Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Клуч за успех на Fiverr

Дискусија во форумот 'Различни методи на заработка' започната од Infamous, 8 Јули 2013.

  1. Infamous

    Infamous Член

    Зачленет:
    8 Јули 2013
    Мислења:
    85
    Допаѓања:
    31
    1. Регистрација
    • Внимателно прочитајте ги правилата на Fiverr.
    • Изберете креативно "Username", кое ќе изгледа професионално и ќе биде лесно за памтење.
    • Пополнете го вашиот профил со слика, Аbout Me итн.
    • Креирајте акаунти на социјалните мрежи и редовно споделувајте ги вашите гигови преку истите.
    2. Креирајте уникатни гигови
    • Секогаш користете ваша фотографија направена во Photoshop / Gimp за секој нов гиг - никогаш не копирајте фотографии од други гигови или од Google. Со ова избегнувате "takedown" од големите корпорации и од другите продавачи на Fiverr, бидејќи тие со само 1 мејл можат да ве пријават, а бидејќи Fiverr Support-от е за никаде, тие без претходно известување ќе го избришат вашиот Gig, со што вие ќе го изгубите фидбекот од другите членови, а со тоа ви пропаѓа бизнисот.
    • Не копирајте опис од други гигови, бидејќи доколку ваков гиг биде забележан од продавачот на кој сте му го копирале гигот, тие со помош на Support веднаш можат да го пријават вашиот гиг и истиот ќе биде избришан.
    • Пожелно е да имате видео за гигот, со тоа шансите да ви го направат Featured се огромни.
    • Доколку имате Level 1 / Level 2, не заборавајте да додадете Gig Extras, со тоа ќе ви се зголемат порачките за 50%.
    3. Нудете повеќе услуги
    • секогаш исполнете го вашиот профил со максималниот број на гигови (20).
    • никогаш не објавувајте слични/исти гигови, бидејќи доколку од Fiverr Editorial тимот вакви бидат забележани, сите тие ќе бидат избришани и на крај ќе останете со само 1 или 2 Gig-а
    4. "Шминкајте"
    • Доколку услугите што ги нудите ги прекршуваат правилата на Fiverr или некој сосем трет сајт, внимателно прочитајте ги TOS (услови за користење) на тие сајтови и обидете се да ги нашминкате, за тие да изгледаат како промоција, а не злоупотреба. Пр. доколку продавате Facebook Likes со алатка, не пишувајте дека тие лајкови се направени со алатка, туку во описот напишете дека со помош на други социјални мрежи и вашата промоција сте во можност да го направите тоа.
    5. Извршувајте ги порачките како што сте опишале
    • Секогаш извршувајте ги вашите порачки навреме, не дозволувајте да задоцните ниту една секунда, бидејќи доколку тоа се случи, голема е можноста да вашиот гиг биде деиндексиран и ставен на крај од гиговите кога некој ке пребарува со вашите клучни зборови.
    • Избегнувајте тоа што го доставувате да не се совпаѓа со вашиот опис, бидејќи 50% од купувачите на Fiverr, на кои што тоа им се случува оставаат негативен фидбек.
    6. Како до позитивен фидбек?
    • Фино и културно побарајте позитивен фидбек после завршувањето на порачката. Не напнувајте и не бидете досадни за да ви стават фидбек, бидејќи така може да се случи спротивното.
    • Доколку на купувачот му пречи да стави фидбек, напомнете му дека може да ви стави само Thumbs Up, без тоа да биде видено од другите членови на Fiverr, со што купувачот останува анонимен.
    • Оver- deliver
    7. Over-delivering
    • Секогаш на вашиот клиент пратете му нешто повеќе од тоа што сте ветиле, но НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ.
    8. Обраќање кон вашите клиенти
    • Секогаш културно обраќајте се кон вашите клиенти.
    • Никогаш не обраќајте се неучтиво, како на пример: bro, man, yo итн., бидејќи тоа е непрофесионално и клиентот може да биде навреден. Можно е клиентот да е од понежниот пол, замислете како ќе се чувствува кога ќе напишете "Hey bro ...".
    9. Контактирање на Support и како да се однесувате
    • Контактирајте ги само во итни случаеви, доколку имате ептен големи проблеми, пр. да не ви ги регистрира новите нарачки, да не можете да повлечете пари на Paypal/Payoneer или да изгубите пристап на акаунтот.
    • За други работи кои не се наведени во горенаведената точка, заборавете на Support, бидејќи од мал проблем ќе стане уште поголем и потоа ќе се каете зошто сте ги контактирале.
    • Мора да бидете ептен фини кога ке ги контактирате, без разлика што ќе ви речат и дали ќе ви помогнат или не.
    • Кога не се во право, не го кажувајте тоа на нив и никогаш немојте да им го докажувате спротивното, бидејќи можат да ве банираат за навреда или да ви најдат нешто што "не ваља" со вашите услуги - а тоа секогаш многу лесно се наоѓа.
    10. Негативен фидбек и негово бришење
    • Доколку добиете негативен фидбек, не паничете.
    • Никогаш не ги навредувајте вашите клиенти доколку ви стават негативен фидбек.
    • Извинете се, иако добро сте ја завршиле работата, учтиво објаснете дека ви е жал што не им се допаднала услугата.
    • Понудете им нешто повеќе за да во возврат ви го избришат негативниот фидбек, истовремено, понудете им и Refund (доколку порачката е под $10).
    • Контактирајте Support само доколку некој ваш конкурент намерно ви оставил негативен фидбек - мора да бидете 100% сигурни дека целата работа ви е завршена како што е опишано, во спротивно ќе зажалите.
    And a little motivation.......​
    [​IMG]
    Доколку се придржувате кон сево ова што горе е напишано, верувајте ми дека успешно ќе профитирате од Fiverr. Се разбира, треба малку акција и од ваша страна, но доколку навистина имате услуга која е корисна и се поддржувате на горниов текст, вие ќе бидете успешни.
    Good luck! :rolleyes:
     
    На nikola8, FilipD, talevskiboss и уште 5 други им се допаѓа ова.

Сподели: