Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Андроид апликација

Дискусија во форумот 'Купувам' започната од Zerosec, 12 Декември 2015.

  1. Zerosec

    Zerosec Член

    Зачленет:
    3 Февруари 2015
    Мислења:
    66
    Допаѓања:
    20
    Професија:
    CEO
    Најпрво здраво дечки, сакам да се информирам и да слушнам ваши мислења околу андроид апликациите.

    - Потребна ми е андроид апликација, но незнам колку би ме чинела реална цена за да се изработи. Станува збор за апликаицја во која има мени и 3 опции за избор. Кога одиш во првиот избор потребно е да даде 6/7 опции во кои ќе има слика и опис на сликата под неа. Друго доколку податоците се на веб сервер апликацијата не би била поголема од 5 мб, но тука корисникот ќе има потреба од интернет. А доколку податоците се во неа таа би била околу 30 мб, со што ќе има 24/7 пристап до неа. Исто така дизајнот го имам во целост значи знам конкретно што барам. Друго, контактирав со 4 ца. Сите различна цена 100 usd, 130 usd, па 150 usd, и најголеми 250 usd.

    - Заработка преку апликацијата според мои пресметки ќе биде околу 10/20 USD дневно со оглед на тоа дека апликацијата е наменета за USD пазар и од старт првиот ден би требало да има +100 downloads а за 3 дена околу 1000 downloads. Па за крајот на месецот очекувам 10-30k downloads.

    Сега ваши мислења околу цената, и околу начинот на заработка... Дали би бил толкав или нема да биде и се што ви лежи на душата може да кажите... Плус имам план за агресивен маркетинг без да потрошам повеќе од 100 usd...
     
    На bazhee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bazhee

    bazhee Активен член

    Зачленет:
    11 Ноември 2013
    Мислења:
    119
    Допаѓања:
    32
    Прво плати, после клати.. Штом велиш очекуваш голема заработка од апликацијата ти треба нешто што ќе функционира без проблем, багови и се друго.. Така да најди фриленсер што го бива за ова и што има повеќе клиенти. Не оди на фриленс веб страни оти тоа ти е меч со две острици, 90% од случаите се дечки што немаат појма и ќе се учат на твоите проекти... Најди твои колеги што се поискусни и што веќе имаат платено за изработка на апликација и побарај да ти препорачаат App Developer, ќе се најде нешто што сигурно ќе биде по сигурно и по квалитетно од другиве.. :)
     
  3. Zerosec

    Zerosec Член

    Зачленет:
    3 Февруари 2015
    Мислења:
    66
    Допаѓања:
    20
    Професија:
    CEO
    Фала за советот, колеги немам засега во мојата област што се развиени до тој степен или ајде да не речам јас сум водач во таа област. Е сега јас кажав каква треба да биде апликацијата не е апликација со некоја обилна тежина, и според тоа треба да се направи некоја проценка. Моја груба проценка е околу 130-180 USD итоа со веќе исцртан дизајн (30% помалку работа за програмерот). А ова плати, па клати незнам со каква намера го напиша најверојатно позитивна бидејќи јас кога инвестирам очекувам и заработка, минимум резултат приближен до таа сума...
     
  4. Ilishev

    Ilishev VIP

    Зачленет:
    11 Јули 2013
    Мислења:
    393
    Допаѓања:
    238
    Професија:
    SEO Consultant
    Твојата проценка и ценењето на сопствениот труд не е исто :) Али ако си ти сигурен дека дневно ќе вадиш по 20-30$ и 1000$ се исплаќа да платиш!
     
    На bazhee му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Костур

    Костур Активен член

    Зачленет:
    11 Септември 2012
    Мислења:
    248
    Допаѓања:
    77
    За таква инвестиција, понекогаш и одново се плаќа цел проект. Цела ревизија, затоа немој да мислиш дека ќе поминеш само со 100 - 200$.
     

Сподели: