Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

како да започнете свој блог

Дискусија во форумот 'Блогирање' започната од Nakolce, 6 Ноември 2011.

  1. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Дали некогаш сте се прашувале дали ви е потербен блог? Дали тоа е сложено за изработка?
    Слободно ке ви кажам дека не е тешко. Се што ви треба е да регистрирате бесплатен хостинг и бесплатен домен со .pro.mk (ime na blogot.pro.mk).
    Како сервери за доменот ставете:
    ns1.host1free.com
    ns2.host1free.com

    Информациите околу хостингот ке ги добиете на е-маилот со кој сте го регистрирале акаунтот. Потербно ке ви биде да превземете FileZilla Client и да ја инсталирате на вашиот компјутер. Потоа симнувате Wordpress кој е преведен на македонски јазик и не е многу тежок за инсталирање. Го отварате File Zilla клиентот, ги потполнувате местата за хост, корисничко име, лозинка, полето за порта оставете го празно. притиснете брзо конектирање и почекајте додека се конектирате на серверот. Од левата страна се наоѓа хард дискот во вашиот компјутер а од десната серверот. се што треба е да го пронајдете wordpress фолдерот во вашиот компјутер и да ги префрлите сите документи и фолдери од него во public_html. Додека работите се копираат логирајте се на Host1free.com одете Website Control логирајте се со FTP јузерот одете во MySQL Management и креирајте нова датабаза. Запомнете ги или ископирајте ги негде информациите околу датабазата.

    Во меѓувреме откако завршил со прикачување Filezilla Клиентот, го затвараме и отвараме web browser (Google Chrome, Firefox, Opera) во полето за адреса го пишуваме името на блогот и чекаме да се отвори серверот. Ке ни се појави инсталација на Wordpress. Ги потполнуваме бараните информации од претходно направената датабаза, креираме наслов/име на блогот јузр со кој ке се логираме на истиот и откако ке заврши инсталацијата добивате контролен панел на целиот блог. Написи,теми, плагини, менија... Почнувате со измена на основниот напис, измена на пример страницата и така чекор по чекор го средувате блогот. Односно секоја пример порака ја заменувате со ваша порака.
    Отворете нов таб и напишете го доменот од вашиот блог. Ке го видите изгледот на вашиот блог кој со малку средување ке изгледа онака како што вие сакате.

    Можете да го промените изгледот ставајки други теми. Но за нивната инсталација подоцна.
     
    На Monstrum и Аце им се допаѓа ова.
  2. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,020
    Допаѓања:
    848
    За да се започне блогирање прво што треба е да се избере добар хостинг дали тоа ќе биде платен или бесплатен, за бесплатен хостинг исто така добар е x10hosting но имате и платен хостинг.
    Подомените кои ги нуди x10hosting се кратки (x10.bz, x10.mx) но можете да ги користите и .pro.mk и .inf.mk домени на овој хостинг. Како CMS најпогоден е Wordpress затоа што е премногу едноставен за работа, има исто така и добро дизајнирани теми. Името на доменот треба да биде добро смислено и секако тука треба да се поработи на оптимизиација. Nakolce во нареден пост се надевам ќе пишеш повеќе за подесувањето на Wordpress и неговите функции, добар пост за newbies +1 од мене.
     
  3. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    По интернетов има премногу бесплатни хостинзи. Барајки го најдобриот од нив е многу тешка работа бидејки повеќето од нив го нудат истото. Бесплатни домени ги посочив тие бидејки се работи за блог на македонски јазик и логично е да има .mk на крајот. Точно дека Wordpress го земав затоа што е лесен и едноставен. Нареден пост ке има. Само да најдам доволно време да седнам и да го напишам. Ке се обидам сето тоа да го претставам со слики.
     
  4. POWER

    POWER Активен член

    Зачленет:
    31 Декември 2011
    Мислења:
    438
    Допаѓања:
    48
    Професија:
    Web developer
    Кога го инсталирам WordPress и кога одам да се логирам во Админ Панелот, ми излегува ГРЕШКА:
    Код:
    Internal Server Error
    
    The server encountered an internal error or misconfiguration and was unable to complete your request.
    
    Please contact the server administrator, [email protected]******** and inform them of the time the error occurred, and anything you might have done that may have caused the error.
    
    More information about this error may be available in the server error log.
    
    Additionally, a 404 Not Found error was encountered while trying to use an ErrorDocument to handle the request.
    го инсталирав од ново и одново и повторно несака
     
  5. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Користиш бесплатен хостинг? или имаш свој платен хостинг?
    Доколку користиш бесплатен хостинг мислам дека има некои кои не поддржуваат wordpress и joomla.
    Ова не ми се појавило никогаш затоа прашувам.
     
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,020
    Допаѓања:
    848
    Инсталацијата е во ред проблемот е до хостингот. Кој хостинг користиш?
     
  7. POWER

    POWER Активен член

    Зачленет:
    31 Декември 2011
    Мислења:
    438
    Допаѓања:
    48
    Професија:
    Web developer
    Користам MK-HQ.com
    но ова не ми го правело никогаш на никој сајт.. ќе ги прашам ..
     
  8. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    И јас го користам истиот хостинг. Пробај симни нова верзија на wordpress направи upload со filezilla и само отвори го доменот и конфигурирај.. Е да и ке заборавев, Направи си датабаза и истата поврзи ја со акаунт. Можеби затоа несака.. Доколку незнаеш како се поврзува датабазата со акаунт кажи ми ке направам 1 видео.
     
  9. POWER

    POWER Активен член

    Зачленет:
    31 Декември 2011
    Мислења:
    438
    Допаѓања:
    48
    Професија:
    Web developer
    За датабазата, нормално дека праам така, него јас аплоадирам преку она File Menager бидејки со FilleZilla ми е мака, ако е до тоа океј, сега ќе пробам
     
  10. GTML

    GTML Нов член

    Зачленет:
    2 Јануари 2012
    Мислења:
    37
    Допаѓања:
    0
    Јас порано користев uCoz.com и задоволен сум од услугите кој ги нудат за Free :)
     
  11. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,020
    Допаѓања:
    848
    Чекај, cpanelot нема опција за автоматско инсталирање на CMS скрипти?
    Секогаш користете фтп програм за прикачување на какво и да е фајл.
     
  12. darky

    darky Активен член

    Зачленет:
    26 Февруари 2012
    Мислења:
    148
    Допаѓања:
    74
    Пред неколку дена купив хост и домен од host1plus. Инсталирав WP, подесував некои работи кои ги научив (бидејќи сум почетник) и сега имам проблем... кога кликам на сајтот покажува дека серверот не постои. Дури неможам да се логирам и во WPadmin.
    Ги контактирав хост1плус и немам никаков одговор...
    Помош може?
     
  13. POWER

    POWER Активен член

    Зачленет:
    31 Декември 2011
    Мислења:
    438
    Допаѓања:
    48
    Професија:
    Web developer
    И мене така ми праеше, ама од хостот ми го средија ..
     
  14. darky

    darky Активен член

    Зачленет:
    26 Февруари 2012
    Мислења:
    148
    Допаѓања:
    74
    Исто на хост1плус или други?? Им објаснив што е проблемот и ми викаат објасни по детално... само да им нацртам!!!
     
  15. POWER

    POWER Активен член

    Зачленет:
    31 Декември 2011
    Мислења:
    438
    Допаѓања:
    48
    Професија:
    Web developer
    Не, од македонски хост беше, него дај им слика и линк дека не ти отвара админ панел од вордпрес, ќе мора да ти средат
     
  16. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Прашај ги на Live Support Чатот. 24 часа онјајн се. :)
     
  17. darky

    darky Активен член

    Зачленет:
    26 Февруари 2012
    Мислења:
    148
    Допаѓања:
    74
    Не бива, и слики им пратив и детално им објаснив, нема одговор.
    Btw не се секогаш онлајн!!
     
  18. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Да, во моментов не се. И тоа ми е чудно.
    Прогуглав и овие литванциве(од каде е и host1plus) се католици и дел православни. Е сеа може им е празник и на нив.
    А тоа дека не ти одговараат 100% не провериле, на мене и на викенди и на се, ми биле достапни, ноќе-дење.
     
  19. TheHarrabed

    TheHarrabed Нов член

    Зачленет:
    30 Март 2013
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    5
    Мене не ми е јасно дали може да се направи некој пари со блогирање и како?
     
  20. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Ако блогот ти стане познат... ќе си продадеш некое рекламче и ете пари...
     

Сподели: