Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Колку ви беше успешна 2012?

Дискусија во форумот 'Кафе Муабет' започната од Аце, 25 Декември 2012.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,035
    Допаѓања:
    866
    Сакам да ги слушнам вашите мислења колку ви беше успешна оваа година? Дали сте задоволни од тоа што сте го сработиле и зарабтиле? Какви планови, идеи имате за во нареднава година?

    Искрено за мене оваа 2012 беше солида, имав многу планови но некои и не ми се остварија од немање на време, па се надевам дека во нареднава година ќе бидам поуспешен во тоа што го работам. Многу сум задоволен од тоа што си имам еден круг на клиенти на кој и требаат моите искуства и тоа што јас можам да понудам, па можам со гордост да кажам дека некои од нив кои имаат свои бизниси не би биле толку успешни..
    Пари, па можеа да се направат и повеќе :алчен: но неможам да се пожалам. Штом се вади солидна месечна сума тогаш е океј, а може и повеќе се разбира :)
    Успех е и тоа што ИБиз како форум наполни 1 година, па се надевам дека ќе стане и полнолетен.
    Тоа е во кратки црти..
     
    На Колман му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kiko

    kiko Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    278
    Допаѓања:
    106
    Исто и јас аце, многу сум задоволен од годинава,напраив пари за кои не ни сонував пред една година дека можам да ги направам и се тоа со помош на форумов па така да едно големо фала:thumbsup:
    И јас мислам дека можев повеке ама се нема време и така, нешо мрза, нешто немање време.... За следнава година планирам што повеќе работа,иам неколку идеи кои ќе ви ги презентирам а до тогаш многу фала и поздрав:cool:
     
    На Колман му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Колман

    Колман Активен член

    Зачленет:
    5 Мај 2012
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    100
    Како за прва година ке речам солидно.
    Немав големи суми на пари, сеуште сум неискусен. Од плановите crap:p , не ми успеа ни еден, се што ќарив беше спонтано. Можам да кажам дека активно работев 4 месеци, а задоволен сум како поминав во 2 од нив.

    За 2013 ке пробам да се фокусирам на други методи на заработка. Ова што го работев до сега е многу нестабилен извор. Се надевам ова мало искуство ке ми помогне, и нема да сум олку мрзелив. Ке си поставам цел себеси, нареднава година да заработам околу 2500 долари, или месечно 200 долари. Па ке видиме како ке оди :)
     
    На kiko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    94
    Професија:
    3D Modeling
    Со оглед на тоа што почетоците во интернет заработка ми беа во јуни месец, првин со кликање на разни страни па ФХ лидер додека да сватам дека за тоа треба да сум одста богат човек:notwork: , почнав со микроворкерс, fivesquids, fiverr, кај август поактивно и од овие три методи до сега имам собрав 7-8 илјади денари. Не се многу но како за почеток мислам дека се доволно. Во новава ќе се проба со некој ЦПА сајт и слично па ќе видиме како ќе иде. Поздрав
     
  5. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Па јас најголем дел од интернет заработка го остварив оваа, 2012 година... негде му доџе 700-750 долари од и надвор од 99designs... Неколку доларчиња од CPA и толку :) ваљда другата година повеќе ;)
     
  6. default

    default Истакнат член

    Зачленет:
    14 Јуни 2012
    Мислења:
    248
    Допаѓања:
    130
    Супер година,до минатата година не бев свесен дека до олку ќе стигнам.
    Во 2012 почнав да се регистрирам на форуми,како ИБиз и почнав да работам прво со microworkers,па CPА и најпосле почнав со Фивер и копии на фивер.
    Мислам во новава година дека ќе биде многу подобро.Акаунто ми бил нешто зафркнат на фивер па не сум излегувал во search,па така да чекав 4-5 месеци за нарачкаВо меѓувреме работев со CPA.Пред околу 1 месец направив нов акаунт на фивер и за еден месец левел 1 и околу 20-25 нарачки.
    Иначе активно работам од Октомври,и до сега имам заработено околу $500 кој ги потрошив за ботови и мобилен (таблет ). .Исто така на Fivesquids е супер,$400+ ми се од таму заработени. :thumbsup::thumbsup::thumbsup::thumbsup:
     
    На kiko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. talevskiboss

    talevskiboss Активен член

    Зачленет:
    31 Јули 2012
    Мислења:
    341
    Допаѓања:
    172
    Почнав на 7 август, денот кога бев прифатен на PeerFly. Од тој ден до денес работам со полна пареа, со љубов, добро де и со малку мрза. Ама малку. Никогаш не би ми паднало на памет дека јас ќе заработувам добри пари на само 15 години :rolleyes:. Некои планови се успешни а некои ги планирам за 2013. Петте месеци работа ми донесоа заработка од $1,233.15/58,204.68 денари. Презадоволен сум од оваа година, ако можи и да се речи година бидејќи само пола работам. И 2012 ќе ја штиклирам како УСПЕШНА и КВАЛИТЕТНА година во интернет профитирањето. ИБиз ми помогна многу(фала на сите!:ziveli: ), најмногу првите 2 недели. Тогаш се' шо го има тука го читав по 2-3 пати минимум. Имав многу down моменти но не се откажав. Со дел од парите планирам да си купам компјутер, многу подобар од овај сега шо го имам. 2013 планирам и да почнам со PPC + CPA, се надевам ќе биди ефективен овој потег а до тогаш ќе работам со истото темпо кое го држам досега.
    Поздрав до сите, среќна нова, повеќе успеси наредната година. :thumbsup:
     
    На dreamer, kiko и stefan_v им се допаѓа ова.
  8. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    1000 евра па и не се баш малце пари за 5 месеци... впрочем исто ти е како да си работел тука во државава за малце повисока плата од просечната.. бравос :)
     
    На talevskiboss му/ѝ се допаѓа ова.
  9. aleksandar4o

    aleksandar4o Активен член

    Зачленет:
    7 Февруари 2012
    Мислења:
    415
    Допаѓања:
    187
    И све је почело Февруари 2012.. Си барав низ македонски форуми нешто не памтам баш што.. и налетаф на еден форум каде што имаше Заработка со Microworkers.. и онака си влегов таму си читав и ми падна чудно гледам викаат дека може да повлекуваш пари од интернет а јас никогаш не го знаев тоа.. па затоа немаф ни пробано да направам пари на интернет.. и си реков па ај што да пробам и работев на микроворкерс и направив 200$,на PeerFly благодарение на Ибиз се регистрирав и направив вкупно 2500$, на FileIce исто така се регистрирав при почетокот на летото и направив 200$, и на некои ситни страни по некое доларче, така да тотал скоро 3000$ оваа година имам направено од интернет, можам да кажам дека сум ПРЕЗАДОВОЛЕН и ви посакувам многу среќа и успех во следната година.
    А и да мојот рекорд на PeerFly - [​IMG]
     
    На Аце, ZionPax, kiko и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели: