Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Нов во ибизнисот

Дискусија во форумот 'ИБиз WebStart дискусија' започната од Chakii, 28 Октомври 2019.

  1. Chakii

    Chakii Нов член

    Зачленет:
    28 Октомври 2019
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво,гледам дека форумов е стар но дека има некоја активност сеуште,нов сум на форумов но исто и со ибизнисот.Вака,овие денови читам секакви глупости по интернетот за тоа како да заработиш,но во очи ми падна околу ЦПА,барам некој кој ќе ми помогное или ќе ме упати до некаде за тоа со што би можел да започнам во Македонијава и дали вреди да се проба ЦПА или имате некоја друга понуда?????
     
  2. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    289
    Допаѓања:
    94
    Професија:
    3D Modeling
    Вреди. Имаш повеќе начини за заработка со ЦПА, но сепак, големите пари се прават со paid traffic. Значи како и секој бизнис мора да дадеш пари и да изгубиш па да научиш. Како почетна инвестиција, барем 500евричи да имаш.
     
    На Аце му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Би ти препорачал најпрвин да поднаучиш за начинот на кој што сакаш да заработуваш. Од кога ќе одлучиш, пронајди што и како можеш тоа да го направиш. Може ќе потрае време ама ако не се откажуваш секако ќе успееш. Немора да значи дека мора да се инвестира, има многу ресурси кој не се наплаќаат. т.е немора да почнеш со најтешкото т.е со Paid Ads. Подобро би било со органски трафик од ФБ/ Инстаграм/Редит итн.

    Потроши повеќе време во планирање на целиот процес, направи си анализи што можеш а што не и на крај почни со работење.
     
  4. Chakii

    Chakii Нов член

    Зачленет:
    28 Октомври 2019
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Веќе повеќе време истражуам и неможам да најдам форум или некој сајт што ќе можам да прочитам за ЦПА од А до Ш што би рекле, прво да знам со што си имам работа па после да почнам ко што велиш ти, а за откажување тешко дека ќе се откажам не оставам туку така кога знам дека можам да створам нешо BTW фала на советот
     
  5. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,015
    Допаѓања:
    844
    Добредојде Chakii на ИБиз. Порано имаше доста активни теми за CPA. Има многу начини треба да си најдеш кој според тебе би бил по лесен да го правиш или следиш.

    Многу од „дневниците“ со CPA се најчесто со Instagram + CPA што реално за почетници носи пари ако знаеш како да избилдаш добар Инстаграм профил и да пушташ линкови до одредена понуда.

    Пиши ни што повеќе те интересира како би ти дале подобри насоки.
     
  6. Chakii

    Chakii Нов член

    Зачленет:
    28 Октомври 2019
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Епа вака сега, истата ден кога го напишав оној коментар погоре т.е 31октомври, ми се појави нешто околу Dropshippging hm :) .Прочитав нешто и ме заинтересира и почнав да пребарувам низ гугл и платформи како quora и Reddit и уште толкѕ се заинтересирав, и денес седам пред компјутер, гејмам и размислувам и еве одлучив да правам вебсајт со дропшипинг, деновиве планирам да направам план околу тоа,да видам со трошоци и се надевам ќе започне се во најдобар ред :), за една недела ми се разјаснија многу работи околу дропшипингот,youtube видеа и слично ми разнасјиа и ме убедија да започнам со ваков сајт. Само едно нешто не ми е јасно околу дропшипинг со Shopify и Oberlo, другар кој работи со freelancing вели дека за дропшипинг морам да имам пријавено фирма во ујп за да работам како дропшипер, дали е неопходно да се пријави фирма во ујп бидејќи ако пријавам фирма има да ме изгорат со данок и тие сранја, некаде прочитав дека може и со LLC(што првпат дознав за ова во средата) преку САД,а некои статии велат и дека можам индивидуално без никакви пријави во ујп и сега незнам кому да верувам :)
     

Сподели: