Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Лекција за бескруполозни маркетери

Дискусија во форумот 'Интернет Маркетинг дискусија' започната од Milton, 25 Април 2014.

  1. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    здравоживо дечки, одамна не сме се пишнале :)
    нејсе, секој си брка работа кој колку може и драго ми е дека форумов си живее и дека има "млада крв" што сака да работи и заработува на интернет.

    решив да ви пишам зошто баш вечерва налетав на нешто интересно и сакав да споделам со вас.
    имено, сите ние сакаме да заработуваме од интернет (кој преку CPA, affiliate, email marketing итн итн), но сметам дека треба човек да има интегритет во тоа што го прави, а не безсрамно и бескруполозно да се обидува да заработи по секоја цена, а особено не по туѓата мака.

    еден таков пример ќе ви прикажам во оваа тема (можно е да испадне долгичок постов додуша) :)

    си сурфам јас така по некои од локалниве сајтови и случајно вниманието ми го зеде банерот десно, обележан со црвено кругче:
    [​IMG]
    аии мајката, живти све? :)
    ајде да видиме што има позади банерот. кликам на него и ме носи до:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    опаа батоо!
    верувам дека ги имате видено оние банери по интернет што се вртат од типот: Жена си го одлепува старото лице и има ново лице со пропратен текст: Woman is 53, but looks 33 (или како и да беше). е ова ќе му дојде нешто слично :)
    го разгледувам сајтот, капирам дека е класичен "продажба" сајт.. па уште доле си има и коментари фино-лепо во последниве 4-5 дена, тазе коментари, скоро да си рече човек дека ова Seems Legit.

    се загледувам во URL-от горе и ми се виде малце.. симптоматичен, па ајде да видиме што има на Home Page-от:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    ооо, здраво браќа б`лгарчета! :)

    го читам пак текстот и главниот текст е превод.. ок.
    ама testimonial-от.. и тоа ли превод? копи-пејст, сведоштво од Теодора Кирилова на Бугарската верзија е комплетно исто со Трајанка Велкова на Македонската верзија. случајност? или некреативност?
    некреативност е точниот одговор, затоа што и еб*ните коментари се исти од збор до збор :)

    одиме понатаму..
    кликнав на: Кликни овде за да ја нарачаш 4-неделната Формула Против БрчкиHydroface Anti-Aging System по повластени услови >>
    (а да.. пред да отидеме даље.. може го приметивте текстчето Special Попустот Трае До 25 Април, 2014 одма испод линкот за кликање)
    десен клик на текстот, Inspect Element и си имаш едно фино JavaScript-иче кое вика:
    ---
    <p>
    <span id="fnt">
    Special Попустот Трае До <script type="text/javascript">document.write(nowString);</script><br />
    </span>
    </p>
    ---
    односно, со други зборови.. попустот секогаш трае до денес!
    класика! :)

    туку, да се навратиме.. значи, откако кликнав на линкот ме однесе па на:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    уште еден сајт, уште едно /mk2eabj
    кај овој сајт нема примарен домејн, односно не може да го видиме, зошто редиректира на:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    и вика :
    Not Found
    The requested document was not found on this server.
    Web Server at hydroface.com
    (веројатно сеуште го немаат преведено, мамата!) :)

    арно ама..
    ајде да видиме какви све не страни има на овие два сајтови
    трк до Google и во Search-от пишуваме:
    Код:
    site:Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    About 85 results
    и дава листа од околу 85 страни кои се содржат во овој сајт и тоа на повеќе различни јазици:
    имаме страна за Beer Belly на Романски:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    покрај македонски и бугарски, ја имаме истата страна на грчки:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    ондак, имаме варијација на страната на србо-хрватски:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    а истиот search кај другиот сајт:
    Код:
    site:Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    ми го извади фаворитот:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    епа ова е врвот!
    особено најгоре лево сликата, девојката како магично се претвора 30 години помлада/постара!
    па уште и прикажани celebrities кој го одбрале производот..
    нормално, media coverage од Time Magazine, People Magazine, NBC News итн итн.. каде, многу итро.. не се спомнува производот, туку се спомнува активната состојка од која е направен производот: Argireline Extract
    подоле имате фини актерки кои уште повеќе зајакнуваат со свои сведоштва.
    и се тоа само да ве наведат горе-десно да се пријавите за наводно.. free trial за кој евентуално ќе ви наплатат и тоа дебело!

    а ваму назад, кај hydroface сајтот:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    кога ќе клинете на НАРАЧАЈ (големо фино црвено копче)
    носи на online форма кај што ќе си ги оставите податоците, не мора ни картица да вадите, туку производот ќе ви биде донесен по пошта во рок од 1-3 дена и му плаќате на поштарот!
    јако! :)

    ѕирнав на WHOIS за двата сајтови, да видиме чиви се.. (јас whois.goDaddy си го користам, не знам за вас)
    информациите скриени, нормално.. иако едниот домејн регистриран од фирма во USA, другиот од Panama!

    ме интересираше да видам и кај е хостиран сајтот, па го добив ова:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    хостиран во Бугарија и на истата IP адреса, хостирани уште неколку вакви "бисери" :)

    и конечно, пробуричкав малце да видам што чудо продукт ќе беше тоа Hydroface.
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    л'жги со опашки! :)
    производот стига, го пробувате, капирате дека е срање, си ги барате парите назад.. епаа.. неќе може :)
    и тоа има сведоштва од луѓе што се изгореле кои кажуваат дека го платиле еднаш, ама им наплатиле уште за следните неколку месеци (по 200-300 долари) и дур се свестиле више било касно.

    и сега прашањето..
    кој е ќарот за маркетерот?
    па веројатно има ќар, зошто има реклама како прво.. а колку е тој ќар.. да видиме кај ќе најдеме affiliate понуди.
    наоѓаме, каде другде ако не во CPA понуди на OfferVault и oDigger:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.?
    Payout-от е од 8 до 11 долари.
    сеа вие собирајте, множете, делете колку е тоа исплатливо :)

    а.. е..
    ама дури и по цена да измамиш некого кој си има мака?

    зборот ми е..
    имајте си ги во превид овие работи и ако ништо друго, не наседнувајте на вакви глупости, а не е лошо да ги предупредите родителите, роднините и пријателите дека постојат и вакви работи по интернетот и да не бидат толку лесноверни (too good to be true? it probably is!)

    и на крај.. на кратко, за оние што останаа да дочитаат а не се запознаени со техникава:
    маркетериве кои го рекламираат производот си прават media buying со PPC/PPV и таргетираат сајтови по држави. (кај нас во Мкд. е живо џабе PPC-то, во споредба со USA на пример)
    конкретно, јас налетав на банерот, мислам дека беше на a1on сајтот.. појдете, ќе го видите десно или поточно, ќе видите некоја варијација на овој банер. направете Refresh на страната и погледнете пак. ќе видите дека е променет банерот ама носи до истата страна.
    популарно наречено split-testing, односно забележуваат маркетерите (бидејќи сме веројатно тазе пазар) на кои од варијациите на банерот луѓето кликаат. банерот или банерите на кои најчесто кликаат луѓето ќе останат во оптек и ќе им носат посетители.
    исто и со landing page-овите. колку што можев да забележам има и по неколку варијанти на бугарските и србо-хрватските landing pages.
    еден ист банер може да однесе на две различни варијанти од landing pages и добитната комбинација е таа што ќе остане во оптек најдолго време зошто таа ќе им донесе најголема заработувачка.
    кај landing page-от:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    кога ќе кликнеш на НАРАЧАЈ, ќе те однесе на страната за нарачка и ако сакаш да го згаснеш табот, ќе те сачека порака Stay on this website и ќе ти даде дополнителен попуст на производот.. абе сé само да ти продаде :)

    држете ги очите отворени и користете го мозокот момци и девојки од ибиз.. прилики на интернетов има многу.
    учете, разгледувајте, анализирајте, пробајте, направете нешто, тестирајте и тоа што функционира работете го.. но сепак, немојте да заборавите на сопствениот интегритет.

    до некоја следна пишуванка.. ве поздравувам.
     
    На POWER, stefan_v, asus и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. aleksandar4o

    aleksandar4o Активен член

    Зачленет:
    7 Февруари 2012
    Мислења:
    415
    Допаѓања:
    187
    Интересна и потполно објаснета тема! ПС Не верувам дека нашиот народ купува преку интернет, бидејќи многу од луѓето се плашат. Иначе страните на дечково му се средени тип топ алал да му е..
    Иначе оваа страна http://www.makingmyselfslim.com/ излеа му носи најмногу профит
    Нормално.. популарниот Weight Loss market
     
  3. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    14
    На форумов веќе сите се убаво запознаени со ваквите маркетиншки трикови. Ова треба да им се кажува на повозрасните и малите деца :) Па споделете ја темава со нив
    Или наједонставно да се инсталира адблок, дури мислам дека еден член од вашиов форум има направено листа за .мк сајтови
     
  4. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    офф ти ништо не си разбрал...
     
    На POWER, kiko и FilipD им се допаѓа ова.
  5. conArtist

    conArtist Член

    Зачленет:
    1 Февруари 2014
    Мислења:
    68
    Допаѓања:
    37
    Чекај малку пријателе... малку си ми контрадикторен. Ти работиш со CPA и affiliate маркетинг? Веројатно да. Тогаш што си ти поразличен од овој бугаров на пример? Бугарчево само се обидува да продаде нешто, исто како и ти и многу други на форумов. Ти производите/понудите што ги промовираш, да не ги тестираш случајно дали се 100% легитимни и функционираат?
     

Сподели: