Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

Affiliate програми на македонски компании

Дискусија во форумот 'Affiliate програми' започната од stefan_v, 31 Октомври 2012.

  1. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Има неколку македонски компании со affiliate програми, кои се поприлично задоволителни. Ако знаете некоја друга, повелете - кажете. Засега имам искуство со Affiliate Програмата на Kolektiva(Имам другар, тој е affiliate менаџерот таму, па бев одобрен хмм...одма). :)
    Е сега. Они даваат 10% на целокупната цена на еден производ од афлилиејт. Што значи ова? Ако производот се продаде на колектива за 1000, ти имаш 100 денари.
    Можете да дознаете повеќе на:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    Многу сајтови се affiliates на колектива и прават солидни пари.
    Ако имате популарен македонски сајт а тешко ви оди заработката пробајте со ова.

    Многу јака работа е што не само дозволуваат Facebook промоција, туку и ја препорачуваат.
    Ако имате популарна ФБ страна, можете да си ставате линкови.
    Најдобро иде со лојална женска публика(нормално).
    Еве една таква страна:
    Код:
    Мора да бидете регистриран за да го погледнете линкот.
    Админката :) која ја имала оваа страна разбрав дека си вадела една просечна плата од ова, а кога ќе размислиш па и не е малце од ставање слики и статуси од фустани и некои такви работи. Али понудите од колектива не ги става сите само некои поврзани со тоа.
     
    На talevskiboss му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Аце

    Аце Ordinary guy.

    Зачленет:
    9 Септември 2011
    Мислења:
    1,995
    Допаѓања:
    834
    Да, колектива нуди афилиејт, искрено Македонија не е некоја држава со развиено интернет пазарување па така да и нема нешто многу околу ова. Имам забележано афилиејт на еден македонски сајт за хостинг услуги и тоа е тоа.

    Дозволуваат фејсбук промоција затоа што така би имало некоја продажба, а и мал е пазарот така да нема да има некои многу големи продажби.

    Стефан дали имаш повеќе информации колку има регистрирани во афилиејт? и колку успеале?

    За разлика од кај нас кои сега станаа популарни овие сајтови и изнинкаа еден куп, америчкиот Groupon има драстичен пад на акциите и активноста му опаѓа.
     
    На Sashe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Вака. Тоа може да е за америка. Колектива е прва и има најмногу фанови на Facobook, те е популарна. Неделно има по 30ина понуди.
    И јас бев скептичен дека нема профит, али сега не сум. Иако ги знам финанскиските резултати, што и како, нема да објавам. Само ќе кажам дека има ненормално голем профит.
    Сепак многу од македонците се шопохолици отколку мислиме. Значи навистина има профит.
    Ако он неможе да го најде тоа што му треба "off-line", а притоа истото го има само "online", и тоа на попуст е...ќе го купи без проблем. Друга работа е што сите примаат плата на картичка. Особено женската популација(јбг тоа е) не му ја мисли кога плаќа, и си купува нормално, а притоа добива и попуст и даваат се како што треба и не е зафркната, па после тоа нарачува пак.
    Еве пример никаде по ниедна мобилара не можев да најдам футрола за Alcatel 995, а баш имаше на попуст на колектива.
    Еве ја понудата:
    http://mk.kolektiva.net/skopje/zashtitna-silikonska-futrola-za-alcatel-ot-995-996.html
    44 ја купиле. А кога таа продавница инаку ќе продаде толку за тој специфичен телефон? Каде јас ќе најдам нешто што никаде го нема?
    Тоа се 26 356 денари. 100 евра чисти они имаат само од ова. А неделно има 30 понуди. Еве земаме просек 100 месечно.
    Сега неможам да кажувам понатаму мада навистина има пари.
     
  4. Sashe

    Sashe Нов член

    Зачленет:
    25 Ноември 2012
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво до сите, здраво до Стефан. Groupon скриптата (популарно кажано), ја имаат поставено неколку македонски веб сајтови. Јасно ми е што е тоа Affiliate програма, но сепак ретко кој може да заработи поголеми пари (говорам за во странство), а за кај нас во државава, не сакам да коментирам, ма не зезај 100 евра :). Ако сакаме да се лажеме може и 300 евра со работа од дома и тоа за само 3о минути дневно (како типичните реклами - working home mom).

    Женската популација инаку ретко кога купува Online - кога станува збор за гардероба, прво мора да ја проба - get it?. А и секако дека МУ ЈА МИСЛИ кога плаќа, освен ако не е од калибарот на Kim Kardashian или некоја богата македонска цура. Па и таа богата македонска цура секако дека нема да купи било што и посекако дека ќе сака прво да го проба фустанот и сл. Силиконска футрола за алкател за верзија 995 немало никаде само во колектива, Божеее... Ја нема никаде затоа што најверојатно нема голема побарувачка и секако дека 10 евра не би дал за силиконска футрола на Вас, односно Колектива. Реков Вас бидејќи апла се гледа дека си или вработен во Колектива или одоговорен за промоција на самиот веб сајт.

    Силиконска заштита за алкателот за кој збориш има на овој сајт http://www.ebay.com/itm/Silicone-TP...lePhonesCasesPouches&var=&hash=item6421fa05a4 и цената му е само US $6.76

    Мачкање на очи на потенцијалните клиенти, не и иде во прилог на Колектива. Ок е да се кажат придобивките, но не и да се претерува (без лутење, само кажувам факти, и пред се мое мислење)
     
  5. stefan_v

    stefan_v Ninja

    Зачленет:
    26 Ноември 2011
    Мислења:
    828
    Допаѓања:
    313
    Професија:
    Programmer / Internet Marketer
    Нит сум одговорен нит вработен. Студент сум. Иначе на еден дел од сајтот додавав функции(програмер сум), па имав шанса да разгледам и да дојдам во контакт со таа работа. Изгледа не си многу упатен во овие работи. Колектива е само посредник. Секоја фирма која сака може да биде на колектива. Како eBay(ебеј праи финти?). Дали ќе се купува тоа е друга работа. А со футролата... гледам си го наоѓал најефтиниот листинг на ебеј. А башка додека стигне до македонија... Даноци, царина, шипинг и друго претпоставувам не вклучи? Да не зборам дека се плаќа само со PayPal.
    Има таму и од 10 долари, а во македонија како што и претпоставувате самиот производ е 10, но евра. Ако еден лаптоп во америка е 500 долари, во македонија е 500 евра(приближна пресметка).
    Ах да... Женските не купуваат фустани... но купуваат фитнес третмани. ;)
    Еве една моја теза...или ти не си опфатил се или со вработен во конкуренцијата? Има ли место за сомневање и сомнежи како што имаше ти кон мене?
    Се надевам дека имаш квалитетни аргументи. Се надевам на квалитетна дискусија. :)
     
  6. RicoSoto

    RicoSoto Интернет Маркетер

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    7
    Професија:
    SEO Consultant
    Здраво дечки, во завршна фаза е македонски афилиејт систем типот на Амазон. Во некој од наредните денови ќе биде официјално пуштен. Се работи за афилиејт систем за физички производи. Има интересни функции како пратење на историја на посетители (на корисникот му се прикажуваат производи во зависност од претходното негово пребарување - cookies ), филтри за производи, напредна аналитика, комисијата ќе ја дефинираат трговците но се претпоставува дека ќе е слична како кај амазон, каруселите ќе бидат со стандардни димензии (300x250, 728x90, 250x200, 120x600, 160x600, дополнително и останатите ќе се направат). Сите што имате мак сајтови обидете се, тестирајте. Се читаме за некој ден. Поздрав
     
  7. dorco

    dorco Активен член

    Зачленет:
    26 Јануари 2013
    Мислења:
    356
    Допаѓања:
    117
    добра идеја за лош пазар...
     
  8. RicoSoto

    RicoSoto Интернет Маркетер

    Зачленет:
    18 Април 2012
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    7
    Професија:
    SEO Consultant
    Па тоа ти кога имаш газди што мислат дека ако се газди, го фатиле горниов за ј******а, и не слушаат совети, и за греота ја трошат енергијата на добрите програмери на мак пазарот. Али ајде нека се проба афф во Македонија мада за џабе се пропуштаат убави западњачки пари :D
     
  9. dorco

    dorco Активен член

    Зачленет:
    26 Јануари 2013
    Мислења:
    356
    Допаѓања:
    117
    секогаш велам дека сум се родил во погрешна држава..... тука и да имаш добра идеја, тешко дека ке ти успее.
    Муабетот е дека ние не се "лажеме" да купиме се и сешто макар и да биде 10 денари, за ралика од американцине што би купиле водич за слабеење за 10 долари...
    Различен менталитет.
     
    На kiko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivco

    ivco Нов член

    Зачленет:
    8 Февруари 2013
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    3
    Ako ne ti uspee, znaci idejata ne ti e dobra.
     
  11. dorco

    dorco Активен член

    Зачленет:
    26 Јануари 2013
    Мислења:
    356
    Допаѓања:
    117
    mi drzi mi drzi
     

Сподели: