Facebook ќе ги казнува страните со лоши реклами

Дискусија во форумот 'Facebook' започната од Аце, 15 Мај 2017.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,899
    Допаѓања:
    770
    Периодов facebook направи неколку промени на алгоритамот и се обидува на еден начин да се справи со содржините кои се фејк или имаат кликбејт наслови.
    Новина оваа недела е тоа што Facebook оди подалеку и сега покрај борбата со фејк вести, facebook исто така ќе ги казнува и страните кои користат вознемирувачки, малициозни и реклами каде е прикажана голотија а притоа самата страна има малце или нема воопшто содржина [1, 2].

    Па така да сите линкови кои ќе бидат објавени на фејсбук а притоа имаат премногу реклами и малце текст ќе имаат многу мал приказ на самиот News Feed и исто така нема да може да се креираат реклами за таа содржина (или домен).

    Со последните промени facebook ги таргетира сите “content-recommendation" реклами како што се рекламите на Revcontent, Content.ad, Taboola, Outbrain и други. Па така да овој тип на реклами најчесто поради високата заработка од клик многу често имаат наслови и слики кои се шокатни и привлекуваат големо внимание на посетителите без притоа да се внимава на квалитетот на рекламата и содржината на истата.

    Многу често и лажните вести ги има во овој вид реклами како најдобар метод да се дојде до повеќе посети.
    [​IMG]

    Некои од content-recommendation мрежите полека се прилагодуваат со новите промени на facebook како не би изгубиле од профитот кој го прават со пласирање на рекламите па така да на 11.Мај Content.ad имаа известување преку мејл со новите промени на рекламите [слика].

    Revcontent веќе ги направија промените но сеуште нема јавно известување на нивниот блог.

    Дали има некој погоден од овие промени на Facebook? Споделете ваше искуство.

    Други извори:
    Код:
    Мора да имаш 5 мислења за да го погледнеш линкот. Моментално имаш 0 мислења.
    http://marketingland.com/facebook-using-ai-penalize-spammy-ad-heavy-websites-214201
    http://www.socialmediatoday.com/social-business/facebook-updates-news-feed-combat-low-quality-websites
    
    --- Надополнето, 18 Мај 2017, Дата на објавување: 15 Мај 2017 ---
    [НАДОПОЛНЕТО]: https://newsroom.fb.com/news/2017/05/news-feed-fyi-new-updates-to-reduce-clickbait-headlines/
     
  2. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Пред некој ден Facebook потенцираше за забраната за Facebook Live видеа кои не се всушност Live(слики што не се мрдаат, слајдшоу, анкети итн). Тајмери за одреден настан(пример колку останува до нова година засега се ОК).
    https://techcrunch.com/2017/05/15/fake-live-videos/
    http://www.adweek.com/digital/facebook-live-api-platform-policy-update/
    http://www.rappler.com/technology/social-media/170225-facebook-bans-graphics-only-live-polls
     
  3. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,899
    Допаѓања:
    770
    Повеќето од веб страните кои беа засегнати со апдејтот кој беше во врска со рекламите и на истите веб страни им беше намален ричот на facebook, сега имаат отворено слични веб страни (домени).
    --- Надополнето, 25 Јуни 2017, Дата на објавување: 19 Мај 2017 ---
    Нова статија на BuzzFeed: Macedonian Publishers Are Panicking After Facebook Killed Their US Political Pages
    https://www.buzzfeed.com/craigsilve...acebook-killed?utm_term=.ygOdlpWrV#.lnB6WOl03
     
  4. phantom

    phantom Нов член

    Зачленет:
    20 Март 2017
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите, јас сакам да ве запрашам за можно решение на мојот проблем.
    Се служев со аматерски финти за да привлечам повеќе фанови на мојота фан страна од која влечам посети на сајтот (уште не ми е монетизиран).
    Правев лажни профили нормално од згодни девојки и момци со цел полсено да ги наполнам со пријатели и после тие пријатели ги канев да се придружат на фан страната, сето тоа одеше добро до денот кога почнаја да ги банират лажните профили еден по еден имав околу 10 профили неколку беа со 5000, неколку со 3000, 2000 и така натаму ....
    Проблемот ми е од како ми остана уште еден од 5000 пријатели и фан страната, сега интеракцијата и приказите на страната се 0, дали е можно да добив пенали од фејзбук ? Шо и да постирам џабе има 1-2 прикази на фан страната а на профилот од 5000 пријатели 0 интеракција? Има ли решение или да барам друга социјална мрежа? и заборав да кажам дека за сите профили користев ToolKIt за додавање пријатели... фала и поздрав :D
     
  5. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,899
    Допаѓања:
    770
    Претпоставувам дека твојот домен е ghosted за секогаш, тоа значи дека без разлика кој број на публика имаш ти ќе добиваш мал рич на постовите (најчесто до 100 reach). Најдобро ќе ти биде истиот сајт (домен) да го промениш пошто сеуште не ти е монетизиран и да започнеш со нов домен.
     
    На phantom му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: