Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Македонски агрегатори како начин на градење на линкови

Дискусија во форумот 'Градење линкови' започната од Accipiter, 26 Септември 2012.

  1. Accipiter

    Accipiter Нов член

    Зачленет:
    31 Мај 2012
    Мислења:
    23
    Допаѓања:
    11
    Можеби темата ја поставив во погрешен дел на СЕО но се надевам дека администраторите нема да ми замерат.

    Темата значи македонски агрегатори на вести како начн на градење на линкови. Постојат неколку македонски агрегатори на вести:

    Код:
    time.mk
    daily.mk
    grid.mk
    bukvar.mk
    novini.mk
    redup.mk
    hl.mk
    info.mk
    Можеби има уште некој но овие се што ги знам. Моите искуствата се следни - time.mk ги одби двата сајта што ги уредувам (блогот за енергетска ефикасност и бизнис101). Образложение имаат мала посетеност. Daily.mk не врати бидејќи имаат проблем со rss feed линкот. Одговорот ни дојде после 1-2 од барањето.bukvar.mk ниту има вратено на нашето барање. grid.mk не прими без никакви предуслови ниту барања. Бизнис101 има повеќе аир од овој агрегатор, додека другиот блог ете 10 посети на неделен ниво ни иди преку овој агрегатор.

    novini.mk исто така без проблем ги прифати нашите линкови. Посетата од овој агрегатор исто така не е голема. И на крај novina.mk. Овој агрегатор работеше до пред неколку месеци сега гледам дека е во реконструкција, но исто така ни ветија да кога ќе го направат новиот дизајн ќе ни ги постават линковите.

    За крај - доколку сакате да поставете линкови на македонските агрегатори на вести најмал проблем ќе имате од страна на агрегатори кои што се реалтивно нови на пазарот, но ефектите немаат да бидат големи. Евентуално ќе имате ќар од grid.mk.

    Ете ова се некои мои искуства па се надевам дека ви беа од корист
     
    На kon, talevskiboss и ZionPax им се допаѓа ова.
  2. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,020
    Допаѓања:
    848
    Агрегаторите се исто така корисни и за подигнување на популарноста на сајтот кој е агрегиран.
    Некаде фев-март месец тиме.мк имаше проблеми со одредени медиуми кои сакаа да се “исклучат„ од овој агрегатор но по кратко време се вратија кога воочија дека посетеноста драстично им се намали, тоа го имаше и на Alexa.
    Time.mk е еден од најпосетуваните веб страни во Македонија и во еден подкаст (29:50мин) Игор кажа дека за сајтот да биде агрегиран треба да биде во листата на 100 најпосетувани сајтови на Alexa.mk, и исто така сајтот да биде активен одредено време.
    За разлика од time.mk кој има критериум за додавање на одредени сајтови на агрегаторот останативе сајтови кои ги наброја и немаат некој критериум поради тоа што се или нови (млади) или пак немаат некоја голема база на сајтови.
    Кај Grid е нешто слично што и Блогираме.мк каде што секој може да го прикачи сајтот или блогот и истиот да биде додаден (претходно проверен).
    Daily работеа преку RSS ми се чини, па така да доколку се работи само за проблем во RSS тогаш има начини како истиот да се реши и да бидеш прифатен од Daily.
     
  3. Accipiter

    Accipiter Нов член

    Зачленет:
    31 Мај 2012
    Мислења:
    23
    Допаѓања:
    11
    Добро ме подсети го изумив blogirame.mk агрегатор кој што ми носи солидна посета на блогот за ЕЕ и го препорачувам на сите кои шо имаат блогови да го пријават на овој агрегатор.

    Инаку што се однесува до time.mk ок што имаат критериуми сепак изградија одлична репутација и треба да имат стандарди за да некој сајт има пристап на агрегаторот, но би било уште поубаво да се придржуваат до тие критериуми кои што ги спомна - топ 100 на alexa.mk
    --- Надополнето, 24 Декември 2012, Дата на објавување: 27 Септември 2012 ---
    Еве уште еден агрегатор

    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
     
  4. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,020
    Допаѓања:
    848
    Додаден е линкот во првиот пост и додаден е уште еден агрегатор.
    Ме интересира дали некој од вас користи некој од овие агрегатори на вести? кои од агрегаторите ве прифатиле/одбиле и споделете ваше искуство со некои од нив...
     
  5. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    Некоја скрипта за агрегатор слична на наведениве ?
    може и некој joint venture да падне, имам солиден домен за мак агрегатор.
    .com верзија од популарен македонски инфо портал
     
  6. Accipiter

    Accipiter Нов член

    Зачленет:
    31 Мај 2012
    Мислења:
    23
    Допаѓања:
    11
    Да ја дополнам листата со уште еден агрегатор:

    Барем врз основ на дизајном заедно со грид моите фаворити
     

Сподели: