Facebook Audience Network

Дискусија во форумот 'Facebook' започната од Аце, 4 Октомври 2017.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,887
    Допаѓања:
    759
    Facebook Audience Network (FAN) е нов вид на реклами кои ги нуди фејсбук на нивната социјална мрежа. FAN нуди можност на корисниците кои имаат свои веб страни и блогови да почнат да заработуваат со тоа што ќе им бидат пласирани реклами од страна на фејсбук, нешто слично како Adsense.
    Facebook-Audience-Network
    Оваа тема ќе биде официјална и ќе биде се поврзано за FAN. Така да слободно пишете се што ве интересира.
    Накратко сликовито ќе објаснам процесот на регистрација и подесување. И ќе се обидам оваа тема да ја ажурирам што е можно почесто.

    За да аплицирате на FAN прво што треба да направите е да подесите Instant Articles на вашата веб страна.

    За да се пријавите на Instant Articles (IA) одете на линков:
    https://www.facebook.com/instant_articles/signup и изберете ја фан страната која е дел од вашата веб страна. ВИДИ СЛИКА.
    Исто така инсталирајте го и плагинот за вордпрес, истиот го имате на следниов линк: https://wordpress.org/plugins/fb-instant-articles/
    Штом ќе се регистрирате за IA ќе ви се појави на вашата страна во Publishing Tools Instant Articles мени. Одете во Configuration и следете ги чекорите. Овој дел е лесен така да не верувам дека ќе имате некои потешкотии.
    [​IMG]
    • Connect Your Site: Треба да го ставите кодот во вашата веб страна за истата да ја конектирате со фан страната. Потоа го вметнувате доменот и притискате CLAIM URL. Треба да добиете зелена порака дека е се океј. ВИДИ СЛИКА.
    • Production RSS Feed: Тука треба да го вметнете линкот до вашиот фид на статии, кај вордпрес тој најчесто е http://domenot.com/feed
    • Styles: Тука имате еден стил (дизајн) на IA. Многу важно е тука да ставите лого како не би ве одбилен кога ќе аплицирате. Кликнете на Default и во делот LOGO ставете го вашето лого со бараните димензии. ВИДИ СЛИКА.
    • Audience Network кликнете на тоа и кликнете на квадратчето, штом ќе кликнете на квадратчето Фејсбук автоматски ќе креира апликација за Audience Network (ќе добиете од лево како нотификација) ВИДИ СЛИКА.
    • Submit for Review доколку се подесивме тука и имаме неколку статии на страната можеме да аплицираме за Инстант Артикли. Тоа напревете го најгоре во чекор 2 од сликава.
      ВАЖНО: Пожелно е штом ќе аплицирате да имате некои нови статии после тоа, Facebook ќе разгледа некои од нив и ќе добиете одговор дали сте прифатени или одбиени во рок од 1 до 3 работни дена.
    Сега одете на вашата веб страна и активирајте го плагинот. Подесувањата се едноставни така да нема тука да ви одземе многу време.
    • Facebook Page ID - Тука вметнете го ID-то од вашата фан страна која претходно подесивте Instant Articles. ВИДИ СЛИКА.
    • Artycle Style - Тука стандард стилот на артиклите е оној default така да ако немате ништо менувано во Styles погоре во третата точка, оставете го default и не менувајте ништо.
    • Ad Type - Тука изберете Facebook Audience Network и ќе ви се појави опција “Audience Network Placement ID„ вратете се на фан страната во Instant Articles и тука треба да имате Your Dashboard. Кликнете на тој линк. ВИДИ СЛИКА.
      Откако ќе бидете префрлени во апликацијата од лево под Products изберете Audience Network > Placements и во тој дел ќе имате ID, копирајте го истиот и вметнете го воделот од плагинот. СЛИКА 1 и СЛИКА 2.
    Последниот чекор е подесувањето на методот за Исплата. Тоа го имате во истиот дел од Audience Network апликацијата.
    Поради тоа што веќе имам слики така да ќе ги прикачам тука и вие следете ги сликите и пополнете ја формата.
    1 2 3 4 5 6

    Тоа е тоа сега за сега, доколку имате некое прашање, не ви беше јасен некој од чекорите пишете во темава.
    ДЕЛ ОД СЛИКИТЕ СЕ ЗЕМЕНИ ОД Google ЗА ПОЈАСНО ДА ВИ СТАНЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДЕСУВАЊЕ.
     
    На cWii и Zerosec им се допаѓа ова.
  2. cWii

    cWii Нов член

    Зачленет:
    4 Октомври 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    2
    Аце, одлично прикажан туторијал за регистрација на Audience Network. Но мислам дека недостасува уште една додатна информација односно последниот чекор а тоа е финалната верификација на веќе регистрираниот профил за исплата.
    Ова не мора да биде точно бидејќи после неколку разговори со наши увидов дека кај некој се има појавеноп овој екстра чекор а кај друг не. Кај мене се појави и ги пополнив условите и чекав некој си месец дена и сега баш проверувам и гледам дека повторно ми стои да ги пополнувам истите услови (тоа што го бараат е слика од лична карта со реална адреса на живеење и слика од официјален документ од банката). Ме интересира дали некој се нашол во сличнава ситуација и доколку е така би ме интересирало со која банка има аплицирано. Јас аплицирам со Тутунска иначе. Во прилог ставив скриншот од ситуацијата.

    1 2
     
  3. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Одличен туториал.
    Одредено време(мислам дека околу месец дена) ја немаше Македонија како земја за Payout. Сега гледам пак ја додале. :)
     
  4. naduvan

    naduvan VIP

    Зачленет:
    20 Август 2014
    Мислења:
    29
    Допаѓања:
    14
    И совет еден за тие што ке добијат Instant Articles веднаш пополнете го методот за исплата во спротивно кога ке го достигне лимитот за исплата ако немате ставено начин-метод на исплата ФБ ке ви ги исклучи рекламите се додека не го ставите.
     
  5. karolab

    karolab Нов член

    Зачленет:
    12 Октомври 2017
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво дали Facebook Audience Network работи само за WORDPRESS платформа..?
     
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,887
    Допаѓања:
    759
  7. Zerosec

    Zerosec Член

    Зачленет:
    3 Февруари 2015
    Мислења:
    41
    Допаѓања:
    10
    Професија:
    CEO
    Дали некој се соочил со овај проблем досега и знае како да се среди?
    http://prntscr.com/h0ourg
     
  8. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,887
    Допаѓања:
    759
    Го имаше во првата статија во Styles. Мораш да ставиш лого според тие димензии за да не ти прави проблем. Среди го ова и одма аплицирај.[​IMG]
    --- Надополнето, 23 Октомври 2017 во 03:04, Дата на објавување: 23 Октомври 2017 во 03:03 ---
    Наскоро ќе има мал туторијал за како да се подеси плагин за Instant Articles.
     
    На Zerosec му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: