Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Насоки за почетник?

Дискусија во форумот 'Почетник си?' започната од МартинСК, 17 Јануари 2014.

  1. МартинСК

    МартинСК Член

    Зачленет:
    17 Јануари 2014
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    21
    Вака сега, не сакам да поставувам глупави прашања пошо ваљда има доста такви у темава. Пробав да пролистувам низ форумов за да дојдам сам до одговори, доста ствари ми се појаснија, но доста ми се неповрзани. Единствено нешто што почнав засега е Fiverr, направив акаунт следев ваши инструкции, па ќе видиме како ќе иде. Прочитав доста за addmefast, clickbank, seoclerks но доста од тие работи беа неповрзани. Би ми било од голема помош да ми дадете насоки(во форма на линкови до теми, е-книги, туторијали или било што) за тоа во кои сфери и на кои начини би можел јас како почетник да напраам ситен почетен профит, колку за мотивација. Ви благодарам, па се надевам дека ќе можам и јас некако да ви се оддолжам. :)
     
  2. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    Треба креативност за повеќево начини на заработка. Еве за фивер ти треба оригинална и креативна работа што сите би ја барале, а веќе има илјадници други пооригинални и подобри од тебе кои ти се конкуренција.
    На сите фриленс сајтови треба да се истакнуваш и разликуваш од другите. Кои и да ти се познавањата, биди сигурен дека има друг подобар и поефтин од тебе што ќе се пријави на истата работа. Затоа треба креативност во пополнувањето на профилот и пријавите. Се разбира и добро портфолио.
    За да направиш страна па преку неа (дали преку реклами или продавање статии сеедно) да заработуваш ти треба пак креативност и да бидеш оригинален. Покрај тоа што ти треба искуство за правење сајтови, СЕО. Ако па правиш сајт за некое ниче, такви ги има милиони, ќе мораш да се истакнуваш од другите со дизајнот и статиите, покрај тоа што ќе мораш да имаш големо познавање од СЕО.
    Не сум многу запознаен со аддмефаст, кликбак и сличните, но верувам дека и таму имаш многу голема конкуренција.
    На интернетов и на форумов има многу туторијали и водичи за заработка, но никаде нема начин да ти вметнат креативност или да ти дадат идеја бесплатно :) Техничкиот дел, тоа што се учи е лесно, но тешко е да се биде оригинален и да се стигне до идејата.


    Е сега, ако не си креативен и немаш идеја за работа што можеш да ја продаваш на фивер (џабе труд), можеш да работиш на сајтови како MicroWorkers па да заработиш некоја ситна сума за многу работа, колку да те мотивира.
     
  3. МартинСК

    МартинСК Член

    Зачленет:
    17 Јануари 2014
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    21
    Абе добро, јас не ни очекувам дека ќе напраам некои огромни пари преку ноќ, али мора да почнеш од негде да учиш и да пробаш нешто, ако размислуваш така дека сегде е голема конкуренцијата и дека не можеш нишо, ондак нишо нема да постигнеш никад. Ќе пробам за почеток со MicroWorkers па ќе видиме како ќе биде.
     
  4. CofD

    CofD Активен член

    Зачленет:
    5 Декември 2011
    Мислења:
    202
    Допаѓања:
    28
    o_O Да сум го прочитал ова твоево пред да почнам, немало ич да почнам.
     
    На МартинСК му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Не си го губи времето таму... почни CPA... имаш еден катаљон дневници тука, гледај земи пример од нив како работат шо користат, прави и ти така :D
     
    На МартинСК и default им се допаѓа ова.
  6. darky

    darky Активен член

    Зачленет:
    26 Февруари 2012
    Мислења:
    148
    Допаѓања:
    74
    +1 за ова!
     
  7. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    Не треба да ве демотивира моето, тоа е реалноста, за жал. Му давам само совет ако не е креативен џабе да не губи време на фриленс сајтовите, посебно фивер.
    Баш да видиме што ќе направи Мартин, ќе видиме за 2-3 месеца. Обично луѓето се откажуваат многу рано.
     
  8. CofD

    CofD Активен член

    Зачленет:
    5 Декември 2011
    Мислења:
    202
    Допаѓања:
    28
    Имам гигови кај што препродавам ствари, секако со одобрение и имав многу порачки на нив. Каде е тука креативноста? На фрилансер 2 работи имам направено (пред 2-3 години) и профилот ич не ми беше полн, какво портфолио какви бакрачи, освен име немав ништо. Пишав нешто се фалев дека сум најдобар и ме одбраа. Едната работа постирав на македонски форуми, а другата средување јутјуб акаунт. Го средив изгледот (тогаш каналот имаше други гомна, позадини, едно, друго) и земав од фивер фејк сабскрајбери. Ни ова не е нешто којзнае што креативно. Сепак ова твоево е многу демотивирачко. Ако ти не си успеал незначи дека нема ни тој. Ако не тече ќе капне! :D
     
    На МартинСК му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Дечко ти нешто многу креативен си. Не можеме во креативност со тебе тоа се гледа од постов. Иначе има многу други начини за заработка кои не се креативни.
    --- Надополнето, 20 Јануари 2014, Дата на објавување: 20 Јануари 2014 ---
    како почетник те советувам да научиш Wordpress HTML и малце графика. Почни да правиш блог и да постираш свежа содржина. Аплицирај за Адсенсе и Амазон. Промовирај производи.

    ЦПА е напредно правење на пари, иако тука има доста што заработуваат на превари со цпа, т.е даваат лажни содржини што во долго време е лоша работа. Порано или покасно тоа ке згасне и автоматски тука ти завршува се. Доколку правиш ЦПА сајт, гледај тоа да ти биде легит.

    Според мене најлесно и најбрзо со ЦПА можеш да заработиш на ADULT ЦПА понуди. Побарај низ форумов, Bok1ca имаше добар пост околу тоа.
     
    На МартинСК и kon им се допаѓа ова.
  10. buli

    buli Член

    Зачленет:
    31 Јануари 2013
    Мислења:
    71
    Допаѓања:
    13
    Ако на некој пазар конкуренцијата е голема, значи понудата ја вреди. такашто само напред!
    Ако не можеш да леташ, тогаш трчај! Ако не можеш да трчаш, оди! Ако не можеш да одиш, лази! Како и да е, не стој! Движи се напред!
     
    На МартинСК и Bubo им се допаѓа ова.
  11. МартинСК

    МартинСК Член

    Зачленет:
    17 Јануари 2014
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    21
    Фала ви на сите за советите, ќе посветам прво некое време да се едуцирам за ствариве шо ми ги предложивте, па ќе ве известам шо ќе почнам и како ќе напредувам. :D
     

Сподели: