Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Интернет порачувања, царини, ддв, пошти (ebay.com, dx.com...)

Дискусија во форумот 'Кафе Муабет' започната од Nakolce, 21 Април 2013.

  1. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Многу од нас овдека заработуваат на интернет, но и трошат на интернет, со купување на разни работи од ebay или слични сајтови.
    Па оваа тема ја отворам за да се споделат некои искуства, проблеми, како да стигне побрзо производот итн.

    Да почнам прв.

    Досега сум порачувал само од ebay и dx.com
    На ebay пожелно е да се плаќа со пејпал бидечки така продавачот се плаши да го злоупотреби она што го продава (не го испрати, или испрати неисправен уред...) доколку на dx.com се плаќа со картичка и не постои опција за враќање на парите туку постои опција за препраќање на производот, овде не постои опасност од непраќање или оштетен производ, бидејки пратките одат од магацин и е 100% проверено дека е исправно.

    Времето за кое стигаат пратките многу зависи од тоа од каде иде пратката. Доколку пратката е од кина тогаш и треба од 30 до 40 дена за да стигне, се случува и побрзо но многу ретко.
    Доколку пратката е од Англија или Америка се потребни околу 2 недели.

    За побрзо да стигне пратката од било каде морате на научите како правилно да адресирате.
    Овде ќе поставам линк до страната на македонски пошти каде што е објаснето сето тоа.
    http://www.posta.mk/pravilno_adresiranje.html
    Ова многу значи и највеќе треба да се обрне внимание на бројот на поштата која ви е најблиску. Затоа што сите знаеме дека од нашиве пошти нема некоја брзина него се иде споро. Па затоа најдобро е пратката да иде во вистинска насока наместо да мора да се препраќа па да задржува време.

    Со царини и ДДВ сеуште немам никакво искуство. Но доколку некој знае нешто нека сподели
     
    На kiko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652

    времетраењето на испораката зависи од тоа колку ке платиш. Пред нова гоинда нарачав книги за клиент, стигнаа за 3 дена од New York до Скопје. Нормално кошташе 140$ поштарина.

    Од моето искуство при нарачки, најдобро е да барате некој државна пошта пример USPS.com
    затоа што кога ке дојде во Скопје ке се препрати на Македонска Пошта, која е многу ефтина во смисол на трошоци за царина и слично. Доколку ти иде со ДХЛ или ФЕДЕКС, очекувај да ти бараат 3000ден само за шпедитерски услуги.
     
  3. NickyyOH

    NickyyOH Нов член

    Зачленет:
    18 Јануари 2013
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    7
    Професија:
    Web and graphic designer
    Досега имам порачувано од dx.com и уште една незнам како се викаше, мислам дека не постои повеќе, од која пратката ми пристигна за нецели 10 дена..
    Првите два пати кога порачував од dx.com првата пратка пристигна за 15-16 дена, а втората за 25-26 дена, сега исто така имам порачано некои работи но веќе денес е 37 ден и сеуште нема ништо, незнам што би можело да е причината за каснењето на пратката...
     
  4. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    Нека пише некој какви се новите промени во царините ? Почнувам да слушам муабети дека се царинат и ствари под 50 евра, според некој си каталог. Колку се релевантни информацииве и што всушност НЕ се царини ?
     
  5. Mlagjo

    Mlagjo Член

    Зачленет:
    6 Јули 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ја правам порачки од Амазон нон стоп, немам никакви проблеми до сега. Царина иде над 45 евра ама највеќе зависи што се порачува. Сум имал пратки од 200 долара а царина само 200 денари
     
  6. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    јас си го порача овоа... пред 5 минути :D Да видам за колку ке ми стигне :D
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
     
  7. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    пред 3-4 дена ми стигнаа слушалки од ebay.com за околу 9 дена ми стигнаа дома, без никаква царина и слично. сумата беше 59$ со се поштарина.

    Царината многу зависи од тоа со која пошта ти стига, најдобро е секогаш (доколку има можност) државна пошта да се користи на пример од USA - USPS, DE - Deutsche - Post. Кога ке стигне пратката во Македонија, кај нас ја превземаат Македонска пошта која наплатува 200-300 денари царина, а ДХЛ, ФЕДЕКС и слични, ке ти наплатат и царински услуги кои се 2000-3000ден
     
    На kiko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. talevskiboss

    talevskiboss Активен член

    Зачленет:
    31 Јули 2012
    Мислења:
    341
    Допаѓања:
    172
    Јас порачвам од aliexpress.com, досега од 30тина производи нема стигнато само 1, но тогаш не знаев што да гледам за да знам дали испаќачот не е fake.
    Правам порачки за другари и за мене, најбрзо има стигнато за 20 дена.
     
  9. Mlagjo

    Mlagjo Член

    Зачленет:
    6 Јули 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    0
    Тоа не е царина, поштата си наплаќа поштарина. Нормално приватните да зимаат повеќе поштарина ама кај нас дерат.
     
  10. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    лошо објаснив, мислев кога ти стига роба која треба да се царини, ти наплакјаат 200-300 денари за нивните услуги + царина
     
  11. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Дали некој знае како е со царините кога се порачува од aliexpress. Ми кажаа дека доколку производот е од некој познат бренд од делот на електроника, дека истиот ќе биде царинет без разлика на неговата цена. Исто, дали знаете како ја пресметуваат царината, дали имаат некој каталог според кој гледаат колку е царината или некако се утврдува врз основа на цената која што сум ја платил?
     
  12. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Продуктот стига со фактура. Замоли ги тие од Али да ти испрата фактура со помала вредност како би платил пониски давачки. Ако нарачуваш компјутерска опрема, од царина си ослободен само плаќаш данок и тоа 5% од сумата.
     
  13. makedon4e

    makedon4e Член

    Зачленет:
    21 Ноември 2011
    Мислења:
    117
    Допаѓања:
    2
    Планирам да купам таблет, се надевам дека и тоа го сметаат под компјутерска опрема. :)
     
  14. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    да, така е...
     
    На makedon4e му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: