Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

[мини план] Сајт за гледање филмови онлајн со МК превод

Дискусија во форумот 'ИБиз WebStart дискусија' започната од tool, 12 Јули 2012.

  1. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    Колку почнав да замарам со ова... :) Пробав јас да направам и секогаш заглавував во темата. Така да, ќе пишам се што ми беше во план со сајтот па некој од вас ако сака може да го почне сајтот. Јас единствено можам да помогнам со совети, преведување и некоја рачна работа (пишување постови, хостирање видеа), всушност целата работа откако ќе се среди дизајнот и back-end на страната.

    Да почнам прво методи на заработка бидејќи таков е и форумов.
    1. Маркетинг. Не се надевајте многу на македонски компании да се рекламираат бидејќи тешко дека ќе се нафатат на пиратски сајт. Маркетингот може да биде на странски страни или продукти. Има многу што бараат рекламирање на нивниот продукт. Ова бидејќи ќе биде страна за гледање филмови ќе можете да барате некои мали продуцентски куќи (странски се разбира) или некои „маалски“ екипи што прават филмчиња и да им нудите реклама на нивниот филм (обично кратки филмови прават). Може да биде тотално различна страна од темата на вашата страна, сеедно, битно ќе продавате рекламен простор.
    2. Реферал линкови. Многу страни нудат пари со реферали, PTC на пример. Кога ќе имате повеќе реферали нема ни да треба вие да кликате. Ова би можело да влезе во маркетингот - вие ќе го пополните рекламниот простор со вашиот реферален линк.
    3. ВИП членство. Со закуп на вип членство (дали ќе биде плаќано месечно или бескрајно зависи до вас). Вип членовите би имале придобивки како гледање на некои филмови и материјали што тешко се наоѓаат (а лесно се наоѓаат доколку знаете каде да барате). Гледање филмови без чекање, без реклами итн... Исто ќе имаат привилегија при предложување на филм, повеќе за ова ќе пишам понатаму.
    4. Донации. Во МК не успева баш „молењето“ за донации, но што знам - можете да си ја пробате среќата бидејќи филмовизија.ком зимаат добри пари од донации, а и кинотека.мк собраа нешто кога побараа.
    Ова е се што знам јас, а сигурен сум дека вас ќе ви текнат и на многу повеќе начини на заработка. Штом ги имаш посетите, лесно е веќе понатаму.
    5. Видео хостинзи што плаќаат од прегледи, има повеќе такви. А вашите видеа ќе имаат повеќе гледаност

    Загарантирани посетители бидејќи сите бараат и гледаат филмови. Македонците се големи мрзи и не се запознаени доволно со пиратеријата и торент сајтовите, па не знаат каде и како да најдат филмови и преводи. На вашата страна се ќе им биде ставено на тацна. Брзо се шири страната преку фејсбук бидејќи цело време посетителите бараат филмови да бидат ставени на страната, лајкуваат, коментираат. Ги знаете методите за добивање повеќе лајкови, а лесно ќе ви биде бидејќи имате добра тема на страната
    Покрај социјалните мрежи, луѓето секогаш бараат предлози од пријатели и ќе се шири странава и меѓу приватни муабети, чатови, whatever.
    Кинотека.мк и movie.mk се два примера што многу брзо се издигнаа со посетители. 20 000 лајкови добија на фејсбук и двете страни за само неколку месеци без никаков платен маркетинг.

    За содржина е најмал проблем. Наоѓање филмови е лесно, а веќе има илјадници преводи на титлови.ком. Исто и преведување на нови филмови нема да биде проблем. Јас сум тука, можам за еден ден максимум да преведам филм, а сигурен сум дека и ќе најдете некои дечишта што ќе ви работат за 100денари од превод :)

    Можете да додадете ново нешто - предлози од посетители. Посетителите да предложуваат филм, а тој филм што ќе добие најмногу гласови (или лајкови ако го спроведувате ова преку ФБ) ќе биде поставен на страната. Ова можете да го правите секоја недела. За 6 дена, филмот што ќе има најмногу гласови ќе биде поставен за еден ден и истиот ден се почнува со нови предлози. Вака, посетителите ќе собираат пријатели да гласаат за нивниот предлог и ќе ви се намали спамот по мејл и социјални профили како „ej aj te molam staj go ovoj film". Гледам по ФБ профилите на вакви сајтови најмногу коментари и постови има каде што луѓето бараат да се постави некој филм.

    Моментално немате конкуренција. Кинотека.мк, movie.mk, gledajiti.com пропаднаа. Единствена страна е http://kinomanija.net која е катастрофално обработена и несредена, водена од деца и филмовите не се со МК превод. Бумбар.мк имаат сервис кинотека на кој филмовите не се уклучуваат.

    Дизајнот јас го замислував едноставен, минималистички и темен. Почетната страна сакав да биде само лого, категории и слики (постери) од филмовите, а кога со маусот ќе отидеш врз сликата, да ти се појават информациите за филмот (жарн, наслов, мал текст) и да можеш да кликнеш и да те однесе директно кон постот.

    Некои други мали работи:
    - да има рејтинг систем (лесно остварливо) и ќе додадете некој виџед или било што како Топ 5 филмови (според рејтингот)
    - да се додаде similar posts плагинот за да им ги предложува сличните филмови, да не се мачат да прешуваат „дај кажи некој добар филм како оној“
    - ДА СЕ ОСТАВА ПОТПИСОТ НА АВТОРОТ НА ПРЕВОДОТ. Ова до сега не го правеа на другите сајтови. Крадеа преводи и пишуваа нивни потпис на преводот. Бидете фер.
    - да има категорија новости, тука ќе се ставаат нови најави за филмови, трејлери, новости за актерите и режисерите итн.
    - ако успеете да направите некое партнерство со МК страни за филмови (пример http://movie.mk, http://filmovi.com.mk, http://kino.mk). Можете да ги вадите новостите и статиите од кај нив и да не пишувате вие. Да не ги копирате туку да ви пратат некаков фид за директно да идат кај вас. Со кино.мк (или кинотеките) можете да доделувате бесплатни карти за на кино. Размена на банери се разбира...

    Ова се неколку теми за ВП што ги најдов и се добри:
    Grid Theme Responsive - бесплатна, со добри функции и опции
    ReviewIt - премиум, со многу функции и не е лесна за средување. Има имплентиран buddypress и е многу добра доколку знаете како да ја средите. Ќе имаат посетителите опција за профили...цела социјална мрежа за филмови.
    VideoX
    VideoFlick
    VideoGrid
    Blocco - многу интересен и привлечен дизајн
    Доста ви е овие предлози, има повеќе можете да најдете нешто друго ако овие не ви се допаѓаат.


    Се изнапишав :) Тоа е се, не дека открив нешто ново, туку чудно ми е зошто сеуште нема ваква страна, а има загарантиран успех. Јас сум тука колку можам ќе ви помогнам, а ако сакате и слободно „украдете“ ја идејава
     
  2. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,020
    Допаѓања:
    848
    Имало претходно вакви страни и го имале истиот план што го имаш и ти пишано.
    Ќе пишам нешто за точките кои ги пиша:
    1. Никој нема да се рекламира без разлика странец или македонец. Македонец нема затоа што е пиратерија, а странец затоа што групата која го посетува сајтот (Македонци) не му вршат никаква работа на него и неговиот бизнис.
    2. ...
    3. Секој сака гага така да не верувам дека ќе се купуваат вип членства.
    4. ...
    5. Единствено нешто што е океј, ама незнам дали остана некој добар видео сајт кој што наплаќа добра сума за гледање на видеа...

    Како што пиша и самиот не откри нешто ново но причината зашто нема вакви страни е затоа што не успеале да извлечат профит од тоа што го правеле пред 1-2 години и со тоа решиле да им стават крај на трошоците кои ги имале (хостинг, домен, etc..).
     
    На tool му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    Филмовизија имаат вип членство и го купуваат. Добро се држат они и со посетители и најверојатно со профит. Колку донации примаат не знам но претпоставувам и од тоа добиваат нешто - бар за да го исплатат хостингот.
     
  4. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,020
    Допаѓања:
    848
    Филмовизија не е македонска или јас грешен линк отварам.
     
  5. BlackHat

    BlackHat Активен член

    Зачленет:
    22 Јуни 2012
    Мислења:
    132
    Допаѓања:
    52
    Ова нема да успее тука. Народот нема пари за леб, а па за VIP да не зборам... Џабе ќе си вложиш трудот, наместо пари може и некоја кривична да си заработиш.
    Обично блогче на blogspot, со original content и AdSense, ќе прави 3 пати повеќе пари од овој сајт - проверено!

    Е сега мора труд за оригинал содржина и треба да објавуваш барем 10 постови (над 300 зборови секој пост) дневно.
    Легални пари, да ти биде мирна душа. :)

    + Никој нема да сака да се рекламира на пиратски сајт, а повеќето знаат да си симнат филм. :)
    Сепак, ова е мое мислење, немој погрешно да ме разбереш.
     
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,020
    Допаѓања:
    848
    Нека купат 3 ниче страни за тие пари кои планираат да ги инвестираат, нека закачат Adsense = profit.
     
  7. BlackHat

    BlackHat Активен член

    Зачленет:
    22 Јуни 2012
    Мислења:
    132
    Допаѓања:
    52
    Вчера понудив јас 3 домени за 500 акаунти, тоа можеа да го искористат.
     
  8. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    Филмовизија срспски е мислам, но добар за споредба
     
  9. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Епа со оглед на ситуацијата у Македонија и Србија ... далеко сме од нив :D
    Не се сите Македонци како нас тука на оваа заедница ... повеќето шо не знаат да симнат филм, а уште помалце се трудат да најдат да симнат филм + превод, одат да гледат онлајн, оваа група на луѓе само ке ти ги гледа филмовите, а нема ни вип членство да порача, пошо не ми се верува да не знае филм да симне а да има пејпал/скрил/пејза аканти + пари на нив ... И секој добро упатен корисник на интернет, ке сване дека подобро му е да симне филм, одколку да го гледа на интернет, пошто ке му го лапне интернето 10 пати повеќе. Едино, со лајв стримови ако имаш желба и моќ. Јас гледам на интернет само 1 серија ... и тоа епизодите излеват секоја недела ... 21:00 саат на TNT е сеа пошто не фаќам TNT дома, гледам на интернет. Серијата се вика Falling Skies, и сега дават 2ра сезона. Колку за инфо.
     
    На tool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Јас имам размислувано околу оваа идеја уште претходно. За хостинг не би требало да е потребно многу, бидејќи филмовите ќе ги преземаш од други страни.

    Инаку, BlackHat што рече дека може да добиеш кривична, за да се заштитиш можеш да направиш систем со корисници кои би ги поставувале видеата наместо сајтот, па тие би одговарале за тоа дали се оригинал или пиратерија.

    Само единствено не знам како би можел да се монетизира, можеби со PPV што е споменат во друга тема?
     
  11. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    tool.. се она што го напиша, ти држи место. добро смислено за тоа како треба да изгледа еден movie сајт.
    штета што за македонија, тоа директно не може да се монетизира.
    индиректно.. може.

    ете, да речеме, го направиш/ме сајтот и да почнеме да ставаме филмови на него, го украсиме со разно-разни гаџети, финти, рангувања и се она што го опиша ти.
    и..
    луѓе почнуваат да доаѓаат на сајтот.
    за луѓето да ги гледаат филмовите ќе треба да се зачленат на сајтот.
    за да се зачленат на сајтот, ќе треба да ги остават своите детални податоци. значи покрај име, презиме, адреса, е-маил итн. да треба да пополнат и една дооолга форма, односно анкета (survey) и тука ги прашуваш некои навидум глупави (ама смислени) прашања.. од типот.. шознам... мм.. "Дали кога се качувате по скали имате потешкотии со дишењето?" (карикирам тука.. иако ова треба добро да се смисли)...
    ако одговорат "да", ондак им ставаш таг: срцеви проблеми, неактивност, потреба од фитнес (и слично) и ги ставаш кај тебе во база.

    во меѓувреме, во Disclaimer-от на сајтот, кога ја пополнуваат формата (со мали букви, ко што прават банките) пишуваш: "Со пополнување на овој формулар, се согласувате да бидете контактирани преку е-маил, телефон или директно од страна на нашите маркетинг партнери".

    и да речеме, во рок од 5-6 месеци, собереш 20.000 посетители/членови кои си ги оставиле податоците и имаш детална претстава за нив, заедно со распределба на кој што му фали/треба/сака.
    е кога веќе ќе ја имаш таа база со податоци, можеш да се обратиш кај некои маркетинг агенции кои се занимаваат со директен, интернет и е-маил маркетинг и можеш да им ја понудиш таа база со податоци од вистински луѓе, да им ја продадеш, па они нека им пуштаат мејлови, нека огласуваат, нека ги бараат по телефони и слично.. тебе не те интересира, ти битно си ја наплатил базата.. не само на една, туку на 5-10 агенции, пута толку и толку пари... ете ти заработка :)

    или ако сакаш да бидеш ептен фраер, ондак можеш да отидеш кај некој бизнис, на пример.. фитнес клуб и да му речеш: Имам база со податоци од луѓе кои би биле твои потенцијални клиенти.. сакаш ли да те рекламирам?
    и можеш да се договориш со фитнес клубот, дали да ти плати one-time fee за остварените контакти или да ти дава процент од секој нов член кој ќе се зачлени преку тебе и тоа да ти дава процент за секој месец во текот на една цела година.

    ова се само примери кои ми паднаа на памет дур го пишував ова.
    и како ги кажувам примериве, така капирам дека вакво нешто многу лесно ќе ти пројде да бевме во америка.. ама за жал не сме.
    овде ја нема етиката во бизнис работењето.

    маркетинг агенцијата ќе ти рече.. ахам, да, ќе ти платам за едно 60 до 90 дена и прашање е дали ќе ти плати.
    фитнес клубот ќе ти рече: важи бе, ќе ти давам процент за секој нов клиент. и ќе ти даде, процент за првиот месец, може и за вториот.. ама третиот и натака може да рече: Не ти давам процент.. ми моеш нешто? :)

    е јбг момци.. така функционираат работите кај нас.. за жал.
     
    На Accipiter, kon и tool им се допаѓа ова.
  12. Chuck Norris

    Chuck Norris Активен член

    Зачленет:
    28 Декември 2011
    Мислења:
    250
    Допаѓања:
    33
    Многу убаво и детално осмислено. Одлична идеја. Еве јас сум за, само за сајт кој ќе биде екс-ју. Ќе има знаменце да се избере на кој јзик да е сајтот (нешто како titlovi.com) со тоа што на секое пуштање на филм да може да се избере каков превод сакате (би додале и бугарски, имаат многу преводи и се рекламираат многу). И пример би имале мк.сајтот.ком, бг.сајтот.ком, кро.сајтот.ком итн. и за клиенти од Хрватска може да се понуди реклама на кро.сајтот.ком итн. Како што збориме цело време, компании нема да се многу заинтересирани за маркетинг на ваков сајт, но затоа продавање на е-маил адресите би било одличен начин на профит. Замунда иако е торент сајт сепак има голем број на реклами и е профитабилна, што значи може да се најдат клиенти и за пиратериски сајтови. Евентуално после надминување на 100к посети дневно да кажеме, може да се постави некој и лимит од 1 филм на 2 дена, а за неограничено гледање ВИП членство што би било некоја смешна сума на пари која кога ќе се помножи да речеме со 10к членови ќе се добие супер заработка.
     
  13. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Доколку некој има заинтересиран за ваков сајт и има познавање од Јава нека ме контактира, имам идеја, би можеле нешто да направиме. :)
     
  14. antisec23

    antisec23 Баниран

    Зачленет:
    3 Јуни 2012
    Мислења:
    66
    Допаѓања:
    9
    Професија:
    Programing
    имам познавање од јава исто така ке имаме и фрее домен хостинг имам пријател хостер од португалија така да :thumbsup:
     
  15. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    Како и што претпоставував. http://kinoteka.org е нов сајт, а моментално има 11000+ лајкови на ФБ
    Ќе видиме и оваа колку ќе издржи :) Јас типувам уште 2-3 месеца
     
  16. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Баш штета што ваквите корисници на вакви сајтови немаат блага веза од дизајн... :/ Почнувајки од менито..
     
  17. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    Епа тоа е проблемот. Тешко дека македонски компании ќе се рекламираат на таков сајт, а администраторите најверојатно не се доволно искусни за да ги искористат посетите и лајковите. Без многу добар дизајн и оригиналност се добива 11000+ лајкови, се мислам само колку би добил добро направен сајт :)
     
  18. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,020
    Допаѓања:
    848
    Кажете ми под добро направен сајт што подразбирате?
    Мене сајтот ми се допаѓа. Едноставен и толку прост што и најретардираниот чоек може да најде филм и да пушти. Не е се до дизајнот. И престанете со тие македонски компании веќе.
     
    На mrleader и kon им се допаѓа ова.

Сподели: