Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Fiverr заработка - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Различни методи на заработка' започната од Аце, 26 Октомври 2011.

  1. ficdogg

    ficdogg Нов член

    Зачленет:
    8 Август 2013
    Мислења:
    14
    Допаѓања:
    7
    Размисли малку пред да се избациш.

    Од банкоматот повлеков 4000 денари, што е грубо околу 87 долари, на тоа плус 3.15 за трансакцијата требаше да биде околу 90 долари, а од сметката ми земаа плус 4 долари. Во брзо време можно е да ми треба поголема сума кеш, затоа прашував, дали ќе ми се исплати повеќе од некој друг банкомат.
     
  2. tip

    tip Член

    Зачленет:
    2 Јули 2012
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    5
    Payoneer повлекува секој месец по 3$ од сметка,нешто ко за месечно одржување.Можда тоа се тие што ти фалат.
     
  3. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Кусо да е и Payoneer... ако ми е до провизии, има доволно тука банки шо горат од провизии... за да не чекаш 2 дена, плаќаш пари со кои можеш да ги потрошиш за нешто по паметно одколку да плаќаш провизии..
     
  4. ficdogg

    ficdogg Нов член

    Зачленет:
    8 Август 2013
    Мислења:
    14
    Допаѓања:
    7
    Знам за тоа, ама тоа само им стои во договорот, ако не ти е активна сметката а имаш пари да ти земат некој долар. Ама од што го читав еден од Payoneer рече дека не го применуваат тоа им стои за секој случај.
    Да беше тоа, ќе стоеше како посебна транскација како што е тој доларот за loading, ама ова целото е во една трансакција.
    Еве го како пишува во детали за трансакцијата
    Transaction Amount 4000.00 MKD
    Withdrawal Fee $3.15
    Total Charged $94.07
     
    На kon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ilija

    Ilija Нов член

    Зачленет:
    10 Ноември 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    6
    Темава добро напредува како што гледам. Прочитав многу страници од почетокот но неможев сите. Има доста совети, но срамно е да кажам дека и после 1 година на фивер никако да успеам да се пробијам и да почнам солидно да заработувам. На стариот профил имам само 5 нарачки во 1 година, а на новиот профил имав 4 но не беа завршени на време поради тоа што го заборавив тој профил и сега на него имам 75% откажани порачки и тешко дека некој ќе сака да порача од таков профил. Побарав од фивер да го избришат но гледам уште стои активен. Се регистрирав на форумов да побарам некои совети од посискусните тука, па ако некој има што да ми каже или можеби предлози за гигови што веќе не ги користат а порано ги користеле и заработувале од нив ве молам помагајте.

    Инаку нов сум на форумот, се регистрирав пред неколку минути и само на кратко да се претставам, имам 21 година, се викам Илија и сум од Струмица.
     
  6. Zeratul

    Zeratul Член

    Зачленет:
    15 Март 2012
    Мислења:
    91
    Допаѓања:
    16
    Професија:
    Интернет Маркетинг и СЕО
    Се прашувам зошто Македонците на фивер за 200 денари ќе се сокршат од работа за странци ама ако некој Македонец ги замоли за истата услуга ќе му кажат цена 2000 денари!?!?!?
     
    На kon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dorco

    dorco Активен член

    Зачленет:
    26 Јануари 2013
    Мислења:
    361
    Допаѓања:
    118
    одговор: конкуренција
     
  8. Ilija

    Ilija Нов член

    Зачленет:
    10 Ноември 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    6

    Можеби затоа што странците знаат да го ценат твојот труд и да те наградат за некоја завршена работа? Можеби затоа што интернет пазарот е едно големо глобално село преку кое милиони луѓе дневно заработуваат добри ( огромни ) пари за кои тука во Македонија да работиш и 100 години за истите тие 200 денари никогаш нема да заработиш доволно за да преживееш?
     
    На kon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zeratul

    Zeratul Член

    Зачленет:
    15 Март 2012
    Мислења:
    91
    Допаѓања:
    16
    Професија:
    Интернет Маркетинг и СЕО
    Абе еве и јас ти го ценам трудот и ќе ти дадам 200 денари... Што е разликата?
    Не сум сигурен дека вашава логика држи вода... Значи можеби не сте ми ја сватиле поентава... Зошто би работеле за 200 денари на фивер ама ако некој истото ви го нарача во Македонија ќе барате 2000 денари... Тоа ми беше прашањето бидеќи мене тоа истото ми се има случено???
     
  10. dorco

    dorco Активен член

    Зачленет:
    26 Јануари 2013
    Мислења:
    361
    Допаѓања:
    118
    на фивер имаш голема конкуренција..... а ако ти си го нашол него, очигледно имаш потреба од човекот, нормално е да понуди поголема цена.
    "Твој проблем е што не си доволно информиран и не си слушнал за фивер"

    Што ти беше целта да бараш услуга од него, ако знаеш дека на фивер ке завршиш работа со 200 денари? Сакаше да поминеш поефтино?
     
  11. Ilija

    Ilija Нов член

    Зачленет:
    10 Ноември 2013
    Мислења:
    3
    Допаѓања:
    6
    Ниту мене никогаш не ми стана јасно зошто Македонците сме такви. Точно е дека има луѓе кои наплаќаат 10 пати поголеми суми од она што вистински треба, но мислам дека тоа е поради фактот што сите сакаат на лесен начин да заработат брзи и големи пари. Знаат дека времињата се такви да мора да прават вакви зделки за да можат да преживеат. Е сега проблемот е што на некои им успева а на некои не. Мене на пример никогаш не ми успеала таква зделка, вложив многу труд и пари низ годините за да успеам во нешто но на крај пропаѓаше се. Ако ми веруваш, баш пред 2 недели затворив мини-маркет во кој имав вложено над 10.000 евра. Работеше само 1 година, но не затоа што немаше работа туку затоа што државата ни е крвопијничка што сакаше да ми го земе и лебот од уста. 5 пати плаќав казни за рок од 1 година, над 7000 евра. Неможев да издржам веќе и затоа го затворив маркетот, но уште поголем проблем е што сега поради "милата" моја ( и ваша ) татковина останав со прстот во уста и со долгови до гуша. Незнам како и на кој начин да излезам од овие долгови, кои секој ден се зголемуваат. Самото ова ти докажува колку може да успее бизнис од нула во државава. Затоа во државава бизнис никогаш повеќе!


    Тука во Македонија дневница е од 200 до 300 денари така? 30 дена во месецот * 300 денари ( немора 200 ) 9000 денари така? Месечна плата ти е од таа сума до 12-13 илјади денари, толку. Ај да те видам со фамилија како ќе издржиш од први до први секој месец? ОК, можеби ќе издржиш ( тешко ) но имаш пари само за давачките кон државата и фирмите и нешто да купиш за јадење така? Немаш пари ниту за излегување, ниту да отидеш некаде на викенд со семејството, ниту за летен одмор буквално за ништо.

    Ај сега да разгледаме како стои работата надвор од Македонија. Како што ти кажав и во претходниот пост интернетот е едно модерно глобално село во кое има многу потенцијал за сите заинтересирани и многу луѓе го докажаа тоа на дело. Зошто на пример да работам цел месец за 200 евра плата кога ако го вложам истиот труд на интернет можам да заработам 10 пати повеќе? Размисли на овој начин и види дали не сум во право, а прочитај го уште еднаш ако треба тоа погоре што ти го напишав и ќе сфатиш зошто попрво би работел за некој странец преку интернет отколку за Македонец.

    Незнам колку години имаш ниту какви искуства си имал во животот, но јас иако сум 21 година сум осетил многу стапови на мојот грб. Цело детство од 15 години до денес го минувам со финансиски и други проблеми секој ден, а на никој не му чуе за тоа. Нема човек или институција која сака да се погрижи за своите граѓани, нема никој кој сака да им помогне на оние на кои навистина им треба помош.

    Не ти посакувам ниту тебе ниту на било кој друг да се најде во моја ситуација, бидејќи верувајте дека нема да издржите ниту еден ден. А јас така живеам веќе 7 години и навлезено ми е во психа и коски, па не ми е веќе битно како и на кој начин да заработам, само знам дека за Македонци никогаш повеќе нема да работам за бедни 200 евра додека некој незнае колку пари украл и на што да ги потроши.

    Се надевам дека ме разбираш што се обидувам да ти докажам со овој пост, и се извинувам што е толку долг.
     
    На Lux, FilipD, BigBull и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. johnny625

    johnny625 Член

    Зачленет:
    2 Август 2013
    Мислења:
    33
    Допаѓања:
    16


    Тоа е индивиудуално. Конкретно јас за 200 ден никогаш не сум се скршил во работа ни овдека ни на интернет. Ако некој ми ги става парите во џеб со тоа што е спремен да ми плати десет пати повеќе зошто да не му наплатам толку? Да бил малку попаметен ќе побарал на интернет и ќе плател 200 ден за истата работа. Мора да е тоа, не сум толку убав за на шарм да ги фаќам. :D
     
  13. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Точно. Најточно напишано до сега. Исти ѓавол е и кај мене со дизајн на лого, маскоти, мајци и слично... Тука кога му кажам 1500 денари да речеме ( за било шо ) гледа ме како теле у шарена врата, и ми вика има луѓе шо ке го направат за поевтино. Добро, оди кај тај, јас не те терам од кај мене да купеш... а странците ( посебно американци ) кога му кажам 200$ он ми ставе смајли... па дури и пред да му направам дизајн, он ми го плате. Прашањето погоре беше зашто на фивер работеме за по 200 денари а за истата работа на македонец му наплаќаме по 2000... тоа е оти не можеш да очекуваш да имаш таква стална работа надвор од интернет, не дека на интернет ти е стална, али имаш повеќе шанси да најдеш работа... ако не оде да речеме со фивер, почнуваш со ЦПА (да речеме) или нешто друго... не плаќаш триста разни безобразни трошоци, не уредуваш простор, ништо... само дома ти треба компјутер кој веќе го имаш и фураш.. ... мораш и ти да живееш од нешто. Кога ке имаш повеќе стални клиенти, тогај ке можеш да ја симнеш цената...
     
  14. antoniosim

    antoniosim Нов член

    Зачленет:
    12 Ноември 2013
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    Izvinete vaka sega sto menjam tema megutoa gledam deka ima mnogu Makedonci sto poznavaat za internet biznis.Videte jas imam edna odlicna idea megutoa mi trebaat poveke luge da ja realiziran so koja ke ima mnogu golem profit na pari i normalno parite se 50% 50% toa sekogas taka ke bide.Znaci koj e zaiteresiran neka mi pise slobodno ke mu objasnam ke se slusneme na skupe nemora da prifati samo mi trebaat luge koj bi rabotele 100% ne e bitno godini ili nesto.Imam idea sakam da ja iskoristam mi trebaat luge nisto drugo .......
     
  15. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    па дај пиши малце повише инфо, идеи имаме сите....
     
    На kon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. antoniosim

    antoniosim Нов член

    Зачленет:
    12 Ноември 2013
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    Epa ako imas i ti idea daj ke gi realizirame i 2 te mnogu e ubavo da se ima idea sekoja idea moze da se ostvari so malce trud .. na mene mi trebaat luge kako sto pisav znaci za strani kreiranje web se da znaat toa e toa​
     
  17. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Друже :D Претстави ја идејата... никој нема да ти ја украде :) Ако не интересира повеќе ке разговараме... а вака ништо не може да ти помогнеме...
     
  18. antoniosim

    antoniosim Нов член

    Зачленет:
    12 Ноември 2013
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    ideata e da se otvori firma i strana vo mk da se druzime i da napravime kopanija so poveke strani.Koj e za jas mislam ke bide odlicno site zaedno ke rabotime kako eden tim golem kako sto rabotat mnogu kopanii mnogu ke bide polesno koga site ke bideme zaedno me razbirate neli sto sakam da kazam
    --- Надополнето, 13 Ноември 2013, Дата на објавување: 13 Ноември 2013 ---
    Da preciziram sekoj ke si raboti svojata rabota ke se sobereme od cela makedonia zosto da ne napravime nekoja firma konkuretna na pazarot pa moze ke izleze nesto poveke.Znaete koga ste poveke luge ima poveke pari poveke vlozuvanja poveke milenja se menjaat se e tolku dobro mnogu po interesno i se razbira poveke srestva mozete da dobiete
     
  19. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Ти изгледа си го погрешил местото за отворање на фирма. Да отвориш кај нас фирма те кошта 50 еура, а да ја затвориш... кој знае...

    А вакви како тебе имам слушано многу. Прво немаш никаков бизнис план, немаш идеа како би профитирал а милиш на отварање фирма и така натамо.

    Мој совет ти е прво да направиш план, да почнеш да заработиваш па после ако видиш дека добро ти оди, да си отвориш фирма, да се здружиш, и да си го легализираш бизнисот. Почитувам здружување на млади програмери кај нас кои прават успешни старт апи, ама познавам доста кои се здружиле, направиле портал или некоја си продавница (исто како тебе, ке отвориме фирма и ке работиме сите заедно) и после едно 6-9 месеци ке се покакаат...

    уште еден совет, троши го времето и парите да работиш со богати земји а не со МК.
     
    На kon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Со тоа шо не работеш у Македонија, и помагаш на Македонија :D
     
    На stefan_v и Goranski им се допаѓа ова.

Сподели: