Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Како да го заштитите вашиот Wordpress сајт

Дискусија во форумот 'Wordpress' започната од Аце, 7 Февруари 2012.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,020
    Допаѓања:
    848
    Ваква тема фалеше на форумов па решив да отворам.
    Како да го заштитите вашиот Wordpress (скратено: WP) сајт од неранимајковци кои сакаат да направат штета. Откако ќе го инсталирате вашиот wp пожелно е да ги инсталирате следниве додатоци:

    - Login LockDown - овој додаток ќе ви помогне од несакани обиди за најава во админ панелот на WP. После 3 обиди IP адресата автоматски е блокирана. Се подесува во Settings > Login LockDown.

    - WP-DB-Backup - овој додаток ќе ви помогне да направите целосен бекап на вашиот сајт. Исто така има опција и за Scheduled бекап со тоа што ќе може да го подесите автоматски да испраќа бекап на ваш мејл за одредено време. Се подесува во Tools > Backup.

    - WordPress File Monitor - овој додаток ќе ви дава извештај за секоја акција која ќе биде извршена на вашиот хост каде што е инсталиран WP, дали тоа ќе биде додавање на некој фајл, изменување или бришење, автоматски ќе добивате извештај преку e-mail за секаква акција направена и во кое време. Се подесува во Settings > WordPress File Monitor.

    - WP Security Scan - овој додаток ќе ви го скенира вашиот WP сајт и ќе ви даде извештај каде да направите измени во безбедноста на вашиот сајт. На пример сетирање на пермисии на одредени локации и подобрување на безбедноста на истите. Има опција за бекап на базата, како и некои други информации во врска со безбедноста. Се подесува преку главното мени со избор на WSD Security.

    - TAC (Theme Authenticity Checker) - овој додаток би требало да стои последен. Доколку користите легалена(купена) wp тема тогаш ова и нема да ви користи. TAC ги скенира темите кои ги имате инсталирано од злонамерни кодови (доколку користите нулирани). Одете во делот Appearance > TAC за да ги проверите вашите теми.

    - Block Bad Queries (BBQ) - овој додаток ќе ве заштитува од малициозни софтвер кој може да ја инјектира вашата wp сајт и притоа да дојде до несакани проблеми . Откако ќе го инсталирате овој додаток тој сам ќе си ја врши неговата работа така да нема некои подесувања, едноставно затвора одредени конекции со тоа што ќе го направи вашиот сајт побезбеден.

    Доколку имате статична IP адреса и сте единствен автор на вашиот сајт, ви го препорачувам Restrict Login By IP додатокот со кој што ќе дозволите само на одредени IP адреси да може да пристапат до /wp-admin кој е и главен дел за најава. Се што треба да направите е да го инсталирате додатокот и од менито Users > Allowed IPs додадете ја вашата IP во празното место и зачувајте ги промените. Овој додаток автоматски ќе креира .htaccess фајл и каде што ќе ги зачува вашите IP адреси.

    Ова се неколкуте додатоци кои според мене би требало да ги имате. За какви и да било прашања, предлози или имате некој додаток кој би требало да го има во листата слободно пишете.
    Се надевам овој пост ќе ви биде од корист.
     
    На Bubo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Martinovski

    Martinovski Администратор

    Зачленет:
    21 Декември 2011
    Мислења:
    154
    Допаѓања:
    32
    Одлично Аце, имаш +1 од мене ...
     

Сподели: