• После 10 години постоење, дојде моментот кога треба да се збогуваме! ИБиз ќе згасне на 1ви ноември 2021.

Etsy - генерална дискусија

jassum20

Нов член
Зачленет/а
17 март 2014
Мислења
53
Реакции
7
Здраво на сите,

За сите оние кои што не го знаат овој сајт (Etsy.com), тоа е сајт каде што секој може да си креира сопствена продавница каде што ќе продава стари работи, рачно изработени или останати производи.

пред неколку дена креирав продавница на Etsy, гледам дека платформата е сложена и има голем број работи кои треба да се подесат, па ме интересира дали има друг кој е искусен и веќе се занимава со ова да сподели некои искуства во однос на:
1. Како оди shipping од Македонија, дали стигаат пратките до останатите делови од светот или се губат?
2. Како пресметувате shipping на производите?
3. Што доколку не му стигне производот на клиентот, дали му ги враќате парите или му испраќате повторно?
4. Видов дека PayPal е основен метод на исплата преку Etsy, но има и други методи (ама преку останатите методи треба клиентот да ти плати директно), и дали користите други методи?
5. Дали користите некои SEO техники за да ги промовирате производите, бидејќи тешко дека без некоја промоција ќе ме пронајдат доколку пребаруваат?

И доколку имате да споделите ваши искуства и типови и совети би било супер. :)))
 

Аце

Ordinary guy.
Зачленет/а
9 септември 2011
Мислења
2,036
Реакции
856
Веб-страница
ibiz.mk
Кога разговарав со 2ца кои работат на Etsy и кога им спомнав за форумов и делот за Etsy добив игнорантски одговор. Ги сваќам не сакаат да споделат совети, да не им земе некој од колачот или ги бомбардира со прашања, но луѓе, не сме ни 2 милиони народ. Зашто да не се сподели некој совет? Па не измисливме ние топлата вода па сега да се правиме паметни, стварно голема штета што за разлика од другите земји како Србија и Хрватска каде што покрај форуми и групи по фб, имаат и meetup-и за одредена тема, ние изиграваме себични.

Онтопик:
Иако повеќето со кој разговарав работат на дигитални производи, се плашам со нашиве пошти дали воопшто пратката ќе пристигне до купувачот а притоа истиот да не побара refund.
Дали дојде до некој одговор на твоите прашања?
 

jassum20

Нов член
Зачленет/а
17 март 2014
Мислења
53
Реакции
7
Фала за подршката, но сеуште немам одговори, а и немам ни нарачки за сам да соберам искуство.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Ace

VIP
Зачленет/а
11 март 2014
Мислења
32
Реакции
17
Еден совет(идеја)... мислам многу подобро е да најдеш некој низ Европа или Америка кој ке ги изработува производите (рачна изработка) и од таму да ги испраќа. Јас се распрашував со еден пријател пред една година во нашава пошта како е процедурата за испраќање и ми го дадоа калкулаторов за пресметка (со ЕМС за меѓународен сообраќај наводно стигале и немало проблем). Втора важна работа што не ја знам .... како е процедурата за примање на парите.

https://www.posta.com.mk/ems/
 
На врв Дно