Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Искуство со Google Nexus 7

Дискусија во форумот 'Кафе Муабет' започната од Conan, 6 Август 2013.

  1. Conan

    Conan Член

    Зачленет:
    30 Јануари 2013
    Мислења:
    81
    Допаѓања:
    37
    Неколку реченици за моето искуство со Google Nexus 7...

    Го имам Нексус 7 повеќе од два месеци.
    Купен е во една од МК продавници за компјутерска опрема.

    На нашиот пазар има 3 модели: Нексус 7 со 16ГБ, со 32ГБ, и 32ГБ + 3Г можност.
    Цените уоквирено беа околу: 12,000 денари, 14,000 и 17,000 денари (соодветно).
    Цените се горе-долу исти во сите продавници, но добро е да ги прочешлате веб страниците на продавниците - и да ја пронајдете најефтината (ќе заштедите 500-1,000 ден.).

    Јас го избрав моделот со 32ГБ (интернет користам преку мобилниот телефон).

    Таблетот функционира беспрекорно.
    Не го оптеретувам со којзнае какви „захтевни“ апликации, но перформасите/изработката се солидни (направен е од страна на Asus).
    Најмногу го користам за да ја пополнам празнината помеѓу десктопот/лаптопот и паметниот телефон.
    Нексусот е мобилен, може да го користиш кај ќе посакаш, немора да влечкаш со тебе уред од 2+ кг (лаптоп), немора да се ѕвериш во екранот за да прочиташ нешто (smartphone), итн.

    Поврзано со маркетинг и сродни теми...
    Го користам за да фатам кратки прибелешки во врска со идни можни онлајн проекти, ги уредувам (мали измени; WordPress, Blogger) и следам (analytics) веб страниците, следење форуми (вклучувајќи го и ИБиз), updates на профили/pages на социјалните мрежи, читање PDFs...

    Погоренаведените работи може да се средат и преку smartphone, но прегледноста и брзината и далеку подобра преку седуминчниов таблет.

    Темава/постов не е за да се пофалам, туку за да го пренесам моето искуство со Нексус 7.
    Не навлегував во детали, туку само сакав да прикажам дека таблетот е доста корисна алатка и во области како маркетинг, дизајн, SEO, итн.

    За крај...
    Знајте да си го организирате времето. Постојат и моменти кога со нас не треба да влечкаме никаков електронски уред, па бил тоа и мобилниот телефон.
    Подалеку од мониторите - излезете, прошетајте во природа, потрчајте. ;)
     
    На kiko, Ilishev, FilipD и уште 1 член му се допаѓа ова.
  2. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Така е. :D
    Иначе пред некој ден излезе Нексус 7 v2 и е многу многу подобрена(хардверски) верзија на нексусот(повеќекратно подобра од сегашнава). Новата ќе дојде во средина на септември(во Америка ја имаат уште сега, ама имаат недостаток на залихи).
    Иначе причината зошто е популарен Нексусов е неговата ценовна точна и перформансите кои ги нуди. Не е најдобриот но за таа цена да. Доаѓа со сток андроид што значи дека веднаш ја добивате последната верзија на андроид(кога излегува). Пример првиот доаѓа со 4.1 а се апгрејдуваше до 4.3 веднаш.
    Иначе навистина одлично таблетче и секако вреди да се поседува. Корисно е секако за интернет маркетинг и заработка а и забава. :D
     
  3. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    @Conan како го користиш таблетот за СЕО? И јас исто имам Nexus 7 32GB. Исто и јас го користам за следење & правење анализи за моите веб страни...
    Ако имаш неко добри апликации во врска со тоа би ми дошле добредојдени :)
     

Сподели: