Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

MailChimp

Дискусија во форумот 'E-Mail маркетинг' започната од Accipiter, 28 Ноември 2012.

  1. Accipiter

    Accipiter Нов член

    Зачленет:
    31 Мај 2012
    Мислења:
    23
    Допаѓања:
    11
    Ајде да ја отвориме оваа тема поврзана со e-mail маркетинг, гледам дека никој до сега нема започнато, па да го пробиеме мразот.

    Да го претставам овој бесплатен сервис за e-mail маркетин MailChimp.

    Со овој сервис можете да создавате кампањи, претплати, newsletter.... бесплатен е до 2000 претплатници и до 12.000 пратени маилови.

    Работењето е многу едноставно. Ви дава код за претплата кој што лесно може да се постави на Вашата веб страна или пак линк, преку кој што можат да се претплатат посетителите на сајтот.

    Изгледот на маилот кој што ќе се праќа може да се дизајнира според Вашите потреби или пак да се искористи некој од темплејтите.

    Јас се уште го тестирам овој сервис. До сега имам собрано 78 претплатници. Базата на претплатници ја собрав така што објавив повик дека доколку се претплатат на нашата листа ќе добијат бесплатен прирачник.

    Вчера пратив нов newsletter, поточно сношти, процент на отворени маилови е 45% процент на оние кој што кликнаа кон линкуваните зборови изнесува 14%.

    Ете ова е нешто во кратки црти :)
     
    На kon, Martinovski, talevskiboss и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    чеј, сакаш да кажеш дека ја имаш аналитиката за отворени мејлови и кликнати линкови?
    живти све?

    а ја па го глеав ова:
    http://mailchimp.com/pricing/free/
    и скапирав дека тоа го нема пошто има иксчиња кај Delivery Doctor и Inbox Inspector.

    а добро, гледам дека има икс и кај Autoresponder-от.. значи дека не можам да ставам некој модул на Wordpress блогот за Autoresponder а во MailChimp-от да поставам drip-feed мејлови кои ќе се праќаат во одбрани термини...
    или грешам и за ова?
    :)
     
  3. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    Има цел профитабилен метод, односно систем за заработка од mailing listi.
    Се надевам некој веќе го има опишано и обработено на форумов. Во секој случај, многу исплатлив бизнис е, доколку се усмери во правата насока и се таргетира вистинската група со добра куповна моќ.

    Фактори кои треба да ги имате во предвид кога таргетирате одредена група на луѓе кои ги сакате во листата:

    1. Колкав е потенцијалниот број на таа група. (Несакате да одберете група чиа бројка се намалува)

    2. Дали има тренд на зголемување истата група. (Трендот на зголемување на групата е еден од клучните фактори за напредок во ова поле)

    3. На која возраст е групата (Несакате група која што е под 18 год. А возраста е битна за да ги анализирате потребите на истата група.

    4. Колкава е куповната моќ на групата. (Потребна ви е група која има добра, и одлична куповна моќ)

    5. Колкава е потребата за одредени продукти од одредена група. (Треба да ја таргетирате групата според потребата од продуктот кој сакате да го продадеде. Пример: Мајки, 25-35 год, вработени или невработени, на вработените им продавате пелени со повисока цена и одличен квалитет, на невработените им продавате пелени со добар квалитет и одличен попуст. Конверзиите со ваков пристап ќе ви бидат Sky Rocketed)

    6. Мажи или Жени... (Секогаш ве интересира од кој пол се мнозинството. Секој пол со себе си носи различен тип производи. Па затоа мора да таргетирате претежно еден пол според производот кој сакате да го продадете)

    7. Доколку сакате конверзии на CPA понуди. Најдобра група за таргетирање се гејмерите и смартфон корисниците. Гејмерите се секогаш заинтересирани за бесплатни Xbox, Sony Play Station, Game Cards, Cash Credits, Bonuses и слични понуди. Смартфон корисниците се секоаш заинересирани за нов модел мобилен телефон. Ова веќе ги знаете понудите :)

    8. Дизајнот со кој ќе ловите subscribers на вашиот newsletter, треба да е целосно креиран и компатибилен за групата која сакате да ја таргетирате. Па така за гејмерите ви треба гејмерски дизајн, за мајките ви треба бебешки дизајн. Исто така начинот на кој ќе го промовирате сајтот целосно зависи од групата што ја таргетирате. Па така за мајките, барате fb страни за мајки, форуми за мајки (овие се најдобри) и слично. За гејмерите, гејмерски форуми, гејмерски страни итн.


    Следејќи ги овие основни правила на секој бизнис ќе постигнете максимални профити од вашиот труд.
     
    На dreamer, Accipiter и Аце им се допаѓа ова.
  4. Accipiter

    Accipiter Нов член

    Зачленет:
    31 Мај 2012
    Мислења:
    23
    Допаѓања:
    11
    Да имаш аналитика за отворени и неотворени маилови како и за кликање
    Summary Report for --------- -------- -- ------ - MailChimp
     

Сподели: