Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Elancer.mk

Дискусија во форумот 'Интересни веб страни' започната од Колман, 14 Октомври 2012.

  1. Колман

    Колман Активен член

    Зачленет:
    5 Мај 2012
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    100
    Случајно на чат ми стигна линков од странава, испратена од еден мој другар. По името заклучив дека се работи за страна слична како odeks.com, некој поставува работа за проект се пријавуваат учесници и се доделува работата...Страната е таква но...

    Уште при првата посета бев демотивиран, на почетна стоеше следново:
    (пример)„Ми треба лого, спремен сум да платам Од 500 до 1000 МКД“
    Многу непрофесионално, самите креатори предлагаат смешна цена за креирање лого. На 99designs.com почетна цена е околу 200 долари за креирање лого, а просекот околу 300-350...
    Но ајде ние сме Македонси, помала држава помал стандард и патиме од македонскиот синдром.

    Се регистрирав и решив да видам што се нуди. Сега тотално бев збунет, се бараат чистачки за бришење прозорци, друг бара бравари/столари, трет возач со Е категорија...и мојата фаца е :wtf:

    Идејата е јасно од кај е добиена, ова би требало да биде прв сајт од ваков тип но дали реализацијата е лоша? Или самите ние не сме навикнати да плаќаме дизајнери, програмери... Дали е проблем тоа што сеуште немаме асолно платежно средство за онлајн трансакции, па ваквите страни се осудени на пропаст?

    Искрено мразам да критикувам нешто што е во почетна фаза, но овде ми гледа дека идејата е една а реализацијата сосема друга.

    Вие што мислите, би успеала ли ваква страна од ваков тип кај нас, и дали би се нафатиле да работите на ваква страна?


    Јас сметам дека не би успеала, бидејки пред се македонецот како народ не е баш навикнат да плати 200 долари за лого или било што. Самиот предлог на сајтот од 500 до 1000мкд доволно говори за себе, а не ме чуди некој и толку да несака да плати.
    Никој не би работел некаде каде не се цени доволно трудот. Секој би избрал да работи за повеќе пари со подобра конкуренција. Така и самиот добива поголем мотив и завршниот продукт ке е поквалитетен.
    За 500 денари би се нафатило некое детиште кое е маалскиот компјутерџија и форматира компјутери за 300 денари.

    Тоа е мое мислење, Вашето? :)
     
  2. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Јас ќе се нафатам да направам лого за 500 денари... Не сум професионалец, познавањето на фотошоп ми е на ниско ниво но за 500 денари ќе скоцкам нешто и ќе му ги земам...
    Edit
    Се регистрирав на сајтов и има што да видам... Наместо да го има она за што е конкретно наменет... Сајтот е претворен во мали огласи.
     
  3. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Абре Македонецот и така нема/стиснат е, и коа купува и дава пари сака сите да разберат дека има нешто ново. Ќеф му е да оди да купи.
    Истото е со договарање и правење бизнис. Ако они не го видат(и да го видат, сакаат да го пробаат, проверат) и на крај „можеби“ ќе купат за мали пари. facepalm.jpg
    Тоа е тоа.

    Оваа и сличните страни дали ќе пропаднат? Паа ќе видиме. Можеби да - можеби не.
    Но лично на оваа страна, нема да и биде намената тоа што и е.
    Сите мислат уште еден огласник. Не е како што треба, бар не сега.
     
  4. Колман

    Колман Активен член

    Зачленет:
    5 Мај 2012
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    100
    Ама не си ни ти крив, кој колку понудил толку ке добие. После ке мрчи нечинело, па неможе ни да чини...само што се сомневам дека некој и толку ке понуди...
     
  5. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    има лек... прво ќе си плати па ќе си добие... А што ќе добие не ме интересира ни мене... За тие пари нема да седам јас 2 дена пред компјутер и да мислам како да дизајнирам лого....
     
  6. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Јас пак да ви кажам... и јас имав ваква идеја но само да биде за дизајн наменето како 99дизајнс... и бам... доваѓам си од школо изнервиран од еден глупак светски што нема врска од дизајн ме нарача да му правам веб за 3000 денари ( обичен хтмл/цсс сајт ) и јас прифатив, ама тогаш му верував, ни на крај памет да ми текне, направи му ја за 3 дена... и после ме влече влече влече пола година и повише... и нејке да ми плати... викам шо те *бам ке ти наплатам друго јаче... отиде му, испокара се со него и по 1 недела му ги избушив 4те гуми на возилото... и од тогаш никогаш не работам за македонци освен ако не платат пола сума однапред. Затоа, можно е сајтов да е scam и парите да не ви ги ни дадат... Еве сега не им работи копчето кога ке ги внесеш информациите за регистрација за понатаму... не би работел таму... барем за таа цена не..
     
    На kiko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Колман

    Колман Активен член

    Зачленет:
    5 Мај 2012
    Мислења:
    182
    Допаѓања:
    100
    Ne me svati. Celta mi bese sa se ponudi razumna cena. Treba vejke ednaska i kaj nas da se ceni toa sto se ceni vo stranstvo. Zatoa kaj nas propajgaat mnogu idei koi odlicno fukcioniraat vo stranstvo.

    Ako sakame kvalitet mora da se plari neli, a nie makedoncite sme nauceni ko onaa "Sakas da se ebis, a da ne ti vlezi"

    Zatoa nitu nekoja seriozna firma bi barala rabotnici na ovoj nacin vo Makedonija, niti pak nekoj bi sakal da raboti so zadovolstvo znaejki deka trudot mu se ceni. Zgora na toa ke se plasi i taa mala suma sto e dali ke ja zeme.

    Zgora na toa sme i osakateni seuste ni paypal imame, tesko i deka ke go imame za skoro vreme.

    Izvinete za latinicava i moznite pecatni greski, od mobilen sum.
     
  8. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Ако ти ја споредуваш Македонија со некоја земја од европска унија, тогаш значи дека не си излегол од државава... Или јас таков впечаток добив
     
    На kon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Немора да значи ако Македонија нема пејпал и не е у европска унија дека не функционира ништо. Исто е и со Србија... немат пејпал, не се у ЕУ ... а сепак дизајн индустријата функционира совршено... дали тоа ке биде веб, графички, моден, или индустриски дизајн.
     
  10. Zeratul

    Zeratul Член

    Зачленет:
    15 Март 2012
    Мислења:
    91
    Допаѓања:
    16
    Професија:
    Интернет Маркетинг и СЕО
    Абе ова е само како пример дадено...

    А и 500 до 1000 денари и не се за фрлање, нарочито ако си средношколец кој сеуште живее со мама и тато.
    Некои од најпознатите писатели, уметници и дизајнери отворено си кажуваат дека првиот чек им бил на 5 долари
     
  11. томче

    томче дизајнерче

    Зачленет:
    8 Септември 2011
    Мислења:
    391
    Допаѓања:
    22
    Професија:
    ништо
    Дечко исфрлете си го од глава тоа македонски менталитет, вакви работи ги има секаде само поголеми држави поголема конкуренција
    И кај нас се цени и плаќа дизајнот
    Пр за еден урнек газдата наплаќа 200% од цената тука е и дизајнот па после колку парчиња нека зема, ако го нема логото векторски плус итн итн а цените што би се рекло амерички и фирмите/поединците купуваат
     
    На kon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Чекај... има и такви луѓе кои не го ценат тоа и си мислат дека само си црткаш, а црткањето е као дарба, ама и дарбата неможеш да ја задржиш без вежбање... е сеа... има и луѓе кои ја ценат оваа работа, само буџетот македонски праве проблем тука, ништо друго :)
     

Сподели: