Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Clickbank/Amazon + Google Alerts метод со кој можете да дојдете до 100$ дневно

Дискусија во форумот 'Clickbank' започната од Seophisticated, 17 Ноември 2011.

  1. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    Едноставен и лесен метод, со сепак како и секој друг принцип си бара активен труд и работа.

    1. Наоѓате продукти од одредена категорија која постојано има голем интерес и продажба. Во овој случај наголем интерес има Weight loss и Make money online секторот, но има и многу други кои имаат добар интерес, конверзии и продукти.

    2. Креирајте одличен review блог со изјави за 3-5 продукти од истата категорија. Најдобро е да биде wordpress платформа. Погрижете се да биде професионално уреден, текстот да биде квалитетен и граматички точен а во истиот случај пожелно е да се користи и малку повисок стил на говор употребувајќи различни термини познати и помалку познати кои припаѓаат на таа категорија. Исто така мора да има бројки, статистики и лични искуства. Најдобро е кога блогот е одлично уреден и изјавите се напишани на висок стил но во нив владее она лично искуство кое ќе ги увери читателите дека навистина сте го користеле продуктот и дека сте задоволни од него. Уверете ги дека сте ги пробале сите продукти од таа категорија и во секој различен review напишете какво е вашето искуство со тој продукт, а за оној кој според вас има најдобро убедлива продажна страна во неговиот review напишете дека сте најзадоволни од истиот и дека сте пресреќни со добиените резултати.
    (Во контекст обавезно да имате Зголемен и обележан текст, Слики, Видео, Докази итн.)
    и на крајот додадете affiliate линкови.

    3. Ќе отворите Google alerts: Google Alerts - Monitor the Web for interesting new content и ќе направите акаунт. А потоа ќе подесите да добивате известувања за: Категоријата која сте ја одбрале, Продуктите кои ги одбравте, останати продукти кои ви се ривали. Ќе подесите да добивате известувања секојдневно.

    4. Проверувајте го Google alerts секојдневно и следете ги содржините кои ви ги наведува.

    5. Ако сте одбрале солидна категорија со одличен интерес и продажба на интернет. Тогаш ќе добивате одличен број известувања. Тие ќе бидат претежно колумни, блогови, постови на форуми и други начини на дискусија околу продуктите кои ги одбравте. Пожелно е да добивате над 90-100 известувања дневно, доколку не сте блиску до оваа бројка, би требало да побарате друга категорија или продукти. Затоа предлагам прво да истражувате малку со google alerts и одредени продукти а потоа да правите блог.

    6. Посетувајте го секој линк кој ќе ви го даде google alerts, ако е нов артикал на блог, коментирајте околу продуктот и препорачајте го вашиот сајт. Доколку е тема на форум (идеално) најдобро е да бидете меѓу првите 5-6 што ќе постираат мислење, постирајте солидно и квалитетно мислење и препорачајте го вашиот сајт и продукти. Бидете и малку критички настроени, советувајте и сл.
    Само така мислењата ќе ви останат на тој форум долго време и многу луѓе ќе ги видат а воедно и ќе го посетат вашиот сајт.

    7. Секогаш одбирајте .com или .org домен. .info и слични домени имаат многу мала конверзибилност и луѓето обично стереотипно избегнуваат да ги посетат.


    - Вие од сево ова ќе добиете инстантен интернет сообраќај на вашиот сајт и веќе после неколку дена ќе можете да забележите продажби и конверзии. Некогаш не иде толку брзо па најубаво е да се работи активно цела недела и потоа да се види резултатот. Некогаш е потребно да се експериментира со неколку видови продукти за да се види кој продукт има најдобра конверзија а воедно мора да се тестираат и reviews-от кои ќе ги постирате на вашиот сајт.

    Друго што ќе добиете се линкови кои водат до вашиот сајт (backlinks) така што вашиот блог полесно ќе се ранкува на резултатите од пребарувачите па вие со тек на време ќе добиете и дополнителен извор на сообраќај = поголема заработка.

    Исто така откако ќе почнете да правите пари вие веќе ќе можете и да платите некого да го прави истово за вас и при крајот на секој ден да ви принесува извештај. Microworkers е одлично место, но бидејќи неможете да му верувате секому добро е и некој близок пријател да го работи тоа за вас а воедно и парите ќе останат во вашиот круг :)

    Колку повеќе работите, толку повеќе ќе заработите. Многу луѓе размислуваат надвор од кутијата и имаат направено различни измени на овој метод додавајќи свои трикови за зголемени продажби.

    Навистина е потребно да се уклучи и мозокот и да се направат анализи и испитувања на сајтот, конверзиите, сликите, видеата и сл.
    Исто така обавезно имајте google analytics на сајтот за да ги следите статистиките.

    Поздрав и се најдобро :)
     
  2. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    Решив да го тестирам малку методов...
    Одбрав продукт на clickbank кој сметам дека има добра конверзија.
    Се логирав на google акаунтот, и отидов на google alerts. Наместив 10 клучни зборови околу продуктот според кој сакам да добивам известувања односно новости на маил.
    По 3 дена добивање податоци, ги отворав сите линкови и секаде каде што можев, оставив солиден коментар со мојот хоплинк кон продуктот. И денес приметив прва продажба за тој продукт.

    [​IMG]

    Поздрав и се надевам дека ова ви е доволно добра мотивација. :)

    P.S. Ако може администратор или модератор да го смени насловот на темава, место Google trends, треба да стои Google Alerts
     
  3. viksamkd

    viksamkd Истакнат член

    Зачленет:
    6 Ноември 2011
    Мислења:
    131
    Допаѓања:
    40
    секој метод е злато ако заеш како да го преправиш малце и да напраиш нешто уникатно во тоа.
     
  4. Nakolce

    Nakolce Активен член

    Зачленет:
    1 Ноември 2011
    Мислења:
    510
    Допаѓања:
    84
    Професија:
    Електротехничар
    Каков домен треба да се откупи за таков блог? Дали да се земе еден .com или може и бесплатен домен? Што неверувам дека би било подобро од .com , .us и сличните на нив
     
  5. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Планирам ова со Adsense, ќе може ли?
     
  6. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,035
    Допаѓања:
    866
    Незнам колку би било добро Clickbank со AdSense затоа што AdSense ќе дава таргетирани реклами па можно е продажбата да се намали...
     
  7. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Не, не. Кликбанк не, него наместо кликбанк, да ставам адсенс.
    Да направам сајт за нешто популарно(да биде посетуван сајтот) со соодветен домејн, и да бапнам адсенс. Дали мислите дека ќе успее?
     
  8. Seophisticated

    Seophisticated Истакнат член

    Зачленет:
    4 Ноември 2011
    Мислења:
    196
    Допаѓања:
    57
    Размислувај надвор од кутијата!

    Одбираш продукт, правиш review блог. Го промовираш блогот преку наведениот принцип, добиваш продажби, а со промоцијата автоматски добиваш и backlink. Со тоа ќе го ранкуваш блогот повисоко на пребарувачите и добиваш поголема посетеност, така што ќе ти се зголеми и бројот на продажбата и ќе можеш да ставиш и адсенс на блогот и да заработуваш дополнително од кликови.

    Немора да прашувате дали може или неможе, ако вас ви звучи логично и реално тогаш секако дека може :)
     
  9. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    2,035
    Допаѓања:
    866
    Имам среден блог со seo име во доменот, ако ви треба за ривју на некој продукт поврзан со маркетинг може да ми пишете ќе објавиме...
     
  10. zozulec

    zozulec Нов член

    Зачленет:
    5 Декември 2012
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    0
    Интересен метод, колку што прочитав и по други форуми уште функционира, планирам да го искомбинирам со неколку други техники па ќе видиме шо ке биде. Само планирам, време за работа никако да се најде...
     
  11. aleksandar4o

    aleksandar4o Активен член

    Зачленет:
    7 Февруари 2012
    Мислења:
    415
    Допаѓања:
    187
    Планирам да го употребам овај метод во иднина.. Треба да купам сајт и да го средам малце прво а потоа со ова. Има време, ќе додадам коментар што ќе се случи тогаш. Супер метод иначе.
     
  12. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Така е, значи каде што имате продукт дали е кликбенк, амазон или некој друг аффилиејт, не ставајте Адсенсе дека ви ги губи кликовите и потенцијалните продажби на продукт додека Адсенсе ке ти даде 0.50$.
     
  13. Depeche

    Depeche Нов член

    Зачленет:
    2 Декември 2013
    Мислења:
    11
    Допаѓања:
    5
    Здраво дечки,

    Го разгледував прикажаниот начин на заработка и имам неколку прашања до вас.
    Јас имам вордпрес страничка, со онлајн шоп темплејт преку кој нудам производи од категорија мода, стил и слично. Зачленета сум на амазон и на cj како афилејт програми. Дали мислите дека со овој метод можам да добијам продажби и апропо на тоа и посети на мојата страна? Пробувам некои методи кои ги читам по форумот, но засега многу слабо и со многу мака....веројатно правам грешки во мојот начин на промоција. Имам и фб страна, на која едвај собрав 1000 лајка со два купони од по 50$. Секако, таргет ми се USA посетители, бидејќи и афилиејт програмите во најголем дел нудат шипинг на производите само во Америка. Сугестија некаква?
     
  14. FilipD

    FilipD Активен член

    Зачленет:
    4 Мај 2013
    Мислења:
    220
    Допаѓања:
    78
    СЕО. :)
     
  15. conArtist

    conArtist Член

    Зачленет:
    1 Февруари 2014
    Мислења:
    68
    Допаѓања:
    37
    Би добила продажби ако го ранкираш сајтот во Топ #3 на Google според одреден keyword, инаку малку потешко. Имаш продадено нешто преку FB страната?
     
  16. Depeche

    Depeche Нов член

    Зачленет:
    2 Декември 2013
    Мислења:
    11
    Допаѓања:
    5
    Не, немам продадено воопшто преку фб ништо. Имам продажби неколку од пинтерест, од директни линкови по блогови и на stumble upon нешто шо сум постирала. Не сум сигурна дали можам да успеам да ранкирам fashion сајт во топ 3, на толку голема конкуренција. Некој туторијал за како да ја ранкирам на повисоко ниво или совет некој? I'm kinda lost, секој ден читам ново нешто, нов начин... ама некако како да тапкам в место.
     
  17. PowerSEO

    PowerSEO Нов член

    Зачленет:
    23 Август 2014
    Мислења:
    16
    Допаѓања:
    14
    Професија:
    SEO
    Штом ти е амазон и Цј афилиате страната тогаш заборави на СЕО. Тоа би ти одзело премногу време и средства а факт е дека неможеш да рангираш страна со продукт над страната од официјалниот продукт или амазон а сите знаеме дека првите 5-7 позиции на Гоогле го земаат целиот трафик и ретко кој оди на 2ра страна за да бара нешто. Тебе ти требаат што е можно повеќе посетители и продажби и спрема мое искуство најголем и најбрз успех би имала со постирајне на коментари по блогови и постови по форуми објаснати како во овај метод. Со тоа ќе си го почнеш и СЕОто за твојот сајт со тоа што ќе оставаш линкови на други сајтови а и воедно си ја зголемуваш можноста да направиш продажба и да земеш некој денар.. Додека го работиш ова би ти предложил да поставиш Force Like опција на страната ( штом веќе си почнала со ФБ страна ) каде што корисниците треба да ти ја лајкнат страната пред да ја видат содржината. Со тоа ќе си ја зголемиш истовремено и фан страната и би можела да ја искористиш во идинина.. За се треба време и стрпение, начини има стварно многу, работата е во тоа да престаниш со читање и да почниш да имплементираш некои од тие начини. Со среќа :)
     
  18. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    Нема врска ова што го збориш. замо ги залажуваш сите наоколу, дури и оној кој сака да проба нешто, му нанесуваш штета, не пробува.

    направи ревју многу подобро од Амазон да видиш како се рангира страна. Битно е едно 60 дена секој ден по едно да постираш, после тоа не ти треба ни линк ни ништо.

    Твоето искуство што мислиш дека е најбрзо е далеку од најдобро со постирање по блогови, постови, форуми... Најбрз и најисплатлив начин е со платен трафик од AdWords. Со твојов совет како почетник ке си го започне крајот на СЕО-то на страната и за многу брзо ке го снема од серп.

    никако не прави Force Like опција пошто тоа е BackHat а исто така е и голем кич, само шупаци прават таква ефтина фора во денешно време.

    И на крај најголемата грешка што ти ја постира овој над мене е да Престанеш да Читаш. Никогаш немој да престанеш да читаш. Немој да имплементираш се што ке прочиташ (се што лета не се јаде) прочитај убаво, истражи па имплементирај, да не ти одат парите и времето за ѓабе.


    пс. Слушај паталец, а не гаталец!
     
    На stefan_v му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PowerSEO

    PowerSEO Нов член

    Зачленет:
    23 Август 2014
    Мислења:
    16
    Допаѓања:
    14
    Професија:
    SEO
    Значи незнзам од кај да почнам со тебе ...

    Како прво да не се пронајде во оваа реченица случајно ?? Така наречен СЕО Гуру со свој сервис што кога некој ќе му се поплачи одма најдува рачки за вадење во Гоогле ?? Работел со кратки артикли па сега долги му требале за рангирање, такви Гоогле сакале... Живи глупости...

    60 дена по 1 review и магично страната скока на 1во место и се рангира ??? Ти си значи братче закон...Незнам зошто Mat Butts те нема сеуште вработено во Гоогле..Просто се чудам.

    Уште еднаш ја докажуваш твојата глупавост... Како прво дали ти воопшто имаш отворено AdWords и знаеш како изгледа ??? Дали знаеш колку воопшто кошта една кампања на AdWords ? Да не спомнувам па за некој почетник што би правел прва кампања,AdWords би го изел за 5 мин а и буџетот би летнал за секунда. И да препорачам AdWords за амазон афилијате страна ?!?! Ти стварно појма немаш од ИМ братче а па за СЕО да не правам муабет..Мануелни коментари со анхор текстови на ниче поврзани страни за нејзините продукти ќе и го уништеле СЕОто на странта .. По по по јас незнам со кој памет луѓево те плајќале за СЕО тебе..

    Значи Горански спрема твојава логика шупаци се и голем % од македонскиве и светските портали што имаат наместено Social Popups со 60 секунди delay time ??? Единствен "шупак" овдека колку што гледам си ти...

    Пошто гледам дека немаш многу мозок за размислување еве да ти разјаснам : тоа што сакав да го кажам е да Преземи Акција не само да чита, а не буквално да престани да ЧИТА. Само морон како тебе може тоа така да го свати ...
    Нормално дека секогаш треб да се учат нови нешта но муабетот ми беше не само да се ЧИТА туку и да се имплементира тоа што се има научено, сепак човек учи од грешките и испробувањето на најразлични методи а нивно подобрување е тоа што некој го прави успешен.

    П.С Не слшајте ни паталец ни гаталец слушајте го Горански ! :)

    П.С2 а гледам сум оставил коментар кај тебе на темата, затоа ти толку нервозен хех..
     
    Последно изменето: 4 Септември 2014
    На aleksandar4o му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Goranski

    Goranski Истакнат член

    Зачленет:
    2 Април 2013
    Мислења:
    961
    Допаѓања:
    652
    очигледно е дека ништо од ова горе не си го тестирал никогаш, да си го тестирал нема да имаш вакви коментари. Така да боље е да си ќутиш одколку да тресеш глупости.

    За твоја лична инфомрација, на секој потрошени 68$ на AdWords добивам нов клиент и имам преку 170% ROI.

    пс. Само морони ставаат ник POWERSEO :) се гледа дека си неиживеано дете WannaBE! Што не стави некој ник Ultimate Power Ninja Of SEO lol...
    Очигледно е дека си тежок почетник во SEO и не си јадел пенал во животот. Слободно продолжи да линкираш како што си тргнал, ке правиме муабет за неколку месеци.

    Не само јас, милиони луѓе во светот кога ке видат таков шугав поп уп за лајк, ја гасат страната во истата секунда, ако имаш супер страна, сам ке си лајкне страната од поставените икони за Social нема потреба некого да тераш со сила. Тоа само слабичи го прават. Единствено нешто што има логика во поп уп е да поставиш Subscribe Form каде што си градиш таргетирана листа која подоцна ке маркетираш со емаил. Ти си големо детле за мене и не ти долукава така да се понашаш со мене, колку што имам јас пари потрошено на AdWords ти толку во целиот твој живот немаш потрошено или видено на интернет.

    ако имаш некои факти ела бујрум излези ке си ги измериме силите и знаењето, а ако мрчиш само со небулозни работи, сам за да се направиш паметен тука, боље ке ти биде прво да се осигураш во тоа што го збориш.

    После 60 квалитетни артикли, секојдневно постирани со по 2500 збора, добар Rich концепт, добро отпимизирани, нема шанса артиклите да не ти се рангираат во топ 10 на Google.


    пс. ако те интересираат информации од AdWords, слободно пиши ми во ПП ке ти извадам репорти на месечна база во последниве 3 години.

    pss. нема врска тоа што си постирал комент кај мене, ако ги провериш мојте коменти ке видиш дека секогаш реплицирам и на секого кога некој мислам дека е во грешка. Дури и на мојте најблиски тука на форумот.
    --- Надополнето, 4 Септември 2014, Дата на објавување: 4 Септември 2014 ---
    [​IMG]
    http://i.imgur.com/Ke8vLlt.jpg

    $43,000 за 4 години. ти сигурно во животот немаш волку пари видено со очи....
     

Сподели: