Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Помош околу e-маркетингот

Дискусија во форумот 'Платено огласување' започната од Dingo, 2 Април 2015.

  1. Dingo

    Dingo Нов член

    Зачленет:
    8 Август 2012
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Вака, имам веќе подолго време сајт, поприлично добро развиен и познат (до некој степен), но никако да оживее маркетингот на него, бидејќи преку маркетингот го гледам единствениот начин на заработка (повеќе ми е за плаќање на годишните трошоци).
    Воведот еден куп поволности од типот за по цена од два банери се добива гратис уште еден, како и можноста доколку некој се рекламира за прв пат кај мене, да добие уште еден месец гратис.
    Цените ги корегирав, односно ги намалив и покрај тоа што беа мали.

    Е сега сакам да прашам нешто, како да најдам некој да се рекламира кај мене?
    На неколку новосоздадени сајтови им имав испратено кратка презентација и информации за тоа да се рекламираат кај мене, секако ми вратија дека ќе разгледаат, но за жал ништо од тоа.
    Па сакам да прашам, дали знаете некои фирми или сајтови што би се рекламирале, што не би одбиле?

    Дали имате и вие некои предлози за уште некои финти, односно поволности како овие две погоре што ги имам за на мојот сајт?

    ps: линкот од сајтот не го објавувам за да не биде спамирање. доколку сте заинтересирани за линкот, ќе ви пратам по порака.
     
  2. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    земи испрати мејл до сите страни/продукти/фирми што им треба маркетинг и понуди им. Зошто само на новосоздадени сајтови?? тебе ти требаат фирми и бизниси, они се рекламираат.
     
  3. Dingo

    Dingo Нов член

    Зачленет:
    8 Август 2012
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Па не знам на кои им треба. Тоа е проблемот :(
    Може да ми помогнеш и да ми дадеш некои такви? На едно место ми рекоа да се обидам со Макпетрол и Алкалоид, што мислиш ти за ова? Имаш уште некој предлог?
     
  4. Artweb

    Artweb Член

    Зачленет:
    12 Февруари 2013
    Мислења:
    127
    Допаѓања:
    18
    Па стапи во контакт и пробај да ги убедиш зошто кај тебе да се ракламираат. Но мислам дека не е паметно директно да ги контактираш затоа што тие директно не со работуваат со порталите каде што се рекламираат, тоа иде преку маркетинг аганции. Пример: Aлакалоид преку нивниот маркетинг одел имаат склучено договор со некоја си маркетинг агенција а тие со сајтовите каде што ги пуштаат рекламите. Значи. Фирма-маркетинг аганција-твојот сајт.
     
  5. Dingo

    Dingo Нов член

    Зачленет:
    8 Август 2012
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ти благодарам. А може да ми предложиш некоја таква фирма за маркетинг? Знам за HTTPOOL или нешто слично беше, но како иде таа работа?
    Дали треба само да ги контактирам јас овие од формава, потпишеме договор и после они наоѓаат кој да се рекламира кај мене?
    Дали земаат некој процент од цената?
     

Сподели: