Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Дали сте зависник од кафе?

Дискусија во форумот 'Кафе Муабет' започната од Аце, 5 Јуни 2012.

  1. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,035
    Допаѓања:
    866
    Дали на форумов имаме зависници од кафе? Колку кафе конзумирате преку ден?
    Јас неможам да си замислам почеток на ден без кафе. Покрај тоа пиењето кафе е зависно, доколку не пијам почнува да се чуствувам како да немам енергија...
     
  2. томче

    томче дизајнерче

    Зачленет:
    8 Септември 2011
    Мислења:
    391
    Допаѓања:
    22
    Професија:
    ништо
    Не сум сретнал информатичар (народски познат компјутерџија) кој не е зависен од кафе
    еве пример мене кафето не ми делува на сон (има луѓе кои неможат да спијат ако пијат касно навечер кафе)

    Минимална дневна доза кафе ми е 3-4 големи филџани нескафе(наутро, на работа 1-2, и навечер пред спиење)
    и едно 3-4-5 филџани турско/експресо со друштво
     
  3. Chuck Norris

    Chuck Norris Активен член

    Зачленет:
    28 Декември 2011
    Мислења:
    250
    Допаѓања:
    33
    Да. Без 3 дневно не сум. Едно ми е секогаш пред спиење, така да тоа дека неможе да се заспие од кафе не делува и кај мене. :D
     
  4. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    Неп ... не пијам кафе ... знам многу дизајнери кои "дремат" по цел ден и цела ноќ на компјутер ама без кафе неможат око да држат отворено ... јас можам да ти држам без спиење до 2-3 дена, до толку се имам тестирано :D Што уопште ти дава кафето па го пиете ? :D
     
  5. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Јас можам без кафе да преживеам, ама обвезно пијам. Обожавател сум.
    Ќе доручкувам(појадувам), и потоа од сабајле кафе на компјутер(го обожавам ритуалов лелеј). Секогаш кога можам вака правам.
    Го пијам благо, не многу јако и топло. Мразам ладно кафе(Губи вкус). Сакам да го пијам лезетски и “натенане“. Мразам кога “го шмркам“ набрзина.
    Пијам секакво, ама оние макијата, капучиња, несови, експреса, некако не ми се вистински кафиња(и несакам да ги пијам), освен турско кое за мене е најдобро. Овие италијанскиве коа сум во друштво(ми личат на какао, а не на кафе) - боена, слатка, топла водичка.
    Ден без кафе не е ден, како да немам цел. Ако немам цел, бескорисен сум. Ако сум бескорисен, депресивен сум. Кога сум депресивен, не ми е убаво. Значи кафе=исполнет ден(не секогаш, ама го гледам денот од позитивната страна, придонесува во одреден процент). :)
     
  6. Dimemk

    Dimemk Активен член

    Зачленет:
    9 Април 2012
    Мислења:
    254
    Допаѓања:
    39
    Професија:
    Бизнис-Информатичар
    Кафе ? Кафе пиев по 4-5 на ден било какво, ми се појавија некои проблеми и ми забранија кафиња и кока коли...од тогаш 1-2 кафиња во 1-2 дена :D
     
  7. talevskiboss

    talevskiboss Активен член

    Зачленет:
    31 Јули 2012
    Мислења:
    341
    Допаѓања:
    172
    Ретко пијам, ретко сум пиел. Не мислам ова да го сменам. Засега се држам понастрана од се шо мислам дека, и ми штети и е без ефект.
     
  8. kiko

    kiko Активен член

    Зачленет:
    3 Мај 2012
    Мислења:
    278
    Допаѓања:
    106
    Пијам ретко, некад еднаш дневно некад ич а некад две у ден...Повеќе го сакам нескафето особено сеа како ми е убаво коа ми е ладно па ќе ме стопли,иначе можам и без кафе...:)
     
  9. IvanGeorgiev

    IvanGeorgiev Нов член

    Зачленет:
    12 Февруари 2013
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    6
    Многу ретко пијам кафе, еднаш - двапати у месецот. Преферирам чај повеќе. :)
     
  10. ivco

    ivco Нов член

    Зачленет:
    8 Февруари 2013
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    3
    Кафето е као за општа култура многу добро. Кафе пијам нередовно , редовно и хонорарно.
    Нередовно - кога сум сам.
    Редовно - кога има кој да ми прави(читај баба ми)
    Хонорарно - кога има кој да части.
     
    На kon, stefan_v и kiko им се допаѓа ова.
  11. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    Олабавете со конзумација на кафе! Ќе направите проблеми со крвотокот, ќе предизвикате аритмии, тахикардии и слични срања.

    Денот почнува добро со лимонада и вежби за истегнување. Евентуално една шолја is no harm. Али читам тука некои пијат по 3-4 дневно. Луѓе, не сте свесни колку може да наштети, земете во предвид дека треба да живеете уште 50 години... каде со тоа темпо ? :)
     
  12. kon

    kon Истакнат член

    Зачленет:
    12 Ноември 2011
    Мислења:
    1,195
    Допаѓања:
    320
    Професија:
    Графички Дизајнер
    + Кафето протерува, т.е. го забрзува метаболизмот. И повеќе какате :D за некои е добро, за некои не тоа :D
     

Сподели: