Прелистувањето на ИБиз како нерегистриран корисник е ограничено на неколку форуми.
Избегнете го ова ограничување со бесплатна регистрација..

[нудам работа] original content writer

Дискусија во форумот 'Услуги' започната од tool, 27 Декември 2017.

  1. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    67
    Допаѓања:
    13
    Работава не е full-time. Не е ни part-time :)

    Ми требаат артикли на рандом периоди. Има месеци кога ми требаат повеќе од 50тина артикли, има месеци кога не ми треба ни еден. Супер е за почетници, студенти, или луѓе со повеќе слободно време кога сакаат да заработат повеќе.
    Не е за фирма. Лично јас водам неколку сајтови и ми требаат луѓе за пишување.

    Претходно искуство не е задолжително.

    Неколку requirements:
    • Одличен Англиски. Ова е најбитното, не мора да знаете ништо за темата за која пишувате, но Англискиот и пишаниот стил мора да ви биде перфектен.
    • Само оригинален контент. Никако rewriting, никако spinning, сѐ што ќе напишете мора да биде оригинално. Значи не е поентата артиклот да помине рандом спининг тест со 100% резултат, туку човек да не може да процени дека артиклот е спинуван од некаде. Претходно сум имал неколку случаи кајшто ми пишувале статии и ги поминувале тестовите со 100% резултат, ама човек може да познае одма дека е спинуван од друго место ако ги спореди.
    • Само long-form content. Повеќето теми шти ќе ви бидат зададени ќе бидат општи и отворени, значи ќе можете да пишувате артикли со повеќе од 1000-2000 зборови. До сега повеќето објавени артикли ми се повеќе од 3000 зборови.
    • Најосновно познавање од on-page SEO. Не мора да имате искуство со on-page SEO, но да изгледаде рандом 2-3 минутно видео на YT за on-page SEO е доволно познавање. Ќе ви биде зададена темата, keywords и неколку guidelines за како да изгледа текстот.

    Темите за кои можете да пишувате се различни. Не мора да имате искуство, претпоставувам доволно е да изгуглате 15тина минути на темата и ќе ви биде доволно за да можете да пишувате. Дел од темите кои ми требале до сега се поврзани со интернет и технологија, мода (облека, саати) и слично.

    Околу исплата:
    • Може да бидете исплатени на Payoneer или во кеш. Не би сакал да работам со македонски банки, но ако мора така не е проблем.
    • Ќе бидете платени по напишан артикл. Цената ја одредувате вие. Треба да ми ја кажете цената пред да почнете со пишување. Направете си estimate од претходно колкав би бил артиклот, колку време ви е потребно итн.

    Контактирајте ме по приватна порака ако има заинтересирани.
     
  2. frozen

    frozen Нов член

    Зачленет:
    14 Јануари 2018
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво
    Гледам објавата е од пред некое време па ме интересира дали важи сеуште или местото е пополнето? Имам дипломирано англиски јазик и книжевност и искуство во пишување на англиски и на македонски јазик. Имам пишувано на теми како социјален живот, технологија, мода, финансии, домашни миленици, туризам... Прочитав дека сами одредуваме цена за 1000 зборови но ме интересира и вашата понуда?
    Однапред благодарам
     
  3. tool

    tool Член

    Зачленет:
    10 Ноември 2011
    Мислења:
    67
    Допаѓања:
    13
    Прати ми примери што си пишувала до сега по ПП
     

Сподели: