Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Како до поголема интеракција со фановите

Дискусија во форумот 'Facebook' започната од buli, 28 Октомври 2013.

  1. buli

    buli Член

    Зачленет:
    31 Јануари 2013
    Мислења:
    71
    Допаѓања:
    13
    Значи вака дечки,
    Имам една фан страна со на 120.000 фанови.
    Ми требаат совети како фановите да кликаат повеќе на објавите. Објавувам по 3-4 статии дневно од блогот, меѓутоа се случува понекогаш една објава да добие само десетина кликови, додека една друга по над 1000. Во што е проблемот? Зошто се појавува до толку малку фанови и зошто толку малку кликаат на линкот? Друга карактеристика е што веќе два месеца бројот на фанови се намалува секојдневно по 10-15мина. Зошто се случува оваа?
    Инаку, преку оваа фанстрана и твиттер акоунт со 12,000 следбеници ги добивам сите приходи од интернет заработката, една просечна плата, а знам дека има потенцијал за повеќе.
    Ве молам за совети!
    Поздрав до сите!
     
  2. dorco

    dorco Активен член

    Зачленет:
    26 Јануари 2013
    Мислења:
    361
    Допаѓања:
    118
    многу е битно како си стигнал до тие 120К, ако се ботови односно фејк акаунти не очекувај многу. Еден показател за опагање на бројот на фанови е дека одреден процент се фејк акаунти.

    Провери од која држава се поголемиот процент на фанови, и постирај ги линковите во соодветно време, на пример, ако се од македонија постирај ги мегу 10-14 часот, кога сите се на работа и нормално чмаат на фб.
     
  3. Kafka

    Kafka Активен член

    Зачленет:
    20 Ноември 2011
    Мислења:
    122
    Допаѓања:
    44
    Мој совет ти е да реинвеситаш дел од парите во фб лајкови што се квалитетни.. Јас денеска тестирав и открив дека за 0.01цент добиваш лајк на страна и тоа квалитететен лајк зашто веднаш усерот лајкува и клика на линкови... и интересн теми ако ставаш сигурно ќе имаш интеракција....
     
  4. buli

    buli Член

    Зачленет:
    31 Јануари 2013
    Мислења:
    71
    Допаѓања:
    13
    Фановите се 99% реални, не се стекнати преку ботови.
    Е проблемот е што името на страната е за една невладина организација. Идентично име има и официјалната страна на таа организација, па можеби и тоа е некоја пречка.
    Порано, повеќе лајкови по пост добивав јас, одошто официјалната. Бев "поинтересн од нив", па ме контактираа и се договоривме да во описот истакнам дека мојата не е официјална страна. И така направив. Немам никакви пречки од нив.
    Најголемиот проблем мислам дека е лошото менаџирање, постирам само линкови и ретко текст или слика.
    Што мислите дека е најубаво да се постира? Гледам дека некои постираат само слики, а викаат дека заработуваат стотици евра. Како го монетизираат тоа? Како може да заработиш ако не постират линк каде има адсенсе.
     
  5. Kafka

    Kafka Активен член

    Зачленет:
    20 Ноември 2011
    Мислења:
    122
    Допаѓања:
    44
    провери го http://mylikes.com/ . Лично не сум го тестриал зашто немам голем фун пејџ. Ама што и а правиш секогаш внимавај...
     
  6. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Па и како што самиот кажуваш - немаш интеракција со нив. Не е интеракција пуштање на линкови. Треба да се внимава на саат, соодветна содржина, ако пример страната ти е за мода, и пушташ линкови од спортски портал нормално дека интеракцијата е слаба, и не само тоа, ако ги спамираш со линкови самите ќе ја одлајкнат страната.
    Има многу постови на интернет како да се однесуваш со фановите и како до вистинска и правилна интеракција.
    Ако фб страната ти е македонска можеш да се пробаш да бидеш афилиејт со некои од македонските компании за групно купување, ете и на тој начин на кој тераш, па ако имаш посетеност на твојата страна, да бапнеш некој бројач па да молиш за некое банерче од маркетинг агенцииве, и на крај на месец ќе имаш собрано доста пари. AdSense+Македонски Фанови = Слабо.

    Ако странаат ти е на англиски јазик да речеме имаш мал милион работи како да ја монетизираш и како да имаш интеракција со нив.

    Причина за неинтеракција и губење на фановите се или се фејк(а мислиш не се) или не се доволно заинтересирани.

    Нешто што моментално на фејсбук е активно а тоа се интересите. Значи ако нешто често го посетуваш а не си го видел, фејсбук ќе ти го прикаже иако е старо неколку саати(а предходно имало друга содржина). Значи ако не си доволно интересен за често да ти гледаат постови на страната, со линкови тешто дека ќе ги придобиеш или дека некој ќе ја види објавата.

    Најверојатно негле грешиш но со пробување и грешење можеш да се поправиш. Имаш нешто како Scheduled Posts. Значи не мора да чекаш баш кога мислиш дека е згодно време за објавување, можеш да наместиш до 6 месеци унапред.

    Има многу цаки и финти како да задржиш и добиеш нови фанови, да бидеш интересен и да имаш голем reach.

    Ако треба нешто тука сме. :D
     
  7. Martinovski

    Martinovski Администратор

    Зачленет:
    21 Декември 2011
    Мислења:
    154
    Допаѓања:
    32
    Мој совет ти е наместо линкот директно да го објавиш и да чекаш фб да го прочита тоа, објави некоја слика, а линкот скрати го со некој од скратувачите (пример - bit.ly).

    Значи ставаш слика поврзана со замата објава што претходно си ја пишувал на блогот/сајтот и горе скратениот линк.

    На овој начин, сликите стигаат до поголем број од фановите. На тој принцип работи ит порталот кај нас.
     
  8. buli

    buli Член

    Зачленет:
    31 Јануари 2013
    Мислења:
    71
    Допаѓања:
    13
    Фала Ви дечки за одговорите.
    Проверувам некои "финти" деновиве, па ако има некоја промена, ќе објавам.
    поздрав!
     
  9. Bubo

    Bubo Активен член

    Зачленет:
    16 Јули 2012
    Мислења:
    252
    Допаѓања:
    95
    Професија:
    Програмер и веб кодер
    Пиши што ќе направиш и како ќе ја зголемиш интеракцијата :)
     

Сподели: