Па господа денес ИБиз полни една година од како е активен на овој Македонски интернет простор
. Не ме бива многу за пишување стати па ќе си кажам накратко.
За овие 365 изминати денови можам да кажам дека сум многу задоволен и среќен што ете за форум со малце чудна тема има доста активност и заинтересираност. Искрено ги надмина очекувањата кои ги имавме јас и Томче. Близу 600 теми и 6.300 мислења беа отворени и пишани за 1 година.
За една година сретнавме доста искусни членови кои се бават со интернет маркетинг долго време. Покрај тоа сретнавме и млади ентузијасти кои започнаа со заработка и денес со мал труд си прават солидна сума на пари.
Благодарение на ИБиз некои членови првите заработени пари на интернет ги направија токму со помош на методите кои ги има тука на фоурмот.
Некои пак своите сајтови ги издигнаа на доста високо ниво и сега се рангувани меѓу првите резултати на Google.
Не запираме тука и ќе продолжиме да се движиме напред заедно, затоа што заедно можеме да успееме повеќе.
Една голема благодарност до сите членови на ИБиз!
Се надевам дека и понатака ќе бидете уште повеќе активни како што бевте и до сега.