Explore feed: дали крајот на органскиот reach вака „мириса“?

Дискусија во форумот 'Facebook' започната од Аце, 28 Октомври 2017.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,899
    Допаѓања:
    770
    Facebook тестираше нови промени во нивниот news feed во неколку држави, па така да содржините од фан страните беа сместени во нивниот Explore Feed по што истите беа помалце видливи за корисниците кои лајкнале фан страна и истите содржини се помалце прикажани во news feed-от. Па така сега во news feed-от кој сите го гледаме ќе имаме само содржини од нашите пријатели и спонзорирани постови.
    Пред 1 недела имаше статија од еден Словенски новинар каде што пишуваше дека ова е најголемиот пад на органскиот рич некогаш виден на Facebook, што и се согласувам со оглед на тоа што реално до сега Марко и не правеше некои промени во овој дел.
    explore-feed
    Денес на големо се збори за тоа како големи медиуми и брендови имаат дури и 50% намалена гледаност поради овие “тестови“ на Facebook, и истиов овој “тест“ е прогласен како убиец на органскиот рич и убиец на онлајн медиумите кои се борат нивните постови да бидат што повеќе видени од нивната публика.
    [​IMG]

    Пред 5 дена Адам Мосери (главен за News Feed) имаше известување каде потврдува дека се работи само за тест кој го прават во одредени држави и дека во моментов немаат планови да го шират овој тест во други држави. Ден потоа објави упатство како News Feed-от работи и како рангирањето функционира така да оваа информација би им била од корист на медиумите кои сакаат да успеат на нивната платформа.
    Со оглед на тоа што многу веб медиуми пишаа за оваа промена што ја направи Facebook сметам дека ќе влијае врз одлуката истата да не се имплементира и Facebook да си продолжи како што си е до сега.

     
    Последно изменето: 28 Октомври 2017

Сподели: