик и слично, но ќе немаат иста содржина, а ќе имаат ист дел од домен (ibiz.mk и ifuny.mk) Двата ќе си имаат сосема различна содржина. Дали оваа идеа е ок и дали истата може да донесе негатвности?

    2.Сајтовите планирам да бидат со малку текст и со галерија од слики. (Пример. наслов, две три реченици и неколку слики). ДАли на ваков сајт може да ставам адсене легално без да бидам баниран и слични ствари?

    3. Имам најдено содржина која ќе ја користам (содржина која ја нема друг сајт туку само на социјални мрежи) ЌЕ го менувам текстот со оргинален (измислен). Дали може да се направи сео на ваков сајт? ДАли може да очекувам прва страна во првата година?... нормално ќе имам сео човек кој ќе го рангира.

    4. ДАли содржината да биде на Англиски или Руски? Имам ресурси да ја правам на двата јазика. или да ја правам двојазична?

    Имам буџет за целиот проект. Со што дизајн ќе правам сам, а буџетот ми е за сео, хостинзи и пишувачи. Колку иде од прилика плата за пишувачи?

    5. Што можам да очекувам првата година? (во цифри)

    ТОа би било тоа ве молам сериозни одговори, и ако ми текне уште нешто ќе се дополнам, и слободоб дополнете ме вие ако нешто заборавив да прашам а сметате за нужно да ми го кажете...Јас го истражив пазарот за двете ниџеа и се медиум за рангирање.

    Поздрав и ви благодарам.
     
  2. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    285
    Допаѓања:
    91
    Професија:
    3D Modeling
    Не би требало да донесе негативности, да можеш да очекуваш прво место доколку твојот човек е whitehat за да не ти биде само 2-3 месеци тоа прво место, ако ставиш на два јазика и до 30% може да се зголеми трафикот, од првата година зависи колку ќе имаш сообраќај со што ќе го монетизираш дали со адсенс или и о нешто друго...
     
    На kalco му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kalco

    kalco Член

    Зачленет:
    28 Август 2013
    Мислења:
    63
    Допаѓања:
    19
    Професија:
    Web designer/developer
    Кул! Значи таква страна може комотно да заработува од адсенс.
    Е сеа после колку време е идеално да аплицирам за адсенс?
     
  4. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    285
    Допаѓања:
    91
    Професија:
    3D Modeling
    Е тоа не знам дали ќе те прифатат на адсенс, знам дека треба да имаш барем 3-4 месеци старост на домеинот и минумѕм 40 постови итн... Исто така препорачливо е на секој пост барем 300-400 зборови.. Некој поискусен за тоа.
     
  5. AleksandarJ

    AleksandarJ Активен член

    Зачленет:
    18 Април 2014
    Мислења:
    263
    Допаѓања:
    97
    Професија:
    Article writer
    Имам еден клиент, имаше сајт со видеа од домашни миленици. Ме ангажираше затоа што од АдСенсе му замериле дека нема текст туку само видеа. Му пишував коментари од 50 збора за секое видео. Оригинални дескрипции. После 2-3 месеци му го скинаа адсенс без образложение (имаше 200.000 фанови на фејсбук на пример и не знам колку посети дневно 5.000 ваљда). Се отажа ама сега пак ме ангажираше. Направил нов сајт пак на ист принцип, обезбедил адсенс ама сега од старт има дескрипции и му пишувам по 100 или 200 збора дексрипции. Како ќе му оди не знам ама еве веќе два месеци пак работиме на новиот сајт.
    P.S. Не внимавам на СЕО а текст од 500 зборови на видео од 15 секунди на кое мачка ѕирка под куп алишта тешко некој да состави:) И да составиш нема да биде природно.
     
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,995
    Допаѓања:
    834
    Ќе имаш проблем ако сакаш само слики и малце текст.
    Ако си заинтерсиран за адсенс тогаш пиши ми ПП прибирам група на луѓе каде ќе имаат чекор по чекор како да се започне со адсенс...
     
    На Мане му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vlatkom

    vlatkom Нов член

    Зачленет:
    4 Април 2014
    Мислења:
    31
    Допаѓања:
    2
    Здраво, ќе ми треба некој да ми изработи едноставен сајт, со 2-3 содржини.
    Пишете цена во порака, па ќе се договориме :)
     

Сподели: