Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Keyword tips :)

Дискусија во форумот 'Keywords' започната од Slavko, 11 Март 2012.

  1. Slavko

    Slavko Член

    Зачленет:
    9 Март 2012
    Мислења:
    23
    Допаѓања:
    33
    еден од клучните елементи на on site SEO.Дефинитивно. Иако денес според некои статистики зазема само минимални 15% од СЕО. Зашто е тоа така? Па едноставно Гугл ја увиде дупката во своите алгоритми преку која многу луге кои со keywords ги трупаа страните и спамираа правеа висок рејтинг и нели згора тоа пари.

    Но иако сега овој дел од СЕО не е нешто најбитно ( иако многу луге уште веруваат дека е) сепак треба да се знае и да се барата со него.

    Да не вртам во круг туку да почнам да елаборирам повеке за поконкретни ствари:

    Еве неколку совети:

    - keyword обавезно во H1 tag.
    - keyword обавезно составен дел во прв параграф.
    - keyword по можност во прва реченица
    - keyword во суб наслов
    - keyword неколку пати во главата на текстот.
    - keyword обавезно во последен параграф
    - keyword по можност како последен збор на текстот.
    - keyword по мозност неколку пати во прв параграф
    - keyword во мета опис. На почеток по можност
    - keyword обавезно еднаш во болд
    - keyword обавезно еднаш во италик
    - keyword по мкозност во анкор текст ( ова е добро и за мал милион други аспекти на СЕО)
    - keyword density 1.3% do 2% најдобро според некои експерти ( мада и ова е dying practice)
    - keyword зборот е добро да се заборави од време на време. Како тоа? епа пробајте да размислувате за оние за кои писувате, и приложете квалитет. keywordите сами ке си дојдат. Што мислите како се етаблираа овие правила за keywordи? Баш така- за да се унапреди user experience. Правилата се вадени од пракса, а не обратно :)

    ај сега за сега толку :)
     
    На Spireski93, kiko и Аце им се допаѓа ова.
  2. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,021
    Допаѓања:
    848
    Добри совети само да не се претера со еден збор премногу во еден текст, и исто така доколку во постот прикачувате слики да не се забора додадеете alt таг со клучниот збор.
    Кај wordpress имаше еден додаток баш сега го објавив тука каде што вршеше дел од оваа работа и според мене вреди да го има секој кој сака да внимава структурата на текстот кој го објавува и истиот да биде убаво скоцкан.
     
  3. Zeratul

    Zeratul Член

    Зачленет:
    15 Март 2012
    Мислења:
    91
    Допаѓања:
    16
    Професија:
    Интернет Маркетинг и СЕО
    Па не знам баш дали усер ехпириенце ќе се унапреди ако збувташ толку многу киворди во текст од 350 - 400 зборови.

    Јас обично користам еден клучен збор 6-7 пати во текст од 450 до 500 зборови. Но обично тој клучен збор е комбиниран со додатни поими и се добива клучен збор со опашка односно long tail keyword. Докажано е дека лонг таил кивордите се заслужни за голем процент од трафикот. А и се полесни за оптимизација.

    Пример: Многу полесно е да дојдеш на прва страна за: Изнајмување на автомобил во Куманово, отколку само изнајмување на автомобил!
     

Сподели: