Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Како да интегрирам систем за плаќање на мојата веб страна?

Дискусија во форумот 'Дизајн' започната од kris, 19 Ноември 2011.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. kris

    kris Нов член

    Зачленет:
    19 Ноември 2011
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    6
    Ме интересира кој систем треба да го имплементирам (нешто како Pay Pal или слично бидејки нема Pay Pal Македонија). Сакам корисникот кога ке плати со картичка да има опција да даунлодира фајл или слично нешто. Молам за стручно мислење....
     
  2. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Колку што сватив бараш нешто кај што може да ти префрлаат пари ?
    AlertPay имаш, MoneyBookers, Western Union ;)
     
  3. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,990
    Допаѓања:
    831
    Секој од процесорите нуди опција за интегрирање на "Buy Now" коче, процесот е доста едноставен (барем кај Alertpay и Skrill).

    Избираш тип на тоа што го продаваш, дали тоа ќе биде Goods, Services или нешто друго. Вметнуваш податоци за продуктот или услугата, и најдолу имаш место каде што ќе треба да вметнеш линкови.

    Сајтот: линк до сајтот
    Откако ќе плати: линк до страната за превземање ако е продукт.

    Откако посетителот ќе кликне на копчето тој ќе биде префрлен до сајтот каде што ќе треба да плати, откако ќе плати ќе биде префрлен до сајтот од продавачот каде што ќе може да си го симне продуктот што си го купил.

    Во нареден пост ќе пишам повеќе околу ова исто така ќе објаснам и за 2co.
     
  4. kris

    kris Нов член

    Зачленет:
    19 Ноември 2011
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    6
    OK Аце, ти благодарам, ама и како тоа да се изведе во Македонија да ги извадиш парите преку КОЈА БАНКА и сл.....значи пример кога ке иде корисникот намојата страна јас да имам оставено полиња за внесување број од картичка ова она,,... или пак да кликне не купи го продуктот и да го однесе кон скрилл на пример, или нешто слично...поздрав
     
  5. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,990
    Допаѓања:
    831
    Тоа е веќе друг систем доколку сакаш директно на твојата страна да купува. Додека другиов начин е со посетителот кога купува на твојот сајт тој ќе биде пренасочен до сајтот дали тоа ќе биде пејпал или некој друг, откако ќе ја плати сумата самиот ќе биде вратен на твојот сајт како што пишав и погоре.

    Иначе парите од скрил можеш на картица да си ги извадиш но додека за пејпал е малце проблем доколку немаш пејпал од некој пријател :/
     
  6. Hyper Freak

    Hyper Freak Нов член

    Зачленет:
    18 Јануари 2012
    Мислења:
    43
    Допаѓања:
    1
    Ако се одлучиш за овој вид на плаќање погрижи се добро да ја заштитиш страната која што се отвара по плаќањето на продуктот.Ако не е заштитена, некој би можел да сподели адреса и продуктот да биде достапен без да се плати.Сум видел многу страни кои се ранливи на ова, погрижи се твојата да не е дел од нив ;)
     
  7. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,990
    Допаѓања:
    831
    Да, токму така. Затоа треба да се обезбеди за да не дојде некој да го “листа“ сајтот.

    Најчесто вакви грешки гледам кај оние сајтови што продаваат некаков софтвер за IM и линковите се вака нешто
    пример:

    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    и штом ќе го купиш линкот води до:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    и доколку имаш мало познавање и доколку сајтот не е заштитен можеш директно да дојдеш до вториот линк без претходно да го купиш продуктот.
     
  8. Hyper Freak

    Hyper Freak Нов член

    Зачленет:
    18 Јануари 2012
    Мислења:
    43
    Допаѓања:
    1
    А може некој да го ископира вториот линк и да го сподели со пријателите.Ке ти биде потребна малку понапред заштита за да ги филтрираш оние кои што платиле од оние кои што гратис го добиле линкот.
     
  9. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133

    Аце, јас би ценел ако споделиш повеќе детали за ова погоре.

    ограничено е само на "Buy Now" копче или може и "Subscribe"?
    и дали е возможно некој од PayPal да ти префрли пари на Skrill?
     
  10. hazard_mkd

    hazard_mkd Член

    Зачленет:
    18 Јануари 2012
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    0
    ме интересира како прават плаќање преку кредитна онлајн на македонскиве страни.. гледам Halkbank и CaSys.. знајт некој нешто околу ова?
     
  11. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Уни Банка има систем за плаќање со картичка дирекктно на твојот сајт, но не знам како оди таа процедура за да го поставиш нивниот систем на твојот сајт. Не знам, можеби треба да платиш, или пак тие добиваат провизија за секое плаќање.

    Некој, ако има користено може да помогне.
     
  12. Grey Hat

    Grey Hat Нов член

    Зачленет:
    5 Октомври 2013
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    19
    Зашто на светот би интегрирал плаќање на твојата страна кога некој од најпознатите страни како ebay, amazon, fiverr и милион други го користат paypal i skrill како систем за плаќање...како прво никој не би се доверил да ти остави податоци од дебитна или кредитна картичка на твоја лична страна
     
    На Ilishev му/ѝ се допаѓа ова.
  13. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Малку утна пошто не си ја дочитал темата(или нешто друго е).
    Тој не мислеше он да прави пејмент гетевеј на неговата страна, туку само да интегрира плаќање(да интегрира пејмент гетевеј или да поврзе со некој таков, како што се paypal, skrill, casys, 2co итн).
    Ете лично јас имав направено интеграција на casys за OpenCart(корисниците не го напуштаа сајтот ама процесирањето на картички иде преку друг систем), комуницирање иде преку API, сајтот(продавницата) нема информации за картичката, само дали е платено или не, и за кој корисник. :)
     
  14. Grey Hat

    Grey Hat Нов член

    Зачленет:
    5 Октомври 2013
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    19

    Ова е негов цитат"..значи пример кога ке иде корисникот намојата страна јас да имам оставено полиња за внесување број од картичка ова она"...Но сепак, многу е тешко дури со тој систем да му довери некој американец картичка од "unsecured" domain...
     
  15. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Ах се гледа дека не си правел таква интеграција коко што викаш дека е можна. Сепак мислам дека не е буквално ова што го пишал, па затоа и воедно и коректно е неговото прашање.

    Пошто реплицираме на тема стара веќе година и 9 месеци(членот кој ја поставил темава веќе една година не се вклучил овде), ја затворам, можеш нова да отвориш ако сакаш точно за интеграции и како би се извело тоа.
    Поздрав.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели: