Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

2.0 blog беклинкови

Дискусија во форумот 'Градење линкови' започната од Spireski93, 11 Декември 2013.

  1. Spireski93

    Spireski93 Нов член

    Зачленет:
    16 Ноември 2013
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    3
    Најдов еден текст кој опишува како би требало да се направи еден 2.0 блог со беклинк кон твојата страна, некои од главните работи се:

    - Скриена IP адреса (може да се користи нешто како HMA или PrivateInternetAccess)
    - 1 посебна е-маил адреса од hotmail/gmail/yahoo/aol/etc.
    - 1 артикал со 450+ збора поврзан со нашиот главен keyword или категорија (пр. "Dog Training")
    - 7 артикли со по 250-350 поврзани со темата на нашиот блог (пр. - "Pets and Animals")
    - 1 текст од 150-250 збора за "about page" страницата.
    - 1 текст од 30-100 збора за profile bio
    - 10-24 слики поврзани со темата
    - 4-8 видеа поврзани со темата
    - 5-10 авторитативни линкови "Authority Links" поврзани со темата
    - 1 профил слика/аватар
    - ОПЦИОНАЛНО: акаунти на социјалните мрежи Twitter/G+/Facebook/etc - ова ќе го зголеми авторитетот на блогот и со самото тоа и јачината на беклинкот.

    Како што може да видиме според овој текст, за креирање на еден квалитетен web 2.0 беклинк се бараат многу работи, време и труд. Па ме интересира кои се вашите искуства? Дали кога правите web 2.0 беклинк ги правите сите овие работи или пак само се регистрирате и го ставате текстот, или пак само некои од овие што се поважни. Дали и така.... и без да се исполнат овие критериуми има некој успех, или пак мора да се посветува толку вниманије на секој web 2.0 блог и беклинк? позз
     
    На Bubo, stefan_v и Ilishev им се допаѓа ова.

Сподели: