Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Facebook Timeline генератор

Дискусија во форумот 'Facebook' започната од Milton, 18 Април 2012.

  1. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    друштво..
    налетав на една апликација која креира слики за новиот Facebook Timeline..
    може да се креираат слики за оној горниот дел (header) од Timeline-от, оние малите сликички за facebook профилот, па дури и слики за банери.

    ја кренав апликацијата на бесплатниот хостинг.. беше само прашање на copy/paste и си испадна без проблем.

    ако сакате да ја погледнете како изгледа и да ја поиграте.. ѕирнете на:

    Timeline Generator

    е сега.. апликацијава сама по себе е прилично рудиментирана..
    нема многу опции освен оние што се претходно зададени: за менување позадина и икони или едитирање текст. иако, додуша.. дизајните кои ги вади и не се така лоши.

    дур ми е крената привремено апликацијава.. може ќе ви се најде за некого набрзинка да му направите Facebook Timeline дизајн :)

    туку што ми е замислата..
    би сакал да чујам ваши сугестии како би можела да се подобри апликацијава затоа што имам многу добар пријател кој работи Flash и за релативно кратко време би можел да направи нешто по-advanced.

    понатаму би размислувале како да ја маркетираме апликацијата.. во стил:
    модел1: апликацијата да биде бесплатна (со тоа што на генерираната слика би било поставено логото од неговата фирма)
    модел2: ако не сакаат да се покажува логото од фирмата на пријателов.. да си платат долар, два или три
    модел3: апликацијата да биде комплетно бесплатна со тоа што за да се користи ќе биде врзана со content locked CPA понуда (e-mail или zip submit) и оние кои ќе ја посетат страната, ќе треба да ја пополнат CPA понудата за да им се отвори апликацијата и да може да ја користат.

    што мислите вие за ова?
    имате некоја сугестија?
     
  2. Chuck Norris

    Chuck Norris Активен член

    Зачленет:
    28 Декември 2011
    Мислења:
    250
    Допаѓања:
    33
    За ова ќе биднеш баниран речиси од сите ЦПА компании затоа што не дозволуваат Incent трафик (да добиеш нешто за возврат со пополнување на понудата)
     
  3. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Milton веќе со тоа долго време се занимава(CPA). И да, ако не знаеш, Maxbouny дозволува ваков трафик за одделни понуди. Башка Milton е веќе регистриран на Maxbounty. Знам за ова, па ти кажувам. ;)
     
  4. Milton

    Milton Истакнат член

    Зачленет:
    17 Ноември 2011
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    133
    @stefan_v: фала :)

    @Chuck Norris: некои мрежи поддржуваат incentives, некои не. MaxBounty има солидна понуда на incetivised offers, мада, може ете баш за таа понуда која сакаш да ја промовираш, да не дозволуваат. тогаш можеш да се обратиш кај твојот AM и да го/ја распрашаш за дозволени и недозволени начини на traffic.
    втората опција би била link-cloaking.. ама тоа си е (ризична) приказна сама за себе.
     

Сподели: