Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Fiverr Совети за Повеќе Нарачки

Дискусија во форумот 'Различни методи на заработка' започната од stefan_v, 9 Септември 2012.

  1. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Еве мои размислувања за повеќе нарачки на Fiverr. :)
    -Не бришете, и повторно да ставате гигови. Се губи "искуството" на гигот. Зошто ова? Епа Fiverr веќе работи со индексирање, ранкови итн И да немате нарачки - не го бришете гигот.
    -Користете зборови како Personalized , Original, Best, Custom, 24hrs service всушност суперлативи на почетокот на гигот а може и некои знакчиња. Како ***Best Delivery***
    -Користете знакчина како
    **** Збор ****
    ✓✓✓ Збор ✓✓✓
    ✔100% Satisfaction Guaranteed
    ✔48 Hour Delivery Available.
    100% customer service✔✔✔
    ★★★★★TOP SELLER★★★★★
    ✱BEAUTIFUL✱
    ★★★Top Rated Seller & Fiverr Featured Gig! ★
    ✰✰✰✰ Збор ✰✰✰✰
    ☑Збор
    ►Збор
    -Нека од почеток биде еден ден(Значи не ветувајте брда и планини а да ставите незнам колку дена). Подобро помалку но за пократко време. Значи еден ден. Од кога ќе завршите за еден ден и некој остави позитивен фидбек ондак ќе ви стане express гигот. Верувајте многу помага тоа.
    -Внимателно ставајте тагови и бирајте убаво, баш убаво напунете го местото за тагови со релевантни клучни зборови(всушност вака и ќе дознаат за вашиот гиг).
    -Многу е битно каде се наоѓа вашиот гиг за тој клучен збор. Многу се чека за да се пробие. Значи треба време.
    -Гигот е подреден со Search Ranks. Тој зависи од повеќе фактори. Но како најмногу се добива(со тоа и најмногу нарачки има). Епа за да имате нарачки треба да имате нарачки. Зафркната работа. Е сеа како тоа а? Епа од кога некој ќе го примети гигот(може и да ве позамара со пораки), али напрајте се да нарача а притоа да остави позитивен фидбек. Fiverr нема да ви даде многу трафик(Слаб ранк), и ќе го стави на тест. Ако е квалитетен со нарачки ќе ви го качува, а со тоа ќе имате нарачки и така во круг. За се е потребно време. Пребарувачкиот ранк зависи колку нарачки имате во моментот а не од фидбекот. Значи ако имате нарачки ќе имате уште повеќе. Али има заеб*нција. И да - не планирајте да си купувате гигови сами. Само ќе си потрошите пари и време. ;)
    -Доколку вашиот гиг е Персонализиран, уникатен, со голем број на нарачки можете да побарате на http://support.fiverr.com/ да ви го направат Featured(ќе направите Request со соодветна категорија). Или барем ако е оригинален да го промовираат на нивниот Facebook, Twitter и други социјани сметки кои ги има Fiverr. Бар љубезно можете да ги прашате.
    -Правете долг наслов каде ќе бидете убедливи и кој ќе биде нестандарден и пун со суперлативи. Исто така некој зборови пишувајте ги со големи букви, како REAL, PERSONALIZED, итн.
    -Ставете максимум слики и видео. Сега со портфолиово можете кога доставувате, да доставувате и слики иако тоа нема врска(пример од нет), за да има повеќе слики. :)
    -Максимално костистете го просторот за пишување(описот на гигот). Сега е зголемен за скоро 3 пати.
    -Низ гигот ставајте знакчиња.
    -Секогаш давајте повеќе од што сте ветиле. Секогаш ќе имате одличен фидбек.
    -Најлошо нешто е да добиете лош фидбек. Подобро вратете му ги парите(пратете му порака) ако тргне лош фидбек да му го вратите целосниот износ кој го платил. А ако има фидбек неможете да му ги вратите. Ако има поминато време и двајцата сте согласни, пишете на подршката, ако имате среќа тие ќе ја откажат нарачката(претходно да го отстранат фидбекот) и да му вратат парите.
    -Секогаш дишете им во врат на клиентите, и да не одговараат. Секогаш помагајте им и ќе добиете нарачки.
    -Сега послушајте и чекајте. Бидете стрпливи.

    Е тоа беше нешто од мене. Следуваат неколку слики за пример:
    Опис:
    fiverr1
    Наслов(иако нема добра почетна реченица):
    dobarnaslov

    Поздрав! :)
     
    На IvanGeorgiev, besy, dreamer и уште 5 други им се допаѓа ова.
  2. Kafka

    Kafka Активен член

    Зачленет:
    20 Ноември 2011
    Мислења:
    122
    Допаѓања:
    44
    хм.... иако сум од почеток член на фивер никогаш не сум размислувал дека треба да смислам ваков настап... всушност веднаш правам гиг за да видам што од ова е тоа што пали најмногу...
     
    На stefan_v му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dreamer

    dreamer Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    94
    Професија:
    3D Modeling
    А дали може да извадам картичка од НЛБ иако имам 17 год? Или да си чекам уште 5-6 месеци 18-че ? :D
     
  4. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Можеш али немам врска како ова е поврзано со темата. Ќе треба на име на родител да се направи тоа.
     
    На dreamer му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: