Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Не се ограничувај, биди креативен!

Дискусија во форумот 'Кафе Муабет' започната од Аце, 6 Јули 2012.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,035
    Допаѓања:
    866
    Гледам дека доста членови на форумов успешно се заниаваат со CPA дури и веќе си влегоа во бизнисот и си заработуваат, некои пак мака мачат да бидат прифатени па се вртат во оној круг каде што пак се на почеток за обид за да бидат прифатени во некоја од CPA страните..

    Дали знаете дека на ИБиз форумов има теми кои што можеби не ги забележувате но доколку ги искористите сите можности кои ви ги нудат тие теми можете да дојдете до добра заработка, не зборам за CPA.
    Доколку не ве бива во CPA прашајте, доколку повторно бидете одбиени видете каде ја правите грешката и поправете се. Секое исчекување за да бидете прифатени на некој CPA сајт и на крај да добиете одговор дека сте одбиени е демотивација. Не се демотивирај!

    Доколку пак немате идеа како да промовирате услуги преку CPA разгледајте го форумов, контактирајте некој од членовите кои веќе активно е навлезен во овој дел, контактирај го и замоли го да ти помогне. Верувам дека ќе добиеш добар совет.

    Да оставиме CPA на страна.
    Дали сте размислувале за друг метод на заработка? Ги има премногу.
    Fiverr, ова е еден одличен сајт за старт кој може да ви донесе голем профит. Немаш идеја што да предложиш? Зашто не го разгледаш форумов? има една тема која може да покрие добри 3-4 gigs кои верувам дека ќе имаш продажби! Треба само да ја најдеш таа тема и да искористиш максимално се што може да ти понуди..
    Верувале или не секој gig кој го имам е направен да не ми одзема повеќе од 15-20минути а сеуште имам продажби, зашто да не имаш и ти? Само треба да го разгледаш форумов и да го најдеш тој извор...

    Не ти е ова доволно?! Океј, пред некое време имаше тема за купон за bing со некаде 300$ за рекламирање. Се надевам ја искористи таа промоција, сега размисли на што би го потрошил тој купон? Можеби за рекламирање на некој продукт? или твој сајт со affiliate продукти...

    Не се ограничувај! биди креативен!
     
  2. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Ова ти е супер. Но кога ке те демотивира едно нешто, тоа не го контролираш ти, него ситуацијата у која си... можеш да продолжеш и да продолжеш со работа, ама тоа што ке го правеш, нема да те задоволува ;)
     
  3. Колман

    Колман Активен член

    Зачленет:
    5 Мај 2012
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    100
    Fiverr е одличен сајт, вејке трет ден сум на него и имам зарабока од 16 долари. Она што ми е уште побитно се надевам ке го задржам рејтигот од 100%. Имав некои проблеми со еден гиг, но едноставно понудив се што можев и добив позитвина репутација.

    Инаку искрено гиговите со кои работев повеќе време ми одземаа додека ги напишам и поставам на сајтот(лош сум со англискиот), одколку да ги извршам. За извршувајне ми беа потребни буквално 5 минути.
    Се надевам дека ке продолжам вака, по 1 гиг во денот да извршувам ми е сосема доволно, етети пари за џепарлак. Со оглед на тоа што сум почетник, би бил задоволен со секоја сума, но сакам да ми се цени и трудот. На фивер тоа го најдов и засега не размислувам да пробам друга метода, ке видиме потака.

    Значи најбитно е да не се демотивирате, кога ке ја добиете првата сума ке добиете и мотивација, ке сватите како функционираат нештата и ке е полесно. Нормално ке има кризни моменти, моменти во кои немате иновативност, но нетреба да се откажете.

    Интересна работа била Е-бизнисот:D
     
    На Аце му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: