Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Gdpr, европскиот закон за заштита на податоци

Дискусија во форумот 'Блогирање' започната од Аце, 4 Мај 2018.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,929
    Допаѓања:
    792
    Сите сме запознаени за неодамнешните дешавки со приватноста на Фејсбук, Кембриџ Аналитика и новиот закон кој треба да стапи на сила на 25ти GDPR.
    Самиот закон е комплексен и отвара многу прашања. Така да корисниците кои имаат страни во ЕУ, продаваат или нудат услуги во ЕУ а притоа прибираат одредени информации ги „фаќа“ овој закон кој повеќе наликува на глобален отколку на Европски.

    Што спаѓа под персонални податоци:
    • Име и Презиме
    • Адреса
    • E-mail адреса
    • Локација
    • IP адреса
    Доколку вашиот блог или страна собира нешто од овие податоци тогаш вие треба да ги промените и приспособите вашите правила со новиот закон.
    Тоа значи дека Terms of Service и Privacy Policy треба да претрпат измени.

    Совети кои се нудат е да се намали бројот на податоци кои се земаат од корисници доколку истите не се потребни. Исто така треба да се наведе дека истите податоци ќе се користат само за услугата или сервисот, и нема да се споделуваат на трети лица/фирми.

    Кои според вас се најдобри решенија и како да бидеме подготвени за овој закон?
    Ме интересира ваше мислење.
     

Сподели: